Последна прочитана книга и кратка критика

Discussion in 'Литература и уметност' started by LaFille, Jan 31, 2010.

  1. joelle

    joelle Популарен член

    Joined:
    Aug 25, 2010
    Messages:
    1,117
    Likes Received:
    2,368
    малиот принц :)

    книга која што треба да се препрочитува на секои 5 години. секој пат ќе има поинакво значење и ќе научите нешто ново. книга која треба да си го најде местотот во секоја библиотека.
     
  2. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Joined:
    Jul 22, 2012
    Messages:
    968
    Likes Received:
    4,036
    Gender:
    Female
    Достоевски - Злосторство и казна
    Да не ми беше лектира немаше да ја прочитам, но морав. Цела книга со сила ја читав но последниот дел беше прекрасен и подоцна сфатив дека сепак не сум го губела за џабе времето. 7/10
     
    Hipica likes this.
  3. Victory15

    Victory15 Истакнат член

    Joined:
    Sep 6, 2013
    Messages:
    69
    Likes Received:
    161
    Последна книга - Порака во шише од Николас Спаркс. Романтична приказна што е и вообичаено од Спаркс. Меѓутоа не ми се допадна тоа што ликовите се малку повозрасни.

    Жена наоѓа шише со порака и го бара испраќачот. Испраќачот е вдовец чија жена загинала во сообраќајка и тој и пишува писма и ги фрла во море. Силни зборови има и тоа е она што најмногу ми се допаѓа овде. Жената која го бара испраќачот на пораките, го наоѓа и се заљубуваат. Ама овој уште не ја преболел својата мртва жена и така малце овој дел не ми се допаѓа многу затоа што си верувам дека постои само една вистинска љубов а овој беше на двоумење дали ја сака.. дали не ја сака итн.

    СПАРКС МОЖЕ И ПОДОБРО :D
     
  4. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Joined:
    Jul 22, 2010
    Messages:
    503
    Likes Received:
    973
    Gender:
    Female
    ''Љубовта трае 3 години'' .... Па очекував далеку повеќе од книгава, но се разочарав. Додека ја читав како да се вртев во круг. Цело време се зборуваше за тоа како авторот го прославува разводот, алкохол, дрога, многу луди забави...
     
  5. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Joined:
    Feb 23, 2013
    Messages:
    4,491
    Likes Received:
    34,343
    Gender:
    Female
    Дванаесетте римски цезари од Гај Светониј Транквил

    Возбудлива историја за најзначајните римски императори,за нивниот приватен живот,за нивните слабости и доблести,за тоа како дошле на власт и како си заминале од историската сцена.Во книгата авторот ни нуди подробности за нивните карактери,зашто смета дека судбината на целата империја зависи од добрата или лошата волја на владетелот.Крвави интриги и озборувања,анегдоти и пикантерии.Работи кои не можеме да ги најдеме во друга историја за Римската Империјата, навидум неважни детали кои ни ги прикажуваат вистинските човечки лица на цезарите.
     
    Gordana10 likes this.
  6. borkalinka7

    borkalinka7 Активен член

    Joined:
    Aug 27, 2013
    Messages:
    10
    Likes Received:
    4
    Нека победи подобриот -Џули Џејмс
    Ја читав на одмор,на плажа,значи сите оние кои што сакаат да уживаат и да се насмеат,оние кои што читаат чик литература,ви ја препорачувам,верувајте ми нема да зажалите.Ги имам читано и другите од Џули и можам да кажам дека слични и се,нормално таков и е стилот на пишување,со многу хумор и сарказми,а тоа е она интересното во книгата... :)
     
  7. nati44

    nati44 Популарен член

    Joined:
    Dec 10, 2012
    Messages:
    777
    Likes Received:
    545
    Николас Спаркс - Одлука
    Дефинитивно една од подобрите книги што сум ги прочитала.. На секое свртување на страницата, не знаев што ме чека на наредната, на секој нов ред се повеќе ја обожавав книгата, во секоја глава пред мене излгуваше можната одлука што треба да се донесе, се до последните глави каде требаше да се донесе вистинската одлука.. Сите емоции од книгата се најдоа на едно место и се распрнаа во тие редови. Јас инаку не сум емотивна личност, но оваа книга дефинитивно ме доведе до работ на плачење. Книга со која во еден момент умирате од нежност и задоволство, а веќе во следниот сте расплакани и растревожени.. :tmi:
    Кратка содржина:
    Приказна за двајца соседи. И двајцата никогаш не би помислиле дека ќе се заљубат еден во друг.. Таа мислеше дека ќе се омажи и ќе има среќен живот со нејзиното момче, но судбината не го мислеше истото. Наместо тоа таа се мажи за човекот кој го има најнеподносливото куче и слуша гласна музика до доцна во ноќта. Единаесет години подоцна, тој треба да ја донесе најважната одлука: колку далеку треба да се оди во име на љубовта?
     
    Mimi123 likes this.
  8. Lella

    Lella Форумски идол

    Joined:
    Jan 2, 2013
    Messages:
    5,335
    Likes Received:
    29,197
    Gender:
    Female
    Шминкерка - Андреа Семпл
    Интересна е ептен. Има многу пресврти, ликови. Докажува дека предрасудите го убиваат човека, дека никогаш не треба да се пресметува некој според надврешниот изглед. На крајот, на вечерата со Г-дин Блејк, само шарав со очите по страниците со отворена уста. :D На крај памет не би ми текнало дека Џоси е баба на Френк, а г-дин Блејк - татко.. :x И брат и геј.. :o
    Опис:
    Адам е совршен дечко, во секој поглед. Тој никогаш не гледа фудбал. Никогаш не се опијанува. Секогаш претпочита мирна ноќ одошто да излезе со своите другари. Единствениот проблем е што Адам вистински и не постои. Вера Вишарт го измислува. Всушност Вера измислува се’ во нејзиниот живот само за да и’ угоди на мајка си. Се преправа дека работи во водечка фирма за односи со јавноста додека во реалноста работи како шминкерка за косметиката Китс. Но мајка и гори од желба да се запознае со мистериозниот Адам, и кога нејзината помала сестра, Хоуп, неочекувано се враќа од Австралија со својот вереник, наместо свадбена треска, Вера ја зафаќа панична треска.

    Па така и остануваат помалку од 2 месеци за да го реши проблемот со непостоењето на нејзиниот дечко. За време на свадбата и во очајни времиња презема очајни мерки.
     
  9. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Joined:
    Jul 22, 2012
    Messages:
    968
    Likes Received:
    4,036
    Gender:
    Female
    Даниела Стил - Сестри

    Одлична книга се работи за 4 сестри кои се успешни во своите кариери и сите живеат во различни градови.
    Нивните родители мајка им и татко им ги викаат секој празник да се соберат и тие морат да одат бидејќи мајка им се лутела ако не одат, но и прекрасно си поминувале.
    Но на еден празник на нивната најмала сестра и мајка им ќе им се случе сообраќајна несреќа. Ени е жива но мајка им не .......... прочитајте ја верувајте нема да зажалите ;)
    Оцена 10/10
     
  10. joelle

    joelle Популарен член

    Joined:
    Aug 25, 2010
    Messages:
    1,117
    Likes Received:
    2,368
    дигитална тврдина-ден браун.

    прав холивуски филм мене не ми е јасно како не снимиле филм до сега :D

    сериозно сега книгава е во ред, има интересна приказна понекогаш доста предвидлива ако навистина размислувате што всушност читате а понекогаш ве изненадува со одредени елементи. морам искрено да признаам дека имаше многу холивудски елементи и многу често дејствата си ги замислував со англиски текст и слика :D

    она што ми се допаѓа кај ден браун е тоа што колку и да му се холивудски книгите или да има нестварни моменти сепак овој писател прави нешто што останатите не сакаат да го прават, а тоа е да истражува и да споделува корисни информации. во една книга да има една информација од општа култура е доволно. автоматски сте научиле нешто ново. А Ден Браун ви сервира многу такви информации, останува на вас дали ќе ги прифатите во своја корист или само бледо ќе помините низ страниците.
     
  11. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Joined:
    Jan 27, 2013
    Messages:
    665
    Likes Received:
    316
    Страници за нашата љубов - Николас Спаркс

    Книгава е малку поразлична од филмот - The Nothebook. Но, тоа е скроз небитно.
    Толку убаво и сликовито се опишани што и да сакаш и да несакаш ќе се внесеш буквално во книгата.
    Книгата, изобилува со страст и љубов, воздишки, среќа, копнежи...
    Едноставно совршена. :inlove:
     
  12. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Joined:
    Jul 10, 2010
    Messages:
    1,015
    Likes Received:
    1,186
    Автобиографија на една љубов - Александар Жарден

    Александар Ривјер после седум години брак со неговата жена Жана открива дека таа не е среќна. Очаен поради тоа што не успеале како пар, тој исчезнува. Ги напушта жената и двете деца. Две години подоцна неговиот брат близнак влегува во нивните животи со што ќе и помогне на Жана со оздравувањето, да се сака себеси повеќе за да може да сака посилно.. Но прашањето е кој е тој Ривјер? Александар или братот близнак Октав.

    Интересна книга но на моменти се доведував да препрочитам некоја страна затоа што не ми задржуваше доволно внимание.
     
  13. Eci0327

    Eci0327 Активен член

    Joined:
    Aug 22, 2012
    Messages:
    32
    Likes Received:
    17
    Се гледаме на врвот - Коста Петров

    Ме воодушеви упорноста на еден малд човек да се бори и да не се откажува од својот сон и покрај многуте падови и неуспеси во животот и тоа што се труди од секоја ситуација да го извлече позитивното и на ниеден неуспех не гледа како на пораз тука како на добра лекција која го оформува како личност...
     
  14. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Joined:
    Feb 23, 2013
    Messages:
    4,491
    Likes Received:
    34,343
    Gender:
    Female
    ~ Пеколот-Данте Алигиери ~
    Гледајќи се темно на овој свет во оној стравотен меѓусебен колеж и опустошување од кои се раѓа бесперпективност,Данте ќе пропатува низ огненото подземје како земно суштество за да напомене дека треба да и се кладе крај на анархијата и на човековата недостоинственост и нискост,крај на понижувањата на човекот што навистина ја срамат и ја навредуваат човековата личност во нејзиното суштествено постоење.
     
    pokjemon likes this.
  15. monnii-4

    monnii-4 Истакнат член

    Joined:
    Sep 10, 2011
    Messages:
    130
    Likes Received:
    60
    Убиството на теренот за голф-Агата Кристи.
    Како и сите книги од Агата, воодушевана сум. Ја препорачувам.
     
  16. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Joined:
    Jul 18, 2012
    Messages:
    309
    Likes Received:
    99
    Gender:
    Female
    Само што ја дочитав прекрасна е кој ја нема прочитано му ја препорачувам ,,Порака во шише‘‘ од Николас Спаркс.
    Млада и привлечна жена,разведена и разочарана од неверниот сопруг.Посветена на работата и на нејзиниот син.На плажа наоѓа шише со таинствено љубовно писмо кое ке и го промени живот.
     
  17. joelle

    joelle Популарен член

    Joined:
    Aug 25, 2010
    Messages:
    1,117
    Likes Received:
    2,368
    ангели и демони-ден браун.

    ми се допадна многу, богата со многу податоци од историјата и од модерниот свет вклопена во една интересна и необична приказна.
     
  18. mihaela55555

    mihaela55555 Истакнат член

    Joined:
    May 3, 2012
    Messages:
    216
    Likes Received:
    121
    A потоа...- Гијом Мисо

    Многу ми се допадна... Една од поубавите книги кои ги имам читано. И мора да признаам дека навистина крајот не си го замислував така, огромен пресврт :)
     
  19. skygirl

    skygirl Истакнат член

    Joined:
    Jun 20, 2010
    Messages:
    575
    Likes Received:
    153
    Последно ја прочитав “Кодот на Да Винчи“ и искрено кога ја завршив не знаев веќе во што да верувам.
    Книгата повеќе ми е комерцијализирана, како трилер и се чита многу брзо поради неизвесноста, неочекуваните пресврти и стилот на пишување. Приказната е неоспорливо интересна, добри расплети има кои не те оставаат да ја оставиш книгата. Тематиката за религијата е многу интересна за народот, па Ден Браун знае како да си го зголеми публицитетот. Книгата само ми ги потврди моите лични сомневања за улогата на црквата, Ватикан, и учеството во разни завери, како и тоа дека црквата има вмешано прсти во скоро се во историјата.
    Ставовите и фактите на Браун во оваа книга, дека црквата криела и изменила многу работи, изгледаат веродостојни, уверливи, вистинити, но сепак имајќи во предвид колку се поразлични од општо прифатените сваќања за Бог, Марија Магдалена, проповедани од црквата, не знам колку може да се прифатливи. Дефинитивно заклучив дека мора уште еднаш со поголемо внимание да ја прочитам за потполно да ги размозгам, процесирам и разберам тезите што се поставуваат.
    А поради стилот на авторот, сигурно би сакала да ја прочитам и “Ангели и Демони“.
     
  20. DigY

    DigY Популарен член

    Joined:
    May 4, 2011
    Messages:
    3,479
    Likes Received:
    6,483
    Соголена пред тебе-Силвија Деј.


    Не е лоша, добра е, но единствена разлика помеѓу 50 нијанси сиво и неа е тоа што типот само е луд по контрола, а не изразува желба за садомазохизам. Малце ме нервираше што некои фрази одново и одново се повторуваа (како воопшто да не е креативна некој чин да искаже на друг начин) така да... ај да речеме-понормализирана книга од 50 нијанси со оглед на тоа дека немаше соба на болка. Сега треба Оголена (вториот дел) да го земам но некако се мислам ради тоа што е чиста копија на оваа што велам. Од друга страна си велам-кога веќе почнав бар да идам до крај. Мада не се ефтини. 500 ден од книга е.