Последна прочитана книга и кратка критика

Discussion in 'Литература и уметност' started by LaFille, Jan 31, 2010.

  1. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Joined:
    Jun 10, 2011
    Messages:
    833
    Likes Received:
    5,566
    Јас си бев на одмор и си прочитав 3 книги за 10 дена после кратка пауза. :D
    Идемо.

    Стапица за глувци-Агата Кристи
    Не беше лоша.
    Можеби оти беше напишана во драмски вид и целиот расплет не беше драматичен каков што заслужуваше,ама да,крајот е непредвидлив и интересен.
    7/10

    Голото Лице-Сидни Шелдон
    Стварно добар трилер. Можеби беше многу очекувано убиецот да биде тој што испадна,ама мене ми се допадна темата и идеата воопшто,и идеата.
    Ама неќев Карол да умре! :(
    7/10

    Ангел на темнината-Сидни Шелдон и Тили Бегшо
    Е ова ептен ми се допадна.
    Самото изоблиство на гламур и таквиот спектакуларен расплет...уф.
    Ама сепак имаше многу нејасни делови и некои пропусти...
    8/10
     
  2. joelle

    joelle Популарен член

    Joined:
    Aug 25, 2010
    Messages:
    1,117
    Likes Received:
    2,368
    конечно после долги маки и напори ја завршив Играта на Ангелот од ЗАФОН.

    Писталов беше фален фален фален до немај каде па очекував многу.

    искрено книгата воопшто не ми се допадна ако треба да зборувам во целина. Она што ми се допадна е сепак нарацијата -стилот на изразување (за разлика на пример од сиромашното изразување на гијом мисо) но приказната беше убитачна. Ништо ново ниту пак оригинално, веќе видено во неколку стари класици, направено како замачкана торта. сакам кажам незнам речам.

    после ова незнам дали ќе се нафатам да читам нешто друго од него ако сите книги му се во овој стил.
     
  3. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Joined:
    Jul 22, 2012
    Messages:
    968
    Likes Received:
    4,036
    Gender:
    Female
    После долго време ја прочитав Мемоарите на една гејша. Книгата е одлична 10-че од мене 8)
    Да немав толку обавези во последно време ќе ја прочитав за 2 дена.
    Посебно ми се допадна колку убаво е раскажано описот да се стане гејша и дека ни малку не е лесно.
    :up:
     
  4. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Joined:
    May 11, 2011
    Messages:
    3,458
    Likes Received:
    7,886
    Прашање на избор - Нора Робертс


    Тазе исчитана. Нора е мајстор за трилер романчиња зачинети со страст меѓу жената која претежно е главниот лик, и мажјакот кој и го превртува светот наопаку.
    Девојката држи антикварница, но нејзиниот вујко праќа поручник затоа што дознава дека преку нејзината продавница се врши криумчарење. И нормално љубав и страст се догаџа. :D
     
  5. savana

    savana Популарен член

    Joined:
    Aug 18, 2010
    Messages:
    1,770
    Likes Received:
    9,567
    Gender:
    Female
    Страници за нашата љубов - Николас Спаркс
    Ми се допадна книгава, убава љубовна приказна.. Не сакам многу да читам книги со тажна содржина, но ете оваа книга ми остави силен впечаток. Само што некако крајот не ми се допадна или јас добро не го сфатив .
    Двајцата починаа или последните денови од својот живот ги поминаа заедно во домот ( болницата) :?: Изгледа ќе треба уште еднаш да ги пролистам последните страници :)
     
  6. EleonoraLovato

    EleonoraLovato Истакнат член

    Joined:
    Dec 26, 2012
    Messages:
    683
    Likes Received:
    676
    Резервен живот од Лидија Димковска.Случајно почнав да ја читам и 300 страни за 2 дена ги прочитав,убава книга е, се работи за две близначки со споени глави, како ги исмејуваат како мали,подоцна кога ќе пораснат ќе направат операција и едната од нив ќе умре.
     
  7. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Joined:
    Mar 16, 2012
    Messages:
    1,840
    Likes Received:
    5,198
    Gender:
    Female
    Оф топик, од каде ти е? :)
     
  8. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Joined:
    Jun 25, 2011
    Messages:
    394
    Likes Received:
    492
    [​IMG]
    Снежниот Цвет и Тајното Ладало :D ако го преведиме на наше
    Филмот го гледав пред некоја година и многу ми се допадна, па решив да ја порачам книгата и да ја прочитам.Ја читав на англиски, бидејќи книгите пишувани на англиски ми го доловуваат ефектот повеќе отколку преведени на било кој друг јазик. Книгата е неверојатна! Ми се допадна повеќе од филмот(како и секогаш), но и самиот филм нема некој голем промашај во содржината.
    Оцена 9,5/10 :inlove:
     
  9. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Joined:
    Feb 23, 2013
    Messages:
    4,495
    Likes Received:
    34,391
    Gender:
    Female
    Тартиф од Молиер
    книга шо претставува филозофија на лицемерието и негативното дејство врз човечките стремежи за морал и чесност.Со оваа книга се осудува лековерието и неодговорноста...А ликот Тартиф е синоним на измамник.Секоја негова постапка на побожност,скромност и милосрдие,се добро промислен чекор на дволичникот.Тартиф е превртливец иии ја сфатив книгата за шо се работи така кон средината иако на почетокот не сфаќав за шо се работи...Ко за лектира в средно арна е,а за оценка ете од 1 до 5 давам 4 ;)
    Следна книга за читање-Последната песна од Николас Спаркс :$
     
    Gordana10 likes this.
  10. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Joined:
    Jul 10, 2010
    Messages:
    1,015
    Likes Received:
    1,186
    Сто празни страници - Сирил Масарото
    Лесно книга читлива, поуката што ја извлеков е дека не треба да се враќаме назад туку да гледаме кон иднината. Младо момче кое добива наследство од својот дедо, меѓутоа ништо друго туку еден нотес кој и не е така обичен. Младичот ја открива тајната со нотесот што ќе му го измени неговио живот.

    Вие што ја имате прочитано само смеете да отворите! :) некој да ми одговори
    Не разбрав на крајот иако го препрочитав дали ја спаси Клариса или умре? Ме интересира
     
  11. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Joined:
    Jan 21, 2011
    Messages:
    1,651
    Likes Received:
    5,421
    Аманда Квик - Измама
    [​IMG]
    Ја читав на српски и е баш женска литература за ладење на одмор. Случајно ја најдов дома и искрено не зажалив. Ако се тргне настрана делот очигледна романса (на сите ни треба) фино книгиче. Интересна приказна, па дури и модерни пирати имаше, се пронајдов на море. :D

    Кристина Лопез Бариоз - Куќа на невозможни љубови
    [​IMG]
    И оваа на српски. Препрепрепредобра. Одлична приказна, предобри описи. Ми се допадна делот што иако не е којзнае колку голема, (околу 300 страни) има голем број на ликови и сите се темелно обработени и дефинирани. Навистина една од подобрите книги што ги имам прочитано иако делува како лесно четиво.

    Craig Ferguson - American on purpose
    [​IMG]
    Другарка ми ме зарази со човеков, и иако имам изгледано само неколку негови емисии ме натера да му ја прочитам и книгата. Автобиографија, целосна приказна за живот на поранешен алкохоличар. Предобро се изразува, буквално те транспортира во неговиот свет. И морам да споделам цитат: Failure is not a disgrace. It’s just a pitch that you missed, and you’d better get ready for the next one...
     
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Joined:
    Aug 1, 2010
    Messages:
    7,253
    Likes Received:
    47,057
    Gender:
    Female
    Трилогијата Игрите на гладните-Сузан Колинс и ми се допадна ептен, далеку подобри се книгите од филмот, мада мене и филмот ми беше океј, сега со душа го чекам продолжението.Книгите и филмот не се за сите, ама мене некако ми беа релаксирачки поради големото количество на фантазија.

    Пред да заспијам-Стивен Вотсон која не би ја препорачала никому, толку развлечена и досадна приказна, не знам како само ја погодив.

    Трилогијата 1Q84, по втор пат, ама едноставно морав повторно да ги прочитам.Секако одлични се и сите кои ги немаат прочитано, да ги прочитаат!
     
  13. misperfekt

    misperfekt Истакнат член

    Joined:
    Jan 13, 2013
    Messages:
    79
    Likes Received:
    31
    Мир-јам Ранетиот Орел и ми се допадна, не дека ми го растресе светот ама убава книгичка
     
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Joined:
    Dec 28, 2009
    Messages:
    5,941
    Likes Received:
    27,617
    Овие 3 книгички ги прочитав за 5 денови и ќе ги коментирам во пакет:
    1. Едно лето во Италија - Луси Гордон
    2. Сопругата на Италијанскиот богаташ - Хелен Брукс
    3. Италијанска авантура - Кетрин Џорџ

    ---------------------------------------------------------
    Иако се од различни автори, ги стокмиле во групата „Италијанска привлечност“, па мислев дека убаво ќе ми легнат вакви лежерни книгички на плажа.
    Се читаат веднаш, со неверојатна брзина, стилот е едноставен и разбирлив, приказната тече глатко, сите жени се Британки, сите се невини и пекаат да ги спаси некој силен, моќен мажјак и сите завршуваат во прегратката на Италијанец или низ улиците и пределите на оваа прекрасна земја.
    Описите на објектите и местата се можеби најинтересни, а жените се прилично антипатични во сите 3 книги.
    Првата на пример има таква нереална и неверојатна приказна, забегува накај шпанска серија. Читаш и се смееш и се прашуваш - како е можно да е бест селер и авторката да заработува пари од таков шунд и неинвентивност?
    Втората е троа попристојна, и одбрале реален и приземјен лик, која не е заносна и долгонога манекенка која трепка, туку буцка која ќе ќари ептен добар младич (богат се подразбира, нели, да не потенцирам) :D . Ако девојката е реална со релни проблеми и недоумици, приказната е двојно понереална.
    Третата ми скина нерви, иако започна најветувачки. Мажот (како што и се сомневав) испадна посесивен и тајно љубоморен контрол фрик, кој сака жената да е зависна од него во секоја смисла, а оваа имаше бајаги глупи ишјуз кои овој и ги реши, нормално. Принц на магаре, нема што.

    И така, овие книгички доаѓаат како оние викенд романчиња што се продаваа ако ви текнува порано, не знам дали ги има уште. Сите со сладникав хепи енд, сите со дама во неволја и прекрасен и богат маж да си спаси. Бог да чува, наместо да ме опуштат, мене ме напнаа.
    Ама бар се изнасмеав. :D

    4. Марина - Карлос Руиз Зафон
    Оваа ја прочитав 2 пати едно по друго. Приказната се впива како сунѓер, стилот за мене е ненадминлив, богата нарација, интересна и заплеткана, по малку морбидна приказна. Прекрасни главни ликови, убаво разработени, преубаво чувство провејува додека читаш одредени делови, целосно те вовлекува во приказната, да се занесе човек. И студено и топло ти е на душичката додека читаш, а на крајот се расплакав.
    Малку тинејџерска, но добра книга, задоволна сум.

    5. Понижени и навредени - Достоевски
    Сите се понижени и сите се навредени. Во типичен Достоевски стил, со говор кој потсетува на далечно време, со приказна која вмешува љубов, предавство, сталежи, богатство и сиромаштија на едно место.
    Ликот на Аљоша долго ќе ми остане во меморијата како убер наивен и глупичок младич, кој сакаш да го погалиш по главата кога и да тресне нешто со ентузијазам, а на Наташа сакаш да и мавнеш 2 шамари постојано. На мајка и` - 3 шамари.
    Главниот наратор е прекрасен човек и многу ме потсети на еден мој другар.

    Целата игра на расипан телефон помеѓу двете кокошки - мајката и ќерката ме извади од такт и добрината и искористувањето, како и целосната пожртвуваност и преданост на главниот лик кон другиве идиоти не можев да ја сфатам низ целото четиво.
    Убава книга.
     
    Neytiri likes this.
  15. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Joined:
    Feb 23, 2013
    Messages:
    4,495
    Likes Received:
    34,391
    Gender:
    Female
    Смртта на Иван Илич-Лав Н.Толстој
    Оваа книга е едно од врвните дела од доцната фаза на Толстој.Во него,Толстој преку сопствената филозофија на човекољубието,се пресметува со лажниот живот на луѓето од својот круг.Но,тој на својот јунак можноста да ја спознае вистината му ја дава дури во моментот на смртта.Алфа и омега на целото грандиозно дело на Толстој,неговото завештание до кое стигнал и преку своето лично искуство.
    Ете толку имам да кажам накратко за книгата ;)
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Joined:
    Dec 31, 2009
    Messages:
    14,369
    Likes Received:
    14,828
    [​IMG] Ја дочитав.
    И сакам да и‘ кажам на Мишела дека била во право и дека навистина го сменив оној почетен став за книгава.
    Ми се допадна, симполиката, испреплетеноста на два лика, еден Мозаичник и еден Јан Лудвик... браво Венко :clap: :clap: :clap: :clap:
     
    Mishela likes this.
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Joined:
    Jul 8, 2011
    Messages:
    5,779
    Likes Received:
    22,426
    Gender:
    Female
    Уличниот адвокат- Џон Гришам

    [​IMG]
    Книгава се чита максимум за 3-4 дена иаку не е малечка(370 страни) и ја препорачувам на секој правник, па и за останатите.
    Стилот му е едноставен, нема комплицирани реченици и непотребни и долги описи, едноставно занесува и понесува не можеш да ја оставиш. Се работи за еден угледен адвокат по име Мајкл, кој една потресна случка ќе му го раздрма животот и отвори очите дека има големи проблеми во неговиот живот, брак и без разлика на богатството кое тој го заработува е преосамен и сиромашен човек.
    Да не ја раскажувам понаката зашто ќе кажам и премногу.
    Изобилува со доста мудри реченици и поуки, многу нешто што може да се научи без разлика дали сте во тој свет на правото.
    Дефинитивно препорачувам, и следна од него ја земам Повикот затоа што ми рекоа дека била уште подобра.
     
    Neytiri and Vikica.cuci like this.
  18. LexyCw

    LexyCw Истакнат член

    Joined:
    Feb 3, 2011
    Messages:
    60
    Likes Received:
    7
    Господар на играта- Сидни Шелдон
    Околу 380 страни за 3-4 дена ги прочитав. Значи книгата не можете да ја оставите. Преку сеќавањата на 90-годишната Кејт се внесуваме и сочувствуваме со судбините на нејзините родители, деца, внуки итн. Секој лик-приказна за себе.
    Сепак, големо :clap: за упорноста на ликовите, која ме инспирира и мотивира до коска!
     
  19. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Joined:
    Nov 21, 2011
    Messages:
    1,520
    Likes Received:
    3,294
    Gender:
    Female
    "Шепнувачот"- Донато Каризи
    [​IMG]
    Предобра книга. Доста збунувачка, малку тешка за читање, ама сепак ептен ми се допадна книгава. Една од подобрите книги со мистерија кои ги имам читано. Крајот ме изненади.
    Се работи за убиство на 6 девојчиња на кои им се најдени само дланките. Понатаму детективите се обидуваат да го најдат убиецот кој нема оставено никакви траги.
    Ја препорачувам на сите љубители на мистерија, ќе ви се допадне.
     
    Hipster likes this.
  20. Agrona

    Agrona Популарен член

    Joined:
    Dec 21, 2012
    Messages:
    1,240
    Likes Received:
    1,713
    Gender:
    Female
    Ти не знаеш да сакаш - Сузан Елизабет Филипс
    [​IMG]
    Преубава книга. Ме остави цела вечер будна. Додека ја читав го впивав секое можно зборче како мене да ми се случува тоа во книгата. Лимонатка книга чик литература омилени ми се мене тие книги.
    Станува збор за договорен брак во 21 век. Дејзи е девојката во книгата која е размазена. Живеела со мајка е која била бивша манекенка и премногу ја размазила. Но, не е така се како што изгледа. Додека Алекс е тмурен здрвен русин кој нема намера да изиграва вљубен младоженец. Алекс Марков и Дејзи Девру се два различни света, црно и бело, топло и ладно, добро и лошо. Да не ви откривам понатаму прекрасна книга навистина. Ви ја препорачувам да ја прочитате. Тие што сакаат ваква литература верувам дека премногу ќе им се допадне.