Последна прочитана книга и кратка критика

Discussion in 'Литература и уметност' started by LaFille, Jan 31, 2010.

  1. Luciano

    Luciano Истакнат член

    Joined:
    Nov 16, 2012
    Messages:
    265
    Likes Received:
    223
    Шолја чај... Многу убава книга, стварно не замислував таков крај :^) ;) ;)
     
    Ketrin.Moon likes this.
  2. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Joined:
    Jun 30, 2012
    Messages:
    941
    Likes Received:
    6,382
    Gender:
    Female
    Московска сага- А.Д Милер = не беше баш како што очекував, но во секој случај добра книга за лагите и измамите кои му ги прават две млади девојки на адвокат кој доаѓа од Лондон во Москва, Русија.Книгата ми се допадна затоа што беше опишувана Русија, земја која ја обожавам :inlove:
     
  3. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Joined:
    Jul 10, 2010
    Messages:
    1,015
    Likes Received:
    1,186
    Прибежиште - Николас Спаркс
    Уште една од неговите романтични книги но оваа е малку со поинаква содржина, ве остава непредвидливи во текот на читањето. Прекрасна е ја препорачувам.

    Мажи, пари и чоколада - Мена Ван Праг
    Лесно книжуле интересно за девојка која сака да се чувствува среќно и исполнето во животот. Има многу убави цитати и совети.
     
  4. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Joined:
    Jul 12, 2010
    Messages:
    5,277
    Likes Received:
    8,474
    Ќерќата на чуварот на спомените - Ким Едвардс
    Jа препорачувам, многу интересна книга.
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Joined:
    Dec 31, 2009
    Messages:
    14,367
    Likes Received:
    14,831
    [​IMG] :o
    Луѓе мили, јас сум згрозена од она што се случува.
    Знам пред година, може повеќе, ја дискутиравте книгава на форум, ама тогаш не се заинтересирав да ја најдам. Пред некое време ја добив од другарка во ПДФ формат и не можев да дочекам да ја принтам, па ја читав од компјутер.
    Страшно :o
     
  6. TeaB

    TeaB Популарен член

    Joined:
    Aug 11, 2010
    Messages:
    1,868
    Likes Received:
    543
    Последната Војвотка- Ким Габриела
    Опиена од жештината на сонцето и разбранувана од страстите на ренесансната Италија, шеснаесетгодишната Лукреција Медичи гледа пред себе само блескава, безгрижна иднина. Нејзиниот богат иден сопруг ја избрал за животна сопатничка, а неговата велелепна палата во Ферара ќе биде нивното љубовно гнездо. Меѓутоа, реалноста набргу ќе го покаже своето вистинско лице: Алфонсо д'Есте, војводата од Ферара, е опасен и мистериозен исто колку што е убав и мрачен, а камените ѕидови на палатата за Лукреција ќе станат како затворски ѕидови.
    Презадоволна од книгава :)
     
    violetblue and Gordana10 like this.
  7. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Joined:
    Nov 21, 2011
    Messages:
    1,520
    Likes Received:
    3,294
    Gender:
    Female
    Големиот Гетсби- Ф.Скот Фицџерланд
    [​IMG]
    Книгава премногу ми се доипадна. Предобра приказна. Ми се допадна ликот на Ник, најмногу. Дејзи ми беше некако премногу размазена и незнаеше што сака и на моменти ме нервираше. Гетсби како личност ми се допадна, но единствена мана му беше тоа што беше премногу заљубен. Крајот неочекуван, не очекував дека Гетсби ќе умре, а тоа откога умре никој не сакаше да дојде на погреб ми беше целосно сватливо. Авторот со тоа ни покажа дека луѓето се користољубиви и дека се со тебе додека имаат корист, а потоа никаде ги нема.
    Ја препорачувам на сите книгава, ќе ви се допадне.
     
    redheaded likes this.
  8. vampgirl

    vampgirl Истакнат член

    Joined:
    May 29, 2013
    Messages:
    66
    Likes Received:
    10
    Gender:
    Female
    Се што премолчавме - Марк Леви

    Колку добра книга за меѓучовечките односи. Ја препорачувам ако сакате да прочитате една трогателна приказна. Ми потекоа солзи кога го читав писмото на таткото за Џулија. Малку ликови, а голема испреплетеност и инволвираност на сите подеднакво. Кој не би посакал да помине уште неколку дена со починатиот родител, да се прости, да се збогува и да го каже она што му лежи на срце? Само Џулија ја има таа можност, и добро ја користи. Вреди да се прочита и да се збогатите со уште едно искуство повеќе од оваа сфера. :)
     
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    8,774
    Likes Received:
    148,821
    Лето во Тоскана од Елизабет Адлер.

    Ептен лесна романтична приказна со очигледен крај без никакви изненадувања, ама сепак влече да ја прочиташ. Онака, за на плажа или кога на човек му треба растертување од секојдневието.
     
  10. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Joined:
    Feb 20, 2013
    Messages:
    757
    Likes Received:
    456
    Љубов и приврзаност - Ерика Џејмс
    Хариет има 32 години, живее сама во стан и работи.Ненадејно сестрата на Хариет умира и таа останува да се грижи за нејзините две деца Џоел и Кари.Многу убава книга.Малку ме потсетува на Ќерката на мојата најдобра пријателка односно Хариет ме потсетува на Камрин.
     
  11. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Joined:
    Aug 19, 2011
    Messages:
    1,495
    Likes Received:
    4,996
    Gender:
    Female
    „Момо“ - Михаел Енде.

    Бајка роман за девојче кое со помош на желката Касиопеја им во враќа на луѓето украденото време од страна на сивите господа. Приказна на чиј крај авторот повикува на негов сопатник во возот со кој еднаш патувал и му ја раскажал, и од тогаш не го видел повеќе.

    10/10! :*:
     
  12. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Joined:
    Sep 9, 2010
    Messages:
    724
    Likes Received:
    933
    „ Загубениот симбол“- Ден Браун

    Типично за Ден Браун, се навлеков на човекот. Ми се допаѓа начинот на кој ја испробува твојата љубопитност и те тера да сакаш уште да дознаеш, што понатаму, што понатаму, така со секоја глава. И пред да се свестиш си се навлекол. Една од книгите која ми доаѓало во еден здив да ја прочитам. :clap:
     
    Lella and MarcheloGirl like this.
  13. detelinkaaa

    detelinkaaa Истакнат член

    Joined:
    Jul 8, 2013
    Messages:
    25
    Likes Received:
    1
    Препушти се - Сара Десен
    Предобра книга :inlove:
     
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Joined:
    Dec 31, 2009
    Messages:
    14,367
    Likes Received:
    14,831
    [​IMG]Се работи за Дафне Ди Морие, авторката на романот „Ребека“, поточно за нејзината потрага по вистината: дали сестрите Бронте се оригиналните авторки на голем број нивни дела, или нивен вистински автор е всушност нивниот брат Бранвел?
    Паралелно на оваа приказна хронолошки сместена кон крајот на педесеттите, се раскажува уште една приказна која се случува денес. Нараторот на вторава е една девојка која спрема дисертација на тема Истражувањата на Дафне Ди Морие за случајот Бранвел Бронте.
    Кога прочитав резиме за книгава се „попалив“ да ја прочитам... Арно ама мизерниот превод ме уби во поим. Катастрофален. Читаш и ја гледаш конструкцијата на англиската реченица како ти мавта од секоја страница, а од македонскиот дух на текстот нема ни М. Башка тоа, преведувачот ја направил грешката што често ја прават неквалификувани преведувачи од англиски, на секое си ставал запирки. Дури човек да се деконцентрира од толку запирки. Ужас.
    Сигурна сум дека да ја читав во оригинал сто пати поубаво ќе ја доживеев, али тоа е. Толку ми се стемна, што не знам дали, и кога би имала прилика, би се нафатила да ја читам во оригинал.
     
    WarriorAngel likes this.
  15. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Joined:
    Jul 12, 2010
    Messages:
    5,277
    Likes Received:
    8,474
    Ветување-Даниела Стил
    Не знам ни самата што очекував од книгава.
    Како и сите книги на Стил така и ова има среќен крај.
    Лесна, интересна, за неполни два дена се чита.
    За сите оние кои сакаат чик литература им ја препорачувам.



    Мајкл и Ненси се лудо вљубени. Тие имаат сè што им треба. Млади се, полни со живот и во исчекување на заедничка среќна иднина. Ненси веќе се замислува во улогата на негова жена, а Мајкл не може да замисли ни една друга на нејзино место. Но има еден огромен проблем, проблем кој се вика Марион Хилард. Амбициозна жена, која цел свој живот го посветила на работата, за еден ден нејзиниот син Мајкл да застане на чело на угледната фирма. Ненси пораснала во дом за сирачиња, и нејзините надежи дека мајката на Мајкл ќе ја прифати како своја ќерка и дека конечно ќе има свое семејство се сосема оправдани. Но тоа не се случува. Марион никогаш не би одобрила нејзиниот син да заврши со девојка која не е од нивната класа.
    На денот кога Мајкл ќе реши да ѝ се спротивстави на мајка си и да се венча со Ненси, се случува голема несреќа. Мајкл е во кома, лицето на Ненси е врзано во завои, а нејзината надворешна убавина е целосно уништена. Марион има понуда за неа. Доколку замине во Калифорнија и вети дека никогаш нема да го побара Мајкл, таа ќе ѝ овозможи трансформација на нејзиното лице кај еден од ретките доктори кој може да поправи таква штета, како и стан и плаќање на сите животни трошоци додека трае лекувањето. Во спротивно Ненси ќе биде принудена да го живее остатокот од својот живот изгледајќи како чудовиште од кое ќе се плашат децата на улица.
     
  16. ocila

    ocila Истакнат член

    Joined:
    Apr 20, 2012
    Messages:
    5,513
    Likes Received:
    1,901
    Освојувачот-Кон Игулден
    Книгава ја земав по препорака на библотекарката.Таа знае што сакам да читам ими ја препорача.Првите страници не ми се допадна но затоа некаде накај средината се изненадив.
    Убава книга од некаде 620 страни која ја прочитав за 5 дена.
    Книгава испадна подобра од што ја очекував.
     
  17. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    4,264
    Likes Received:
    44,090
    Скршена жена - Симон Де Бовоар

    Куса новела во вид на дневник, ја опишува сагата и тагата на Моник, изневерена жена од својот маж, поствоен медицинар. Интересно видување за бракот, неверството и банализацијата на емоциите откако човекот се предава на институционализирање на Љубовта.

    Препорачувам.
     
  18. ocila

    ocila Истакнат член

    Joined:
    Apr 20, 2012
    Messages:
    5,513
    Likes Received:
    1,901
    Кринот од Нил
    Книгава е за ќерката на клеопатра.Добра книги .Ја земав затоа што прочитав дека е за ќерката на Клеопатра. Излезе дека е добра книга.
     
  19. joelle

    joelle Популарен член

    Joined:
    Aug 25, 2010
    Messages:
    1,117
    Likes Received:
    2,368
    НЕВЕСТА ВО БОРЏИИ

    искрено очекував многу повеќе бидејќи беше наведено како историски роман се надевав дека ќе се долови животот во тој период како и животот и политиката на папството но наместо тоа читав само за секс, за инцести, превари и пак секс. сето тоа завиткано во целофан хартија. просечен роман не ми остави впечаток ништо посебно.


    АКТЕРОТ- бев малку скептична кога почнав да читам но морам да признаам дека ме изненади позитивно. посебно се радував што знаев многу малку за ристо шишков и неговиот живот и благодарејќи на книгава дознав доста работи. се потврдија уште еднаш моите сомнежи за животот во онаа комунистичка македонија и драго ми е што не сум била дел од неа. Прекрасна кратка приказна доловена на интересен начин. Ја препорачувам на сите, не е големо и посебно книжевно дело но вреди да се прочита и дознае приказната на Вампирот. :)
     
  20. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Joined:
    Feb 20, 2013
    Messages:
    757
    Likes Received:
    456
    Заштитникот - Николас Спаркс
    Преубава книга.Имам многу книги прочитано од Спаркс и досега не ме разочарал.