1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Kiara

    Kiara Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    9
    [​IMG]

    Тајната на сопругот од Лиен Мориарти

    Во срцето на Тајната на сопругот лежи писмо кое не смее да биде прочитано...

    Драга моја Сесилија,
    ако го читаш ова, тоа значи дека јас сум мртов...


    Замислете дека сопругот ви напишал писмо, писмо кое треба да се отвори по неговата смрт. Исто така замислете дека писмото ја содржи неговата најдлабока, најмрачна тајна - нешто што има потенцијал да ги уништи животите на повеќе луѓе, не само вашиот совршен живот кој го имате изградено заедно. Потоа замислете дека сосема случајно го наоѓате заталканото писмо додека вашиот сопруг сè уште е многу... жив.

    Сесилија Фицпатрик има постигнато сè: таа е неверојатно успешна бизнисменка, страшно почитувана жена во заедницата, посветена сопругa на својот совршен сопруг и прекрасна мајка на три деца. Нејзиниот живот е совршен и беспрекорен како и нејзиниот дом.

    Но ова писмо ќе смени сè и тоа не само за неа. Рејчел и Тес едвај ја знаат Сесилија, но тие исто така ќе ги почувствуваат катастрофалните последици од тајната на нејзиниот сопруг.


    Сите ние имаме тајни, но не како оваа...

    Ова е само кратката содржина од корицата, а моето мислење е дека книгава е одлична драма во која е вплетена интересна и тажна мистерија. Дефинитивно ја препорачувам.
     
  2. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    Дете од лоша фамилија-Дарко Лешоски

    отворив и тема за моето видување на книгава да не се повторувам во критиката.
     
  3. tropical

    tropical Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    61
    Ја купив на саем,но се покајав што ја зедов.
    Воопшто не ми се допадна -.-
     
  4. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Исчезната без трага -Шеви Стивенс

    Некако се навлеков на овие, како што некој претходно ги нарече "психопатски романи".
    Трилер, мистерија, справување со демоните од минатото, неочекуван расплет.
    Млада жена, која се занимава со продажба на недвижнини, е киднапаринана од еден психопат. Но, зошто...Ја препорачувам на љубителите на овој жанр.

    Следана -Тајната на сопругот ;)
     
  5. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Во тие немирни времиња особено бил тежок животот на жените.Но,најдоброто нешто во романот е неговата течна и кристално јасна нарација која буквално вози по најмрачниот период на мрачниот среден век и низ животот на една невообичаена жена со огромен интелект. Била таа реалност или мит, факт е дека "Папата Јована" е успешна фикција.
    Ви ја препорачувам-прекрасна книга ;)
     
  6. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    [​IMG]

    Доколку сакате тинејџерска љубов помешана со присуство на ангели,демони и отфрлени,книгата ви ја препорачувам.Мене на почетокот ми беше малце непозната бидејќи ги немам прочитано сите делови,но се навикнав и ја дочитав.Интересна,несекојдневна.
    ^_^
     
  7. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Ми припаѓаш мене - Карен Роуз

    Многу ми се допадна книгата мноогу.
    Штотуку ја дочитав, синоќа ја читав до 5 часот и денеска продолжив, иако е 590 страни се чита брзо и не забележуваш кога летнале страните.
    Криминалистичко - љубовна, возбудлива, и мноогу интересна.

    Луси која е паталог, животот ќе и биде во невоља одкако едно утро ќе најде нешто ... Детективот Џ.Д. ќе истражува и следуваат многу возбудливи и интересни моменти.
     

    Прикачени фајлови:

  8. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Девојката што си играше со оган - Стиг Ларсон
    Предобар трилер, исто како и првиот дел.
     
  9. nicol

    nicol Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    139
    Исповед од харемот од Бранко Миленковиќ
    Вистинска приказна, и многу е добра
     
  10. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.275
    Пол:
    Машки
    Hubert Selbi - Last Exit to Brooklyn

    Култна класика со мноогу груб и хипер реалистичен стил на пишување.
    Добра е за освестување и за споредба на оваа наша денешна декаденција и неморал со Бруклин од средината на 60-тите години.
    Буковски ми е порепрезентативен ама он пишува од лична перспектива :geek:
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Ја прочитав во еден здив. Можеби и помалку. Tрепкав само за да ги тргнам солзите од очите за да можам да продолжам да читам. Јасно ми е сега. Се ми е јасно. Приказната за Августус и Хејзел влегува на мојата листа на незаборавни приказни. На незаборавни ликови.
    Премногу емоционална книга, мисли и реченици кои ќе те натераат да се запрашаш што всушност правиш ти со својот живот. Што правиш ти со својата среќа да бидеш здрав, да бидеш жив, да нема саат што отчукува неизбежно врз твојата глава...

    If you were to go, and hopefully someday you will, you would see a lot of paintings of dead people. You'd see Jesus on the cross, and you'd see a dude getting stabbed in the neck, and you'd see people dying at sea and in battle and a parade of martyrs. But Nor. One. Single. Cancer. Kid. Nobody biting it from the plague or smallpox or yellow fever or whatever, because there's no gory in illness. there is no meaning to it. There is no honour of dying of”

    “There are infinite numbers between 0 and 1. There's .1 and .12 and .112 and an infinite collection of others. Of course, there is a bigger infinite set of numbers between 0 and 2, or between 0 and a million. Some infinities are bigger than other infinities. A writer we used to like taught us that. There are days, many of them, when I resent the size of my unbounded set. I want more numbers than I'm likely to get, and God, I want more numbers for Augustus Waters than he got. But, Gus, my love, I cannot tell you how thankful I am for our little infinity. I wouldn't trade it for the world. You gave me a forever within the numbered days, and I'm grateful.”

    "Grief does not change you Hazel. It reveals you."

    "My thoughts are stars I can't fathom into constellations."

    "You don't get to choose if you get hurt in this world, old man, but you do have some say in who hurts you."

    Уште многу мисли има во книгава, треба цела да ви ја пренесам тука. Ако ви падне во раце немојте ни за миг да се двоумите. Ова е книга која не се пропушта. Не ми се верува дека не сум ја прочитала до сега.
     
    На Domino, AnaKarenina, L-enna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Полноќни спомени - Сидни Шелдон

    Книгава е всушност продолжение на романот "Другата страна на полноќта". Обично воопшто не сакам да прескокнувам делови и кога се работи за книги и кога се работи за филм, меѓутоа книгава дојде случајно до мене, а и читкав на интернет дека нема нешто многу да пропуштам ако го немам прочитано првиот дел така што решив да ја читам. Книгава е одлична, барем по мене. Иако морам да напоменам дека мора да се чита внимателно зашто те носи од еден до друг крај па после ги поврзува деловите. Има многу имиња и тука може да настане збунка, ама сето тоа сепак го препишувам на тоа дека го немам прочитано првиот дел па ми беше малку потешко да се вклопам во првите страници.

    Се работи за девојка која е во манастир и и' е изгубено памтењето, со тоа што воопшто не знае како се нашла во манастирот. Решава еден ден да си замине од таму и да почне да истражува која е и од каде. "Случајно" еден милијардер сака доброволно да и' помогне и вели дека не ја познава. Таа оди кај него, и таму дознава дека он всушност многу добро ја познава и неа и нејзиниот сопруг кој бил осуден на смрттна казна заедно со неговата љубовница... доволно ви е. Ова е само во првите страни. За повеќе ќе си ја земете и ќе си ја прочитате. :lol:
     
  13. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Кога ќе заигра срцето - Џејн Мур

    Добра книга на почетокот ми беше досадна но подоцна е поинтересна.
    Кам има шест годишна врска со Дин но не се чувствува среќно. Еден викенд ќе оди на одмор со нејзините пријателки и ќе се случи нешто што ќе и го смени мислењето за оваа врска и ќе сфати дека е време да стави крај! :)
     
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Fahrenheit 451 - Ray Bradbury
    [​IMG]
    Дистописки роман напишан во 1953 година чија цел е да ја прикаже точката до која светот ќе дојде во иднина. 60 години подоцна, слободно можам да кажам дека ние веќе ја живееме таа иднина.

    Романот прикажува општество во кое книгите се забранети, а единствениот извор на било какви информации е телевизијата. Општество во кое книгите се непријатели на човекот, затоа што му создаваат конфузија. Како последица на информациите во книгите, се јавуваат различни мислења за одредени теми кои предизвикуваат противречност кај луѓето.

    Ова е приказна која раскажува за денот кога телевизијата ќе го уништи интересот за читање литература, а со тоа и ќе ги онеспособи луѓето сами да размислуваат.
    Fahrenheit 451 е всушност температурата на која гори хартијата. Guy Montag е еден од "пожарникарите" чија задача е да ја изгорат секоја книга која постои, затоа што начитаниот човек е опасен човек. Плачот и гневот на луѓето чии библиотеки ги уништуваат, предизвикува љубопитност кај Montag која ќе го натера да украде неколку книги за да се увери во она што власта им го сервира преку телевизиите - книгите се непријатели на човекот. Со тоа се одведува во опасност, но најважното од сé е дека Montag ни малку не се уверува во опасноста од книгите. Напротив.

    Книгава е малку филозофска, но мене многу ми се допадна затоа што начнува една многу интересна тема. Има многу убави цитати кои читателот ќе го натераат да размисли за тоа каква иднина не чека и колку лесно може човекот да биде изманипулиран благодарение на неговото незнаење. Ќе ве натера да се запрашате колку денес е ценета литературата и колку телевизијата (а 60 години подоцна и интернетот) служи за презентирање на добро спакувани информации извадени од контекст. Кога реков дека ние веќе ја живееме таа иднина, се повикував на фактот дека луѓето денес читаат, но не размислуваат. Само слепо ги прифаќаат информациите и полека сите се претопуваме во една маса, губејќи ја својата индивидуалност.

    Еве дел од цитатите кои мене ми оставија впечаток:

    We must all be alike. Not everyone born free and equal, as the Constitution says, but everyone made equal. Each man the image of every other; then all are happy, for there are no mountains to make them cower, to judge themselves against. So! A book is a loaded gun in the house next door. Burn it. Take the shot from the weapon. Breach man's mind. Who knows who might be the target of the well read man?

    Coloured people don't like Little Black Sambo. Burn it. White people don't feel good about
    Uncle Tom's Cabin. Burn it. Someone's written a book on tobacco and cancer of the lungs? The
    cigarette people are weeping? Bum the book. Serenity, Montag. Peace, Montag.


    So now do you see why books are hated and feared? They show the pores in the face of life.
    The comfortable people want only wax moon faces, poreless, hairless, expressionless. We are
    living in a time when flowers are trying to live on flowers, instead of growing on good rain and
    black loam.
     
    На Jeny, mamma-mia и Mayyya им се допаѓа ова.
  15. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Тајната на сопругот-Лиен Мориати

    И самиот наслов ја буди љубопитноста на секоја жена. Можеби и затоа во една од книжарите, веднаш по Нова година, го купив последниот примерок :) .
    Можеби и затоа очекував повеќе. Во една од рецензиите стои-Ќе ви се допадне ако сте љубител на серијата Очајни домаќинки. И баш така. Дејство, ликови-исто како некое продолжение од серијава. Мене малку ми фалеше напнатост, неочекувани пресврти. Но, сепак релативно добра, онака чисто за да мине време.

    Сервирај за победа-Новак Ѓоковиќ
    Во главно се задржува за безглутенскиот режим на исхрана, но се навраќа и на своите почетоци, особено во време на бомбардирањето на НАТО. Не пропушта и неколку иронични забелешки на сметка на својот најголем конкурент-Надал. Совети за физички и ментални вежби, извлекување максумум од нашите природни потенцијалите за постигнување на саканата цел.
    Со некои од советите во врска со исхраната не би се сложила, но како и да е...позитивно, мотивирачки може да делува особено на младите, но не слепо да се следи овој начин на исхрана што веќе станува тренд.
     
  16. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    Втора Шанса- Даниела Стил
    Интересна книга за една успешна уредничка на едно најпрестижно списание во Америка. Таа е убава, шармантна, паметна и успешна жена на која сите и се восхитуваат. Живее сама, немажена, предходно имала некои врски од кои ништо сериозно не произлегло. Мислејки дека засекогаш ќе живее сама и независна на еден рабоен состанок сретнува човек во кој ќе се заљуби. Понатаму следи колуминација. Многу добра книга.
     
  17. CaperucitaRoja

    CaperucitaRoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    1000 неверојатни сонца-Халед Хосеини

    Книга која зборува за пожртвуваноста и силата на жената. Несреќата на авганистанската жена додека се бори против стегите на мажот, е толку живо опишана преку ликовите на Маријам и Лејла. Љубовната приказна меѓу Лејла и Тарик, пак, е цврста нишка што се провејува за време на бунтовите што се случуваат изминативе триесетина години во Кабул.
    Хосеини е неверојатен наратор и литературен мајстор. Ликовите во книгата се одлично обработени, а она што мене ме плени е како тој успешно навлегува во женската психа. Иако се’ уште се сеќавам на Амир и Хасан од „Ловец на змејови“, Миријам, Лејла, Рашид и Тарик се ликови кои уште долго ќе останат во моето сеќавање.

    Најдобрата книга на Хосеини според мене, задолжително прочитајте ја!
     
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    The Fault In Our Stars - John Green

    Прво морам да признаам дека малку скептично ѝ пријдов на книгава, од проста причина што tumblr е окупиран со слики од филмот кој треба да излезе годинава. Па некако добив чувство дека е само уште една клише тинејџерска книга по која девојчињата кубат коси и сега ете ќе прават филм.

    Леле, колку многу сум се излажала!
    Книгава ќе ја паметам засекогаш како прва книга на која сум плачела! Никогаш досега ниту една книга не ми измамила солзи. Оваа ме скрши тотално!
    Ме освои уште од првата страница. Толку многу ми се допадна начинот на кој Хејзел ги раскажува настаните, што многу пати се навраќав да препрочитам некои делови. Немам навика да пречитувам книги, ама оваа знам дека ќе ја прочитам барем уште еднаш. Од срце си се смешкав додека во глава си ги замислував Хејзел и Августус, кои патем дефинитивно ќе ми останат како едни од омилените ликови од книги. Премногу се соживеав со нив.

    Целата книга има прекрасни цитати, не би можела да издвојам неколку, инаку како што кажа Рејн погоре, ќе треба цела книга ја да постирам. Ама ќе го издвојам делот што мене лично ме скрши:

    When you go into the ER, one of the first things they ask you to do is to rate your pain on a scale of one to ten, and from there they decide which drugs to use and how quickly to use them. I’d been asked this question hundreds of times over the years, and I remember once early on when I couldn’t get my breath and it felt like my chest was on fire, flames licking the inside of my ribs fighting for a way to burn out of my body, my parents took me to the ER. A nurse asked me about the pain, and I couldn’t even speak, so I held up nine fingers. Later, after they’d given me something, the nurse came in and she was kind of stroking my hand while she took my blood pressure and she said, “You know how I know you’re a fighter? You called a ten a nine.” But that wasn’t quite right. I called it a nine because I was saving my ten. And here it was, the great and terrible ten, slamming me again and again as I lay still and alone in my bed staring at the ceiling, the waves tossing me against the rocks then pulling me back out to sea so they could launch me again into the jagged face of the cliff, leaving me floating faceup on the water, undrowned.

    И тука веќе не можев да се соземам, почнаа да ми течат солзи, па ја исклучив книгата за малку да се потсмирам. Затоа што знаев дека баш најтешкиот дел за читање допрва доаѓа.

    Не знам дали ќе го гледам филмот, ама на интернет најдов многу убави пораки од книгата со слики од филмот. Меѓудругото и оваа маичка...
    [​IMG]
    ... што сакам да си ја купам и да шетам низ Скопјево со неа. И сакам сите што ќе ја видат и ќе го знаат значењето, да ми пријдат па заедно да седнеме на кафе.
     
    На Heartbeat, RainBow, L-enna и 2 други им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    ^Леле маичкава. :inlove: И јас сакам една таква.
    Книгава ќе биде преведена кај нас следниот месец ваљда и многу ми е мило што сите ќе можат да ја прочитаат. :)
    Јас ја дочитав Тајната на сопругот, одлична книга, ми се допадна како е раскажана и како се спојуваат приказните.
    Поетската правда на крајот ме изненади, не очекував баш така да се решат работите.
    Лесно се чита книгава, приказната си тече без прекини, препорачувам. :)
     
    На L-enna и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  20. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    ^Видов дека ја препорачувате,ја прочитав и не зажалив.Знаете вие што е добро :D
    The fault in our stars

    Ова е една од најубавите книги што сум ги прочитала,значи неможев да се соземам од плачење,толку емоција преточена во зборови,интересни саркастични досетки,авторот е гениј.
    Несакам да двојам фрази,едноставно целата е испишана со инспирирачки зборови,прекрасно нешто.
    А оваа маичката мора и јас да ја имам.Кога ќе испадне на македонски,пак ќе си ја читам,едноставно мора да ја имам во домашната библиотека!!
     
    На L-enna и RainBow им се допаѓа ова.