1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    Жената на патникот низ времето,голема книга на моменти досадно навлегува до ситници но на крајот станува јасно без сето тоа не ќе може да се долови големината на љубовта на 2та лика и на што се се спремни за да ја одржат да трае и вроди со плод,сигурно повеќето филмот го гледале,јас не и книгата иако додека ја читам мислев дека е досадна сепак пријатно ме изненади.
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  2. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    "Дебитантка" Даниела Стил

    Што знам...не ми остави некој посебен впечаток.
    Ништо посебно да не речам...Онака за тепање на досадата во ред е.
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Подарок - Марјан Стојановски пардон Даниела Стил

    Се рамнат со глупостите содржани во нив. :D
    Како животите на двајца 16 годишни тинејџери им се испреплетуваат, таа останува бремена од прв пат, нејзините ја отфрлаат, и дечко на кого малата сестричка му починува од менингитис.
    Може на некој тинејџер ќе му биде романтична приказнава, мене убер досадна и бљантава. Страшно глупа книга, можеби најглупата што ми легнала во раце. :D
     
  4. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Декамерон од Бокачо ;)
    Седум девојки и тројца младичи бегаат од градот заразен со чума на еден имот во блиската околина.За да го скратат времето,одлучиле да раскажуваат приказни и тоа така што секој од нив во одреден ден да биде крал или кралица кој ќе ја одредува темата на приказните,а секој во тој ден да раскажува приказна на зададената тема...
    Необични ликови,појава на две поенти кои се меѓусебно спротивни шо можат да те наведат во размислување и вреднување на темите за кои зборуваат овие новели во Декамерон...
    Сега ќе ја земам или Кандид од Волтер или Гуливеровите патувања од Џонатан Свифт(да читнам уште некој лектира +) :lol:
    а потака и Последната песна од Николас Спаркс ќе ја читнам 8)
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Роза за балерината - Лурлин МекДениел
    Добра книга, а воедно и првата моја прочитана книга со тажна содржина и тажен крај. Книгата се чита во еден здив. За 4 часа цела книга ја прочитав. И на крајта ме ;(
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Вчера ја дочитав „Да се сака повторно“ - Даниела Стил, малку беше се набрзина уште до пола не стигнав и веќе се случи перипетија, и јас баш сакам романи со трагичен крај што и не е баш стил на Даниела, ама ок беше не ме воодушеви многу, ама сепак ја сакам авторката заради нејзиниот „Прстен“. :$ 8)
     
  7. beticka

    beticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    22
    Стиг Ларсон -серија Милениум -трилогија Девојката со тетоважа на змеј , Девојката што си играше со оган и Девојката што го урна осилото. Прекрасни криминалистички романи што вреди да се прочитаат-ви ги препорачувам.
     
  8. ana.n18

    ana.n18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    56
    Јас те сакам повеќе - Лиса Гарднер. Ја препорачувам на оние кои сакаат трилери :) Неизвесност и напнатост до крај
     
  9. Flossy

    Flossy Активен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Сенка на ветрот
    Ако некој не ја прочитал му ја препорачувам затоа што е една од неколкуте книги што ме остави без здив додека ја читав. :*
     
  10. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Последни книги кои ги прочитав се Ќерката на чуварот на спомените - Ким Едварс и Љубовта трае три години - Фредрик Бегбеде
    Ни двете книги не ми оставија некој голем впечаток. Во Ќерката на чуварот на спомените во книгата премногу се овиличува добра кнога е но има претерани описи и за една случка за да ја опише може има 5/6 страни :emo: ја прочитав цела ајде си викам да не ја оставам на пола.
    Втората книга Љубовта трае три години повеќе ми се допадна, интересна е до некаде посебно крајот кога ја прочитав всушност сфатив дека сепак е ок книга, но одлична не би рекла :!: ни за двете книги
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Ти не знаеш да сакаш - Сузан Елизабет Филипс
    [​IMG]

    Теди Мендо :* ме опреми со чик-лит книгички за овој шугав летен период кога не ми се вклучува мозокот премногу и и` благодарам за тоа. ;)

    Ова е лесно, интересно љубовно романче кое се чита во еден здив, и покрај големината од солидни 365 страници.
    Приказната започнува со договорениот брак помеѓу малата разгалена богаташка Дејзи Девру со целосен странец по име Александар Марков, за кого не знае апсолутно ништо.
    Договорениот брак ќе ги однесе на најневеројатната локација и ќе ги смени обајцата...

    Стилот е лесен и едноставен, приказната е полушаблонска, тече глатко и очекувано, токму како што треба да тече едно вакво женско романче.
    Ликовите се допадливи, има делови од приказната што се малку неверојатни и смешни, но добро.

    Интересно во овие книгички е што машкиот лик е секогаш груб, мистериозен, моќен, совршен странец и надарен љубовник. :D
    Па каде се таквите во вистинскиот живот мајке му? :D

    Лесно книгиче за да се опушти мозокот на пасење.
     
    На Libera, teddybear, Belieberka666 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Прстен-Даниела Стил, книгата е убава би ви ја препорачала да ја прочитате :)
     
  13. Belieberka666

    Belieberka666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Вистинско семејство - Тони Парсонс
    ''Родителите ти ја уништуваат првата половина од животот, а децата втората.''
    Зборови изговорени од несовесна жена.. жена која не ни заслужува да биде мајка.
    Кети, Џесика и Меган се сестри кои што никогаш во животот не ја почувствувале мајчината љубов...а очајнички го посакувале тоа додека биле мали...
    Но по 20 години тие веке се возрасни жени со свои кариери и ставови.
    Кети е управничка на еден ресторан.
    Џесика е семејна жена која што очајнички се обидува да добие дете.
    Меган е млада лекарка која што несакајки забременува.
    А, најдоброто од се е што овие три млади жени израснуваат и се претвараат во личности сосема спротивни од нивната мајка.
    Прекрасна книга, преполна со емоции. Ја прочитав во еден здив. Препорачувам. :)
     
  14. S.anDre

    S.anDre Активен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    „Што би правел јас без тебе, Луси Браун?“ рече и ме бакна нежно. Го држев неговото лице како да е од стакло и го бакнав и јас. Имав чувство дека животот не може да биде посовршен од ова. И бев во право, немаше да биде. До крајот на следниот ден, ќе бидам мртва...
    Се смеев и плачев, речиси истовремено. Она што најмногу ми се допадна иако не сакам нереални елементи во приказните е тоа што оваа приказна е уникатна како ниедна друга.
    ***РАЈОТ МОЖЕ ДА ПОЧЕКА, НО МОЖЕ ЛИ ТОЈ?***-Кели Тејлор
    http://mojportal.mk/uploads/article_languages/rajot-moze-da-poceka.jpeg
     
    На ana.n18 и Butterfly14 им се допаѓа ова.
  15. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Паднати Ангели- Нора Робертс
    [​IMG]
    Кога зедов вечерва да ја читам имав стасано само до 40стр. и мислев да прочитам барем уште 10 и да си легнам. Ама луѓе неможев да ја оставам книгава недочитана, ме копкаше како ќе заврши.
    Многу интересна книга. Мистерија, страст, неверување сето ова споено во едно. Ми се допадна заплетот, а и крајот. Иако јас на пола книга имав еден осомничен и на крајот навистина излезе дека е тој и моментално се чувствувам како Шерлок :lol:
    Шегата на страна, предобра е книгава, премногу ми се допадна романсата помеѓу Рис и Броди. Толку различни, а сепак толку слични. Исто така ми се допадна ликот на Џоени.
    Прочитајте ја книгава, ептен е добра.
     
    На LilBaby и Daydream им се допаѓа ова.
  16. jEwElRy

    jEwElRy Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    244
    Книгата е прекрасна!! :inlove: Малку е фантастична, повеќето заплети веднаш се разрешуваат, :!: но писателката оваа книга ја има напишано на 13 годишна возраст и мислам дека е прекрасна!!

    Кратка содржина =>http://interesniknigi.blogspot.com/2011/02/blog-post.html
     

    Прикачени фајлови:

  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Не знам, значи не знам кој ѓавол ме натера да ја слушам мајка ми и да тргнам по нејзините непребол-романтики. :D
    Секое добро, ама женава премногу ги обожава овие благоромантични книги, чии (среќни) краеви секогаш ја воспеваат големата љубов и што ти уште знам.
    Станува збор за „Ранетиот орел“ од прочуената Мир-Јам.
    Мислам, не дека очекував којзнае што, ама тие 600 страници можев да ги „лапнам“ од некоја друга доста поинтересна книшка, вака ми е само изгубено време.
    Како и да е, лесна книга, онака баш за на плажа со ладно фрапе во рака и си читате велелепни романтични прерипетии додека се пржите на сонце. :lol:
    Типично за Мир-Јам, главната улога (Анѓелка) е центар-пажња, најубава е, има одлично работно место и сите ја сакаат, сите паѓаат на нејзиниот шарм итн. итн. ... жива глупост според мене, воопшто не ми се допаѓаат ваквите книги. Не е ова коментар од типот дека постојано читам дела од Достоевски и Булгаков, па ова да ми е нешто под нивото, далеку од тоа - понекогаш навистина сакам да си ја одморам главата од резонирања, метафори и оксиморони, ама ова дефинитивно не е книга која би ми го овозможила тоа.
    Не знам, едноставно не ме трогна големата љубов помеѓу Ненад и Анѓелка, ама топло им ја препорачувам на оние кои пекаат по некоја таква книга. :)
     
  18. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Мојата најнајомилена книга од омилените. Ја обожавам, немам зборови. Јас ја прочитав за два дена. Мислам дека книгава од првата страна се лепи за тебе и не те пушта. Препорачувам секој ама баш секој да ја прочита. Страшно е колку те држи во неизвесност, мислиш ќе заборавиш и да дишиш. Јас бев цело време со широко отворени очи и одвај чекав да го прочитам секој нареден ред за да видам што следно ќе се случи. Полна е со изненадувања. Буквално ќе се посомневаш на се и сешто во книгата. :) :)

    Инаку последна книга која ја прочитав беше Кокаински ноќи - Џејмс Греам Балард. Имам напишано и во една друга тема дека книгата е благо кажано лоша. Не би ја читала по втор пат дефинитивно и не ја препорачувам. Сакам книга што ќе ме држи будна до сабајле и нема да ми даде да ја оставам. А оваа не е дефинитивно таква. Никаква имагинација нема, никаква креативност. Плус на крај никако не завршува. Дури криво ми е за времето што го изгубив читајќи ја. :tmi:
     
    На Vikica.cuci му/ѝ се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Фатални желби - Бруклин Хадсон
    Книгава...
    Прво, не можев да ја оставам. Морав, ама морав да видам што и како ќе се случи. Приказната е бесмислена. Ама до толку бесмислена што те вовлекува низ страниците и целосно се препушташ и уживаш во таа бесмисленост.
    Мене ми се допадна, топло ја препорачувам на оние што сакаат невообичаени приказни со натприродни елементи и кои можат да се препуштат на имагинацијата и да пловат низ приказната без да се фаќаат за логиката. :)
     
  20. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    И мене оваа ми е последна прочитана...Реин во право си за тоа дека те тера да ја читаш и да ги вртиш страниците, но најмногу си во право за ова последното...Иако морам да кажам дека ми се допадна, а јас сум од тие што се фаќаат за логиката и обично не ми се допаѓаат ваквите книги, но оваа е добра и страниците сами се вртат. Така да можам да им ја препорачам и на оние кои не сакаат бесмислени приказни.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.