1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. ivana63

    ivana63 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2013
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    229
    „Големата четворка“ - Агата Кристи
    Мислам дека немам никаква негативна критика. Јас обожавам да читам криминалистички книги, па оваа ми се погоди баш како создадена за мене. 8)
    Интересна книга, многу ми се допадна, а и има добра порака(барем кој ја читал книгата знае :!: ).
    Немам што друго да кажам.

    „Го сакам Париз“ - Линдзи Келк
    Многу ми се допадна книгата, има интересни изрази(да ги оставиме настрана пцостите |( ), а исто така има и голем пресврт што кај мене тоа е најинтересниот дел. :D
    Ми остави толку голем впечаток, што дури ја прочитав по втор пат. :lol:
    Интересна е, колку за промена од секојдневието, и да свртиш глава да видиш што им се случува и какви се проблеми и неволји можат да им се случат на луѓето за само неколку минути. :nod:
    р.ѕ. Не ви препорачувам да ја читате прва, затоа што пред нејзе стојат уште два дела. :!:
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    „Ричард Трети“ - Шекспир
    [​IMG]
    Лектира.
    Историска драма каде главниот фокус е врз грбавиот Ричард жеден за тронот. Оригинално е претставено неговото лицемерие на мајсторски Шекспировски начин и сите сплетки кои ќе ги направи за да седне на престолот.
    Најомилен лик од цела драма (иако нема некое посебно дејство во истата) ми е Маргарет, бивша кралица чиј сопруг и син биле убиени од страна на Ричард. Така добри клетви фрла старава, ја обожавам! :D
     
  3. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    „Сто години самотија“- Габриел Гарсија Маркес.
    Книга која те воведува во себе како некој вртлог во време кое постои или не постои, а тебе ти изгледа толку реално. Без цензура, без кочници и без морал. Нема што нема селидби, настанување на еден град, збирање на едно племе, фамилии, роднински врски и безврски, војни, секс, алкохол, инцести, и нови и нови генерации, се додека авторот не рече стоп и како да те пушта да излезеш од тој вртлог, кој претпоставувам продолжува да си се врти во круг, и те враќа во реалноста. :up:
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    260
    „Московска сага“ - А. Д. Милер

    Станува збор за адвокат, Николај Плат,кој ќе биде заслепен од љубовта и сосем несвесно станува дел од организиран криминал со уште две девојки, и на тој начин ги губи своите морални вредности. Книгата изобилува со описи за Москва, и иако не сакам многу описи, мене ми се допадна. На почетокот имате чувство дека читате обичен текст за неговиот живот поминат во Русија, но книгата всушност има многу добра поента.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Желба и заповед - Нора Робертс

    [​IMG]

    Вториов дел посветен на братот на Габриела, Александар и Рив.
    Секоја глава која завршуваше со молскавични бакнежи и оттргнувања, дијалози со кои ликовиве си потрфлаа, ме натераа цела да ја прочитам за 2 часа. :D
    Тој е дрзок и безобразен зошто неговиот живот така го научил, а всушност заљубен во нејзе цел свој живот. А Ив достојно му парира со дрскоста и покрај тоа што нозете и се тресат во негово присуство.

    Имам желба цел серијал да го прочитам, Нора ми е царица, само прекратки ми се деловиве, не верувам дека останатите делови се преведени, па ќе мора на српски да ги читам.
     
  6. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Малечката фадета - Жорж Санд
    (Лектира)
    Многу убава лектира во еден здив се чита толку е убава, ми фалеше ваква книга добра нема одамна прочитано.
    Се работи за романтична истроија на една идилична љубов меѓу две отпрвин спротивни души кои со текот на времето се зближуваат. Прекрасен роман му препорачувам на секого да ја причита. :)
     
  7. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
    Смртта на Иван Илич од Лав Николаевич Толстој
     
  8. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Авантурите на Артур Гордон Пум - Едгар Алан По
    Лектира ми беше пред некоја ден па затоа морав да ја читам. Не ми се допадна книгата ни малку на почетокот има некое дејствие подоцна се изгубив во книгата и едвај ја сфатив. Да не ми беше лектира никогаш не би ја прочитача.
    Не сакам авантуристички книги.
     
  9. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Последната војвотка - Габриела Ким, бидејќи сум голема љубителка на историски книги.
     

    Прикачени фајлови:

    На simonna.a и Gordana10 им се допаѓа ова.
  10. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Стравови од Даниел Мелвил
    Подолго време ми стоеше на полица и решива да ја прочитам бидејќи има околу 120 страни, па ја прочитав во еден ден. Не мислев дека толку ќе ми се допадне од причина што има некои делови на научна фантастика..
    Станува збор за крими роман со интересен заплет и уште поинтересен расплет. Дејството се одвива на релацијата Франција - Швајцарија. Главен лик е средновечен фармацевт Рене на кој животот драстично му се менува кога ќе запознае една млада девојка која ќе го шармира со својата невиност. Но работите не се такви како што изгледаат, т.е. како што девојката му ги претставува..
    Го препорачувам романот за љубителите на белетристика, затоа што се чита во еден здив.

    Мажи од Адел Паркс
    Повеќето од вас сигурно ја знаат.. чик лит книга со интересна и единствена содржина која не наликува на другите. Девојката Бела е тајно мажена пред многу години, но патиштата им се разишле.. по долго време се среќаваат, но во многу различни околности ..Бела е веќе мажена за друг. Таа планира никогаш да не ја открие својата тајна, но работите не се како што очекува таа.
    Незнам зошто но на крај пуштив некоја солза што обично никогаш не ми се случило, ептен бев внесена додека читав :lol: Омилен лик ми е Филип (вториот маж на Бела) иако не е поопширно прикажан.
     
  11. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ејми ја нема-Џилијан Флин
    Па незнам каква критика да и дадам,бидејќи еден дел ми се допадна,друг дел не.Ме изненади книгава во секој случај,не е толку лимонатка како што очекував.Психопатска е малку,а во исто време страшно добар трилер.Така да ја препорачувам :D
     
  12. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Прирачник за анти антиалкохоличари-Игор Џамбазов

    Книгата сосема случајно ја фатив,очекував да биде слична со Гол човек и некако мислев дека дека тоа што ќе го прочитам ми е познато.Ама неговата интимната исповед повторно ме потресе.
    Книгата е лесна, читлива,многу ликови се препознаваат.

    Ја препорачувам.
     
  13. Fruity

    Fruity Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    19
    Оддамна ја имам читано книгава и пробувам да ја најдам да ја препрочитам, да не знаеш од која издавачка куќа е?
     
  14. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    903
    Од Силсонс е.
     
  15. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Хипнотизер-Ларс Кеплер

    Не ја ни прочитав книгава цела. Никогаш ми се нема случено тоа, не сакам да оставам книги недочитани ама книгава едноставно не можев.. Прво, друга приказна очекував, па можда затоа се разочарав.. Второ, и фалеше некоја магија, нешто да ме влече да вртам страница по страница.. Јас во книгава магија никаква не најдов.
     
  16. Tinka-Martinka

    Tinka-Martinka Активен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    10 глупости со кои мажот може да си го упропасти животот.- Лаура С.Шлезингер.

    Доста интересна книга.Еве еден мал извадок: "На светот постојат три типа на мажи.Првиот тип учи читајќи,вториот набљудувајќи,а третиот едноставно мора сам да се измокри на електричната ограда."

    Ви ја препорачувам прочитајте ја, не е за критикување. :D
     
  17. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Внимавај што посакуваш - Александра Потер
    Лесна романтична комедија и у`ивав да ја читам во овие студени денови дома на топло :)
    Дали не прави среќни тоа што добиваме што ќе посакаме кога она кое најмногу го посакуваме не можеме да го добиеме?! Александра Потер открива како може животот да изгледа кога наеднаш сите желби ќе ви се остварат.
     
  18. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Си ја прочитав ле јас-Сон на летната ноќ од Шекспир
    Интересна..хм,па така-така :P
    Најсмешен дел ми беше кога кралицата се заљуби во магарето Калем! :lol:
    Не е нешто посебна книга,хумористична до некаде,до некаде досадна... ;)
     
  19. skygirl

    skygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    153
    “Мисија“ од Миле Костов.
    Дејството се случува во Македонија, а главни носители се млада девојка и сосем обично момче кое на некој начин е поврзано со професор кој дошол до сознанија за кои се заинтересирани моќни организации. По смртта на професорот, нивните животни патишта се вкрстуваат, од нив зависи судбината и крајот на светот... Поради што, можеби романов некако ми наликува на “Кодот на Да Винчи“.
    Кинематографски структуиран, го задржува вниманието на читателот, изобилува со елементи на научна фантастика и во сижето крие љубовна приказна.
     
  20. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Клуб на чокохоличарки-Керол Метјуз.
    Книгава,што да ви кажам,по насловот се се гледа.Чик литература,лајт,на моменти хистерија да те фати од неа.Ама се заташкав,па еве денес го почнав и вториот дел.
    Се зборува за 4 пријателки,кои случајно се среќаваат во кафуле кое го држи геј пар,и каде што ги има најубавите чоколадни деликатеси во Лондон.
    Четири зависнички од чоколадо,четири пријателки,четири жени на кои животот не им е сервиран на златна тацна.
    Секојдневните проблеми ги лечат со малку чоколадо,кои со текот на времето се претвораат во чоколадна агонија.

    Книгава како што кажав,е многу лесна,релаксирачка,и не секој би ја издржал патетиката. :)