1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Are You Afraid of the Dark? - Sidney Sheldon

    Повеќето романи на Сидни Шелдон ги имам дома бидејќи татко ми му е голем обожавател. Ама си реков ако веќе не ги читам на македонски, ќе ги читам на англиски, наместо на српски. Затоа ја читав електронската верзија.

    Многу едноставно раскажан, а многу комплексен трилер.
    Настаните се одвиваат со брзо темпо, заплетите се тотално неочекувани, а крајот на секое поглавје ќе ве остави подзинати и ќе ве натера да продолжите понатаму. Книгава буквално остава без спиење!
    Бидејќи прв пат го читам Шелдон, морам да напоменам дека премногу ми се допаѓа неговиот стил на пишување. Длабоко навлегува во описите, без притоа да биде досаден и да си помислите дека одредени страници се сосема непотребни. Многу лесно можете ментално да ги креирате сцените во глава, па додека го читате ќе ви се одвива цел филм пред очи.
    Книгава е сочинета од многу загатки и брилијантни идеи, на кои можеби никогаш нема ни да ви текне!
    Едноставно кажано - Are You Afraid of the Dark? е книга заради која ќе го засакате читањето :)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mentalist.mk

    mentalist.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Пред да заспијам - Стивен Вотсон

    За книгата изначитав еден куп пофалби, не дека е лоша ама не е ни толку многу па добра. Во поголем дел од книгата преовладува монотонија. Се повторуваат истите работи, главниот лик има амнезија додека се открие нешто ново, она што веќе се знае ќе се повтори неколку пати. На моменти може да ве фати љубопитност која ќе ве натера да ѕирнете некоја страна понапред.
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    If Tomorrow Comes - Sidney Sheldon
    (само што ја завршив, така што импресиите ми се најтазе што можат да бидат :) )

    Иако ова е втор роман од Шелдон што го читам, сепак според неговиот начин на пишување можев во одреден процент да ги предвидам дејствијата. Како и да е, ме изненади текот на настаните, особено ми се допадна неизвесноста во последното поглавје. Ваква бев додека го читав :lol:
    [​IMG]

    На моменти книгава ми беше страшно брутална, особено затоа што сцените се детално опишани. И тоа е единствената предност кај гледањето филмови - можеш да замижиш за да ги прескокнеш тешките сцени. Е овде... мораш да ги прочиташ.
    Ми се допаѓа тоа што ликовите се фино психолошки обработени низ самиот тек на настаните, па со секое ново поглавје, само си ги дополнував парчињата од сложувалката за да добијам целосна слика за ликот (а со тоа и да можам да ги предвидам нивните следни потези).
    Главниот лик Трејси Витни ми е една од омилените ликови од книги, затоа што е толку комплексна и изобилува со (на моменти) многу контрадикторни карактеристики.

    Ако сте љубители на криминалистички романи- дефинитивно ви ја препорачувам книгава.
    Ќе ви го задржи вниманието :)
     
    На plava.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Тристан и Изолда-одамна ја прочитав,прекрасна книга во која е опишана големата љубов помеѓу Тристан и
    Изолда.Ни за момент не ми беше досадна книгава, ви ја препорачувам :)
     
  5. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Денес ја завршив `Ангелски повик` од Гијом Мисо.
    Па,се знае стилот на Гијом Мисо.
    Многу го критикував,сега ми се вовлече под кожа,и еве после `Девојката од хартија` и `Ангелски повик` почнав веднаш да ја читам и `А потоа...`.
    Книгата на почетокот е типично клише,Жонатан и Мадлин се судираат на аеродром и си ги мењаат телефоните,кои се сосема исти.Дури кога Мадлин со свршеникот се враќа во Париз во својата цвеќара,а Жонатан со синот во Сан Франциско во бистрото,забележуваат дека телефоните им се сменети,и се известуваат меѓусебно дека во најскоро време ќе ја поправат грешката и ќе си ги препратат по пошта.Но,на еден чекор до праќањето,Мадлин се откажува,го зема назад телефонот и заинтригирана од приказната на Жонатан,почнува да трага по интернет,по неговиот телефон и открива шокантни информации,кои,како поранешна полицајка ја копкаат и продолжува да трага разоткривајки ја тајната на неговата бивша сопруга.
    Но,во исто време и тој открива неверојатни информации за Мадлин,па и тој сака да и помогне,и тој трага...
    И така нивните приказни,налик сосема различни се спојуваат и се закотвуваат длабоко,во срцата на секој од нив.
    Прекрасен трилер,кој вреди да се прочита!
     
  6. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Ти незнаеш да сакаш, од Сузан Елизабет Филип.
    Станува збор за договорен брак во 21 век. Таткото на Дејзи Девру и соопштува вест дека мора да се омажи со човек кој тој го одредил за неа,Алекс. Алек пак, човек без душа, со руско срце, студен карактер и камена гордост, нема намера да изигрува вљубен младоженец и да ја забавува разгалената празноглавка. Но тој е голем должник на таткото на Дејзи, па се согласува да му направи услуга за возврат, да се ожени со неговата ќерка, со ангелско лице и срце. Следува голем пресврт на настаните.
    Прекрасна книга, мене ми прирасна за срце.
     
  7. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Смртно вљубена - Федерика Боско
    Убава книга ми се допадна. Се чита брзо бидејќи е и мала за час и половина ја прочитав.
    Инаку има и продолжение три дела е книгата. Во план сум да ги прочитам сите 3 дела па да дадам впечатоци.
     
  8. CaperucitaRoja

    CaperucitaRoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    „Јади, моли се и уживај“. Дури сега успеав да стигнам до книгава, а и искрено чекав да помине таа еуфорија што ја прави Матица во изборот на бестселер на годината.
    Многу шарена, лесна и живописна книга, уживав додека ја читав и на моменти се пронаоѓав... И како што вели критиката: Елизабет Гилберт е најдобриот туристички водич што би го посакале кога би тргнале на едно вакво патување. ;)
    5/5
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Понекогаш доаѓа среќа - Винка Саздова

    Споменав претходно дека ова е прва нејзина книга што ја читам, така што не знаев што да очекувам.
    Пред да ја читам книгава прочитав две од Шелдон, па кога преминав на неа ми се случи литературен шок :lol: Од напнато и неизвесно дејствие со брзи пресврти, преминав на бавна, мошне убаво украсена приказна со многу метафори, но малку настани. Настаните не се хронолошки подредени, што мене лично ми се допадна, а во книгава се содржани многу убави мисли кои ми поттикнаа филозофско разглобување на работите. Ми се допадна, но можеби ќе ми се допаднеше повеќе ако не ја читав додека се уште бев под влијание на трилерите на Шелдон. Како наеднаш да кренав рачна, а претходно сум возела со голема брзина. Така ќе му дојде :)
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    „Јади, моли се и уживај“ и "моќта на потсвеста" ги има во библиотеките или ги купувате? :?:
     
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Tell Me Your Dreams - Sidney Sheldon

    Книгава особено ми се допадна затоа што низ настаните се провлекуваат две жички кои мене ме интересираат - правото и психијатријата. Уживав во буквално секоја страна и многупати останав со подзината уста додека ја читав. На моменти дури и морници ме лазеа од настаните!
    Типично за Шелдон - лесен начин на раскажување со многу детали што ви цртаат филм во глава.
    Крајот го предвидов, очекував дека така ќе заврши, но во секој случај ќе кажам дека многу од настаните ме изненадија. Интересна приказна со непредвидливи пресврти.
    Како и да е, тука правам пауза од Шелдон.
    Некое време ќе апстинирам од неговите книги :)
     
    На plava.90, 1209 и anuskaNESTLE им се допаѓа ова.
  12. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    ,,Затоа што те љубам" од Гијом Мисо

    Мајка ми ја читаше прва и после мене ми рече земи прочитај ја интересна е и јас и реков ај ќе ја прочитам.Ја земав книгата и за скоро два часа ја прочитав. Преинтересна приказна со многу настани,непредвливи случувања и пресврти.Имам прочитано неколку книги од Гијом Мисо но оваа некако најголем впечаток ми остави. :)
     
    На anichka94, Karategirl99, Viktorijaaa5 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Точно на пладне - Нора Робертс

    Изгледа 600 страни ко за миг да ги прочитав, не почуствував ни малку потреба да престанам со читање, морав сосила да заспивам. :lol:
    Одличен трилер + драма + мини секс сцени. Внимавала на пар детали, не се изгуби во приказната и покрај тоа што е голема книгата. На некои ликови не мораше да обрнува воопшто внимание, ама главниот машки лик беше мх мх. :$

    Има и филм снимен по книгата, ќе го изгледам секако, ама веќе еднаш изгледав филм според нејзина книга и дејствието во филмот беше очајно.
    Уште еден пример колку дејството во книга не се споредува со она на филмско платно. Не ми сметаат ни малку бројот на страниците, ако книгата е по мерак.
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Претпоследна ми е `А потоа...` од Гијом Мисо,не стигнав порано да напишам за неа.
    Убава е,се знае какви книги може да има Гијом,секако. :) Малце се претерува со "Гласиницте",додуша.Се зборува за 8 годишно момче по име Нејтан кој практично доживеал клиничка смрт,и сепак се вратил во живот.Потекнува од мошне сиромашно американско семејство и живее бедно со мајка му.Таткото го напуштил,и всушност не ни знае кој му е татко.Не го видел никогаш.Мајка му многу се мачи за да опстанат и работи како куќна помошничка кај богато и угледно семејство со простран и буржоарски опремен стан во близина на Централ парк.Имаат ќерка,Мелоди,врсничка на Нејтан.Татко и,Џерфри е познат и угледен адвокат.Летото кога тие двајца имаат по 8 години,се запознаваат и почнуваат да се дружат а 2-3 години подоцна следи у првиот бакнеж кој ќе прерасне во голема и безрезервна љубов,која ќе претрпи скоро се за да може да заживее.Меѓутоа летајќи едно летало во близина на река,летото на Мелоди леталото и паѓа во вода,и лета кон водата и таа трча кон него.Меѓутоа почнува да се дави,а Нејтан и помага при што ја извлекува неа од заканувачката река,а самиот тој почнува да се гуши.Подоцна е однесен во болница каде што се среќава со еден млад лекар,кој тукушно почнал со работа.Разговараат за мошне чудни теми,при што Нејтан откако се буди по клиничката смрт му раскажува на младиот доктор дека видел чуден тунел со бела светлина и дека смртта му била пред очи,но сепак нешто го спречило да не и се предаде,иако изгледала како спокојно и убаво место.
    По многу години,љубовта на Мелоди и Нејтан и покрај сите предрасуди од нејзините родители успева,и тој станува познат адвокат,а Џефри никогаш не го прифаќа.Тие имаат заедничка ќерка Бони,а по некое време им се раѓа и мало синче кое поради невнимание умира на само 3 месеци.После тоа,тие стануваат огорчени,Нејтан се повлекува во работата сметајќи се себеси за виновен за смртта на неговиот син по што бракот пука и тие се разделуваат.Мелоди се сели со Бони,но таа пак се гледа со татко и.
    По толку време во неговата адвокатска канцеларија Марбл&Марч,доаѓа еден доктор кој почнува да го прогонува.На Нејтан неговото лице му е познато но незнае од каде.
    Потоа,со него доживува многу случки по што докторот Гудрич му открива дека тој е Гласник и дека ја предвидува смртта,а и дека тој е младиот доктор од болницата во Нантанкет.Му го превртува животот на Нејтан,и тој и се враќа на својата сопруга Мелоди,а се помирува и со дедо му,Џефри кој му признава дека е тежок алкохоличар.
    Но наскоро докторот му открива дека и Нејтан е гласник,и мора да се соочи со смрт на неговата најблиска-Мелоди....

    Последна ми е `Купохоличарката и бебето` од Софи Кинсела.
    Книгава ме смее до солзи значи,ако зборуваме за литература,тотален крш е,ама те забавува и тоа како.
    Ова е всушност претпоследниот дел од `Купохоличарката`,и Беки Брендон (моминско презиме Блумвуд) се соочува со нова улога-улога на мајка!Таа е бремена,и живее со својот сопруг Лук во Лондон а смета дека бебето е зачнато на медениот месец.Пак си е истата,луда по шопинг и веќе има околу 15 новоотворени картички низ целиот свет.Меѓутоа и се случува една вистинска незгода.Таа го менува својот стар акушер со нова помодарка,Вениша Картер.
    Но,наскоро дознава дека таа му е бивша на Лук.
    Оттука почнуваат незгодите,во нивниот брак веќе се тројца.Таа се обидува да им го уништи бракот и на Беки и кажува дека Лук не ја сака,и дека по раѓањет ќе ја напушти.Лук сеуште неверува дека таа кажала такво нешто но на лажното породување на Беки,кое таа го измислува за да се искара со кучката Вениша,Лук се избезумува и ја вреѓа Вениша до немајкаде.
    Во тој момент,Беки навистина се породува,и носи на свет преубаво женско бебе кое го нарекува Мини.Мини Брендон.
    Бидејќи фирмата на Лук е во лоша финансиска состојба а станот им е продаден тие се селат кај мајката на Беки.
     
  15. lady11

    lady11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2013
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    72
    Линвуд Баркгли-СТРАВ ОД НАЈЛОШОТО немам никакви критики книгава едноставно е напишана во мој стил прекрасна е ! :)
     
  16. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Убиство во Ориент-Експрес од Агата Кристи

    Токму после полноќ,снежната бура го запре Ориент-експресот.Луксузно опремениот воз,кој е изненадувачки преполн за тоа време од годината,само што ја беше минал турската граница кога започна снежната бура.
    Опкружен со патници коишто се повеќе од интригатнтни,индивидуални и интересни ликови само по себе,главниот херој на овој роман е Херкул Поаро,докажан белгиски детектив,кој,случајно или не,се нашол токму во овој воз.
    Меѓутоа,веќе следното утро Ориент-експресот остана без еден од своите патници.Американецот го најдоа мртов во своето купе,избоден десетина пати и,што е најзбунувачки,со одвнатре заклучена врата...
    Сите се осомничени,а Поаро има задача да го пронајде убиецот.Преку серија поединечни разговори со патниците,низа опсервации и смислени конструкции,Поаро доаѓа до две можни решенија на ова злосторство.Кое од тие две е тоа вистинското?
    Еден куп интриги,тајни и необичности се смислени со цел да го спречат Херкул Поаро да го најде вистинскиот пат до откривањето на вистината за ова злосторство.
    Но,драматичната разврска на целата ситуација не доведува не до едно можно,ами до две решенија на ово злосторство.
    Едноставно,читајќи ја книгава останав без зборови,се воодушевив од тоа колку е паметен Поаро,а и стилот на Агата многу ми се допаѓа,како да е пишано по мој стил...Прекрасна книга која богами вреди и вторпат да се прочита! ;)
     
  17. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Кристофер Паолини - Ерагон (1 книга)
    Кристофер Паолини - Првородениот (2 книга)


    Прво да си го кажам незадоволството што остатокот од книгите ги нема на Македонски.. |(
    Али исто сум разочарана и од Магор. Еден куп печатни грешки. Дали буква некаде фали, дали Егагон е преименуван во Егарона. И така натаму.. :|

    Првиот дел го прочитав веднаш, ми беше особемо интересен Бром како и Сафира. Мислам дека 500-те страници како да ги прочитав веднаш. Приказната е особено интересна за сите тие, кои сакаат да читаат фантазии. На момент, Ерагон знае да биде избувлив, и да нервира со некои постапки..али ајде детето е на 15/16 годишна возраст.

    Вториот дел, донекаде (не верував) го читав со мака. Премногу е навлезено во детали, некои работи можеле едноставно да се скусат, не ми е мака да читам книга од 600 страници, али пр. опишувајќи еден ден во 50 страници е премногу. Она што жалам, е како што реков за деловите што следат. Бидејќи крајот навистина ме изненади, бидејќи јас како фан на Муртак, се разочарав кога велеа во први дел, дека загинал.

    Деловите понатаму, сигурно ќе се интересни..со оглед на тоа што Сафира повеќе не е сама, а Ерагон конечно дознава повеќе за својата фамилија..
     
  18. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ти не знаеш да сакаш( Kiss an Angel).
    На англиски ја читав,онака не е лоша,лимонатка за тепање време,ја прочитав за неколку часа.Колку и да е помачно,на англиски поубави се книгите,овие нашиве преводи катастрофа...
     
  19. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.814
    Допаѓања:
    88.640
    Пол:
    Женски

    Seashell31 Се пронајдов во твоето мислење :) Книгава ми ја предложи доругарка и може да се каже дека во еден здив ја прочитав онака баш да не можеш да се оделиш од неа и едвај да чекаш што има на следната срана :)
     
  20. Tikvice

    Tikvice Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Женски
    и јас ја имам прочитано книгава прекрасна е