1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.604
    Пол:
    Женски
    Ангелски повик - Гијом Мисо

    Целосно доследен на својот стил,барем мене ми беше многу слична на „Затоа што те љубам“,и оваа е напната мистерија до самиот крај.Приказната започнува на аеродром во Њујорк кога непознати,маж и жена случајно си ги заменуваат мобилните телефони.После тоа,со прегледувањето на содржините во нив се расплеткува нивната судбинска поврзаност преку некој случај или личност од нивното минато,кое ги поврзува.На крај преку низа сплетки и замрсени конци,кои заеднички ки одмрсуваат :) :) ,успеваат да ги избркаат духовите од минатото и да си ги вратат своите животи назад.

    Не е нешто што ќе ве воодушеви,но доволно е интересна за да ја прочитате во еден здив. ;)
     
    На WarriorAngel и Marossa им се допаѓа ова.
  2. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Последната песна од Николас Спаркс
    Спаркс знае како да чепне во срцето на читателот.Прекрасна книга која знае како да ве остави без зборови.Од прва до последна страница привлекува внимание.Се раскажува за животот на седумнаесетгодишната Вероника Рони Милер.Нејзиниот живот ќе се сврти наопаку кога ќе се разведат нејзините родители,а татко и’ ќе се пресели во Северна Каролина.По изминати три години таа е оттуѓена од родителите,посебно од татко и’.Тој и’ праќал многу писма за време на тие три години,но таа не ги читала.Рони ги отфрла обидите на татко и’ да се зближи со неа и се заканува дека ќе се врати во Њу Јорк.Но нов пресврт ќе се добие кога ќе го запознае Вил и ќе потчуствува играње на заљубени ноти во нејзиното срце.Но откако ќе дознае за татко му дека...ај да не ви ја раскажувам-прочитајте ја!Ќе ви се допадне...Едно од инзвонредните дела на Спаркс ;)
    Во оваа книга има трогателна приказна за првото соочување на една девојка,со страдањето...и со љубовта
    Едно големо браво за Спаркс :clap:
     
  3. elka.timova

    elka.timova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Последна што ја читав е Девојчето со две имиња од Јадранка Владова.
    Толку интересна приказна што дури и почнав да плачам за Неда.
    Неда е девојче која има татко од село и мајка од Скопје. Тие имаат убав брак но на крај доаѓа до развод. Неда ја одделуваат од својата сестра а тоа нејзе и паѓа многу тешко. но на крај семејството повторно се соединува.
     
    На MarcheloGirl, WarriorAngel и Vikica.cuci им се допаѓа ова.
  4. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Уличниот адвокат - Џон Гришам.
    Ја имав дома одамна, ама не знам според која логика - ја ставив дури на крај, на листата од книги што имам во план да ги прочитам периодов. Жалам за одлуката, донекаде непромислена, затоа што е една од подобрите книги што некогаш ги имам прочитано! Ма предобра! Интригантна до крајот, има содржина со доволно примамлива мистерија, успеа целосно да ми го задржи вниманието се до самиот крај!

    И давам 10/10, ја препорачувам за љубителите на трилери, и нормално на Гришам.
     
    На Hipster и Vikica.cuci им се допаѓа ова.
  5. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Сон на летната ноќ - Вилијам Шекспир
    Ништо особено не ми се допадна во оваа драма. Ја читав бидејќи ни е за во училиште и секако поради надоградување. Не ми се допаѓа многу тоа што ни даваат да читаме вакви бесмислици, затоа што јас повеќе преферирам некое љубовно романче, него вакви драми. Но, како и да е мораме тоа да го правиме нели? Тука како и во секоја драма од минатите векови се работи за божества, натприрдони сили и слично. Позитивното е тоа што во оваа драма на Шекспир има и смешна страна, па затоа ова е еден вид романтична комедија :D
     
  6. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Клетници - ВИктор Иго :up:
    Одличен француски роман. Кнуигата ме остави без сон 3 дена ја читав. Ја прочитав скратената верзија од 520 страни и многу ми се допадна. Но ме заинтересита и сакам да ја прочитам и оригиналната верзија. Во план сум па кога ќе имам време обавезно.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    "Марина"- Карлос Руиз Зафон
    [​IMG]
    Одлична книга во која испреплеткани се многу жанрови.
    Неизвесна до самиот крај со многу заплети и мистерии.
    15 годишниот Оскар ја запознава врсничката Марина сосема ненадејно. Уште првиот ден се впуштаат во авантура кога решаваат да ја следат дамата во црно. Натаму има низа интересни случувања.
    Премногу ми се допадна книгава, заплетот предобар, а расплетот уште подобар.
    Ми се допаѓа стилот на Зафон и во план ми е наредна книга да ми биде "Сенка на Ветрот" исто од него.
    Ја препорачувам на сите љубители на добра книга. Ќе ви се допадне.
     
  8. BlackAntoanette

    BlackAntoanette Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    5
    „Играта на ангелот“ - Карлос Руиз Зафон

    Автор кој не ме разочара со ниедна негова книга која ја прочитав - Зафон. Секоја книга е подобра од претходната. Играта на Ангелот, приказна за младиот талентиран писател Давид Мартин кој очајнички сака да се пробие во светот на литературата. После неуспесите и разочарувањата ќе ја прифати великодушната понуда на Андреас Корели да напише книга за него. Но со тоа открива многу мистерии поврзани со газдата Андреас Корели, а воопшто и со куќата во која живее.
    Книга која дефинитивно вреди да се прочита.
     
  9. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Скриена во најмрачниот агол-Елизабет Хејнс

    Ако не сте ја прочитале, задолжително сторете го тоа.
    Во кратки црти, се работи за млада урбана девојка која започнува врска со навидум совршен маж, но брзо станува негов прво психички, а потоа и физички заложник и жртва. Но, да не одам во детали...

    Темата е доста експлоатирана, а мене најмногу ме потсетуваше на филмот Sleeping with the enemy со Џулија Робертс.
    Но, како и да е...книгата е добро напишана, многу систематски. Не забележав некои дупки или нелогичности. Многу добро се опишани симптомите на опсесивно-компулсивно растројство, се гледа дека консултирала психијатри, без да импровизира.
    Напнат трилер кој едноставно не се испушта од рака. Најстрашното од се е што вакви типови, можеби не до вакви екстреми, навистина постојат.
     
  10. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    MOMO-Михаил Енде

    Прекрасно четиво, толку различно од се што ни се сервира денес, многу ми е драго што се превела книгава и на македонски.
    момо ќе ве натера да размислувата. да застанете за момент на сред читање и да воздивнете, да кажете уф па и јас се однесувам така, да размислувате што навистина правите со својот живот и со своето време, да размислите што ви е или ќе ви биде приоритет во животот и како навистина би сакале да го поминете. одговорот се крие единствено во цветот на вашето срце... :)

    мене навистина ми се допадна и сеуште размислувам... ви ја препорачувам од се срце.
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Страв од најлошото-Линдвуд Баркли. :inlove:
    Предобар,навистина предобар трилер,се чита во еден здив.
    Испреплетена приказна распослана на 400тини страници,чиј создавач е извонредно надарениод Линдвуд Баркли.
    Книгава може да биде навистина No.1 во жантрот на криминалистичките романи.

    П.С:Неможам веќе 2 дена да одам на спиење,без да се сетам на книгава иако веќе ја читам `Пред да заспијам` од Стивен Вотсон,како и `Дух што пленува` од Едвард де Боно.
     
  12. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Крадци и Проститутки - Рута Шепетис
    Откако ја прочитав книгава останав без збор. Ја препорачувам на сите да ја прочитате и да си имате вистинска слика за минатото...
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.904
    Допаѓања:
    26.000
    Писмото на г-ѓа Вилма....
    Не очекував, но пријатно ме изненади! Вистинска приказна која боли додека ја читате.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Marta11

    Marta11 Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Последна ми беше Рингишпил, баш е интересна и ја препорачувам.А пред Рингишпил ја прочитав Дневникот на Ana Frank.Убава книга ;)
     
  15. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    302
    Патриша Корнвел-Се што останува
    Доктор Кеј Скарпета е главен судски патолог кој работи на случај на разоткривање на убиства на млади парови исчезнати пред долго време,а наоѓани во шуми на различни места за време на лов.И покрај се,таа неможе да ја открие причината за смртта на убиените.Единствено што ги поврзува убиствата е дека во секоја кола кадешто пред да бидат убиени младите парови е најдена карта од шпил-џандар.Откако ќе биде убиена и ќерката и нејзиното момче на една од најмоќните жени во Америка,истрагата добива нова димензија.(мене оваа книга ми беше интересна додека го открија убиецот,натаму ја дочитав онака)
    Тес Геритсон-Во името на претците
    Во кинескиот кварт во Бостон е пронајдена отсечена женска рака од страна на туристи со локален водач.Потоа почнува истрага ,и продолжува со кинеска приказна од каде што почнуваат да се разјаснуваат нештата.(интересен трилер,вреди да се прочита)
    Џилијан Флин-Ејми ја нема
    Книга за жена психопат што си го сценира сама своето киднапирање поради тоа што мажот и има љубовница.(толку фама за книгава,мене ми бешеповеќе досадна отколку интересна)
    Мери Хигинс Кларк-Крик во ноќта
    Џени-млада разведена жена која работи во уметничка галерија запознава многу талентиран млад,убав сликар-Ерик и се заљубува во него,тој и предлага брак и живот за кој таа мечтае далеку од ЊуЈорк,во голема куќа со нејзините две деца.Таа прифаќа и тие заминуваат.Навидум тој ја сака и неа и децата,но...(возбудлива приказна што не ми даде да ја оставам книгата)
    Кит Аблоу-Негирање
    Психоаналитичар зависен од дрога,го викаат да работи за полицијата за да расветлат случај на убиство каде жртвата е жена со отсечени гради најдена во блискиот парк.Потоа се редат низа жртви со исти карактеристики,но убиецеот е премногу прецизен за да биде најден.(солидна приказна)
    А сега конечно на ред за читање Шепнувачот :wasntme:
     
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Џон Гришам-Брокер
    [​IMG]

    ФАНТАСТИЧНА книга, мене ми беше предобра, превобудлива, и заразна, ја прочитав за 3 дена зашто не можев да ја прекинам. Има 396 страни ама се чита полесно од книги што се по 200.
    Приказната е навидиум обична, но нека не ве лаже насловот, не е за некоја досаден брокер и неговите подвизи и трикови на берзата, баш напротив, една интересна и посебна приказна за адвокат кој е некој вид на брокер, моќен и влијателен лобист и бизнисмен кој во една несреќна зделка ќе заврши во затвор и по 6 години е ненадејно помилуван. И тука почнува забавата, туку почнува веќе дејствието и двигателот на возбудата и исчекувањата. Не раскажувам повеќе, нема да ви биде интерсена да ја читате.
    Мене омилени делови ми се моментите во Италија, поточно Болоња, навистина кога читате ќе се создаде илузија дека толку вие сте тие кои се кријат во малите улични на Болоња, како вие да ги посетувате катадралите и вие учите италијански. Мајка ми ми беше смешна кога и ја дадов да ја прочита, ја заинтригра до толку многу што за 2 дена ја прочита. И ја гледам со тефтерче до неа нешто шкртка, и викам што праиш бре, абре си учам италијански заедно со Марко што мислиш дека правам? Се изнасмеав слатко, ама нависитна и јас посакав да научам убаво италијански, и за момент пред мене се најде Болоња и убавините на северна Италија како одсекогаш да сум живеела таму или секоја година да ја посетувам. Описите се прекрасни, едноставни но заносни, се глеад дека авторот детално ја прошетал и проучил Болоња, се заљубил вистински во неа, и таа пасија умешно ни ја наметнува на нас.
    Некои делови при крајот искрено ми беа малку наивно напишано, возбудливи но тешко возможни во реалноста, но сепак те понесува книгата и не се обрнува премногу внимание на тоа.
    10 пати повеќе ми се допадна од уличниот адвокат, која е малку помонотона во споредба со оваа.

    Ја започнав и Повикот, од истов автор, но тоа е бељата кога земеш книги од библиотека, и фалеа 120 страни некаде одма поле 60тата страна, и искрено и таа премногу ми се допадна, интересен сплет на настаните и убава приказничка.
    Гришам ми е брилијантен, убави правни трилери пишува,лесно за читање за секого а сепак квалитетни.
     
  17. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    13 Проблеми од Агата Кристи. Добра е не е лоша. Се зборува за група на луѓе кои се собираат секој Вторник и раскажуваат неразрешени мистериозни случки и самите нагодуваат кое е решението на проблемот. Секако сите приказни се со крими карактер, типично за Агата Кристи. Препорачувам во секој случај.
     
  18. hellowooorld

    hellowooorld Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    107
    Кој ќе плаче кога ќе те нема-Робин Шарма
    Преубава книга
    ..совети за како да го живеете животот, за малите, но сепак многу битни нешта.
    Секоја книга од Робин Шарма вреди да се прочита :) Ви ја препорачувам на сите.
     
  19. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Тајната грофица- Ева Иботсон

    Не ми е последна проЧитана книга, но една од ретките која ми оставила толкав впеЧаток.
    Руска грофска фамилија која бега во Англија ради војната. Младата Ана, работи како слугинка за богата англиска фамилија и на никој не казува која е.
    Книга која ме допре посебно бидејки не претставува нас (славонскиот народ) бас такви какви сто сме, ГОЛЕМИ. Зборува ѕа безусловната љубов во една фамилија, безусловната љубов кон својата земја Русија и самопозртвуваноста.

    Напливи на срека, тага и на гордост носи книгава. Ја проЧитав треперејки, потејки се, плаЧејки и од мака и од срека.

    Најмомент од книгата кога братЧето на Ана ја гледа на забавата како работи како слугинка и не му се верува.. Кога и вели Ануска, зар овие луге не знаат која си? И ја претставува на сите како Руската грофица, цел горд на неа. А таа сирота со раскрвавени раце дрзи сисе вино и ги слузи гостите..

    ПрепораЧувам најтопло!
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.146
    Пол:
    Женски
    Втора шанса од Даниела Стил.
    Ова е првата книга која ја причитав од неа и некако не ме воодушеви баш, но беше сосема океј за читкање во оној дел од денот кога ти е предосадно и немаш нешто поинтересно за пополнување време.
    Содржински многу ме потсети на филмот Something’s Gotta Give во малку поизменета верзија, но приказната е речиси слична.
    Се работи за уредничка на познато списание која како појава е недопирлива и е тотално против инститиуции од типот брак, но ќе се појави шармантниот Џон кој ќе ја понесе и иако се со тотално спротивни карактери и животни патеки, сепак ќе започнат една врска која кобно ќе им го обележи животот засекогаш. Завршува со хепи енд кој однапред го претпоставив и сомнежите ми се потврдија кога стигнав до крајот на книгата. Се чита за нешто помалку од еден ден, мала книшка е и прелесна за читање.