1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    По примерот на АнаКаренина и Реин и после толку добрите критики за книгата The fault in our stars- John Green
    зедов, оставив се што правев и одма зедов да ја читам. Додуша не баш одма, сепак чекав да ми пристигне од Скопје книгата, ама во истиот момент што стигна седнав да ја читам.
    Ауф каква книга. Одлична, предобра, премногу ми се допадна. Ја прочитав маратонски за еден ден и 2 часа. Предобро нешто. Книгава ми побуди такви емоции какви што никогаш не ни мислев дека една книга може да ми побуди. Дефинитивно оди во топ 10, ако не и во топ 5 книгава.
    Прв пат се сретнувам со авторов и ме освои неговиот стил на пишување, одма уште на стартот, после првите две прочитани страни. Како што кажав одличен стил на пишување, одлични описи, а пред се одлично оформени ликови и настани. Ниту во еден момент не ми беше досадна.
    Цитати неможам да издвојам, многу беа.
    ПРЕПОРАЧУВАМ!
     
    На Marossa, L-enna, AnaKarenina и 2 други им се допаѓа ова.
  2. StarSky

    StarSky Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    9
    Белата светлина во Париз - Тереза Ревај. Прекрасна книга, околу 500 страници. Почнува во Русија во времето кога болшевиците ја превземаат власта. Се зборува напоредно за едно 15 годишно девојче кое ќе мора да застане на чело на семејството и да го овозможи нивното пребегување во Франција, и за еден фотограф од Германија кој членува во едно од друштвата против Хитлер. Брилијантни личности, сјајни карактери, грозоморни акти од страна на нацистите... Се на се, книга поради која нема да ви биде криво што сте останале без сон. Има и продолжение, „Сите соништа на светот“. Прочитајте ја ако ви дојде при рака, нема да згрешите ;)
     
  3. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    3.974
    Допаѓања:
    70.207
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден ги купив двата дела и вчера само што ја почнав да ја читам и прочитав 10тина страни и премногу ми се спиеше и ја оставив, но по ова што го прочитав мислам дека денеска ќе останам без сон. :)
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Gone Girl - Gillian Flynn
    (или според нашиот превод - Ејми ја нема)

    Едно топло летно утро во Мисури, Ник и Ејми се подготвуваат да ја прослават својата петта годишнина од брак. Се замотуваат подароци, се прават резервации во ресторани, но прекрасната и паметна сопруга на Ник одеднаш ја снемува од нивната куќа, а она што е оставено зад неа укажува на насилство... Кога сите почнуваат да ја бараат неговата прекрасна, брилијантна и духовита жена - неверојатната Ејми - Ник не изгледа толку загрижено колку што би требало да изгледа еден маж чија сакана сопруга е киднапирана, можеби и мртва. Кога полицајците почнуваат да копаат подлабоко, сфаќаат дека Ник не изгледа толку наивно како што мислеле на почетокот, напротив, тој дури можеби и има мотив да ја убие.

    Прво морам да напоменам дека сакам книги во кои паралелно се дадени две приказни - или во овој случај две различни страни на иста приказна. Особено ми се допадна тоа што во првиот дел беа дадени во различни временски рамки. Ликовите се толку добро обработени, што додека ја читав, имав чувство дека ги истражувам и најситните мозочни клетки на главните ликови. Ник и Ејми се многу убаво психолошки анализирани преку една многу замрсена приказна од која постојано го менував курсот на размислување. Многупати ме остави подзината и постојано се обидував да го предвидам текот на настаните, но на крајот секогаш ме изненадуваше.
    Како љубител на трилери, топло ви ја препорачувам оваа заплеткана и мистична приказна.
     
    На macka91, Marossa, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Џон Гришам - Уличниот Адвокат
    :bow: :bow:
    Одлично дело. Премногу ми се допадна. Од моментот кога го зедов во рацете не го оставив се додека не го дочитам. Еве само што завршив. Ја прочитав книгава во рекордно време.
    Браво за Гришам, искрено прв пат читам негова книга и премногу ми се допадна стилот на пишување. Кратко, јасно, без да навлегува во многу описи, секој збор е на место, секој опис е доволен. Одлично склопена приказна, одлични ликови. Интригантна до самиот крај. Ми се допадна и од правен акспект(како иден правник многу работи научув од книгава :lol: ).
    Се работи за адвокатот Мајкл кој е 32 годишен и вработен во една од најголемите фирми со Вашингтон и е на добар пат да стане партнер. Неговиот живот се менува за 360 степени кога еден ден неадејно станува заложник во неговата фирма. Понатаму да не откривам, самио прочитајте, нема да се разочарате.
    Откако авторов ме воодушеви со ова дело, гледам Хипстерка препорачала Брокер, а во план сум и да ја земам и Повикот од истиот автор.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Me before you - Jojo Moyes

    Јас ја почнав книгата откако и заврши рокот за читање во другата тема.
    Последните 10% од книгава ги читав со грутка во грлото и полни очи солзи.
    Одморот на Вил и Луиза беше пребрзо раскажан, ко и јас да сакав вечно да трае нивната авантура и безгрижност таму.
    Го издвоив овој дел, кој и го запишав во тефтер како еден цитат кој нема од глава да ми излезе:

    And I don't want to look at you every day, to see you naked, to watch you wandering around the annexe in your crazy dresses and not...not to be able to do what I want with you...Oh Clark, if you had any idea what I want to do to you right now. And I...I can't live with that knowledge. I can't. It's not who I am. I can't be the kind of man who just...accepts!
     
    На Marossa, Vikica.cuci и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  7. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Ѓорѓи Абаџиев- Пустина
    [​IMG]
    Каснам со книгава и то едни три години. ЗНам во средно немав време и не ја прочитав оваа книга. Минатио пат во дискусија со дечко ми за добри Македонски книги ми ја спомна Пустина како една од нив. После малку препирање оти не сум ја прочитала, ми ја донесе и ми рече да ја прочиташ. Еве сега ја завршив.
    Добра книга, ме изненади стилот на пишување кој беше доста добар. Тешка за читање и разбирање, но како што се движиш кон крајот се повеќе и повеќе ја разбираш.
    Ми се допадна содржината, ликовите, се. Инаку се работи за Солунските Атентатори.
    Препорачувам, ако ја немате прочитано, прочитајте ја, не чекајте како мене.
    Следна на листата Me Before You :rock:
     
  8. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    КРАЈОТ НА ЕДНА ЉУБОВНА ПРИКАЗНА - Греам Грин
    Роман кој што ќе Ви се допадне или НЕ - нема рамнодушност!!! Во романот еден маж - Морис Бендрикс во својство на љубовник ја раскажува приказната за една жена - Сара Мајлс. Сара е изгубена во љубовта помеѓу двајца мажи, сопругот и љубовникот. Љубовната афера помеѓу Морис и Сара како воопшто да не му пречи на нејзиниот сопруг Хенри, кој е добар пријател со Морис...
    По бурната и голема љубов, по периодите на раздвоеност на љубовниците, по повторното пронаоѓање, следува смртта на Сара која двајцата најважни мажи во нејзиниот живот ги спријателува уште повеќе, што на крај резултира со нивно големо пријателство до степен да продолжуваат да живеат во иста куќа!!!
     
  9. curlygirl

    curlygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Се гледаме на врвот - Коста Петров
    Јас сум воодушевена,едноставно просветлена на еден начин.Цело време ми зборуваа за книгата како ги променило,не им верувам ,но сега гледам зашто било така.Темите кои се обработени во книгата се всушност теми од нашиот секојдневен живот.Писателот си дава на еден начин сопствена критика и мислење за тоа како повеќето од луѓето реагираат на пречките кои и ги сервира животот.Воедно ја раскажува својата животна приказна која ме воодушеви.Неговата храброст,упорност,борбеност го довеле на местото каде што е денес.Всушност сака да ни укаже дека сите ја имаме таа шанса да бидеме нешто големо во животот,само треба напорно да работиме и да не потпаѓаме пред пречките.Дефинитивно препорачувам :)
     
  10. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Me Before You- Jojo Moyes

    Ако ЛилБејби закаснила со книгата јас шо да кажам? :D
    Шалата на страна одлична книга, одлична. Се согласувам со се шо е напишано за неа во оваа а и во другата тема. Сите цитати издвоени, посебно оној од ЛилБејби кој и јас си го извадив во тефтерот мој.
    Незнам што да кажам друго за книгава освен дека навистина вреди да се прочита. На почетокот е малку конфузна но како што се повеќе и повеќе ја читате се појасна станува и се помалку сакате да ја оставите.
    Мене исто и овој цитат ми се допадна премногу:
    Одлична книга, препорачувам :clap:
     
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Кутија во облик на срце - Џо Хил
    (бидејќи не е закажана книга од клубот на форумов, туку ја читав по мој личен избор, овде пишувам критика)

    Избегнувам хорор приказни, без разлика дали се работи за книги или филмови. Ама дечко ми ме убедуваше дека е добра, па му ја позајмив и се туткав во фотелјата по цели ноќи додека ја читав.
    Иако не е баш мала, се чита многу брзо. Прва книга е од ваков тип што сум ја прочитала.
    Кутија во облик на срце е доказ е дека книгите можат да бидат пострашни од филмовите, дефинитивно! Кога гледам филм, можам да ги предвидам страшните сцени според музиката (или тишината). Па да подзамижам и да ги прескокнам. Е овде... морам да ги прочитам.
    Сцените се толку добро опишани, што навечер ми беше страв да заспијам :tmi:
    Многу пати се наежив како кокошка искубана, па само се обѕрнував околу мене...
    На моменти дури и ми беше грозна и одвратна, но во целина ми се допадна многу.
    Ја препорачувам на сите љубители на хорор приказни :)

    Кратка содржина за да ве заинтригира:
    Кога Џад открива дека некој преку интернет продава дух, воопшто не се двоуми дали да го купи. Тоа за него беше уште еден совршен додаток кон целата негова гротескна колекција, во која вклучува и готвач за канибали, исповед на една вештерка... На неговата адреса пристигнува дух во црна кутија со форма за срце и тука веднаш започнува вознемираноста во неговиот дом. Поради него се случуваат чудни работи...
     
    На Markusa2, 1209 и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.321
    Допаѓања:
    41.606
    Пол:
    Женски
    Значи фала многу девојко што ми ја распа книгата! Постои спојлер и ептен крајно се изнервирав кога после толку очекување на истата отварам тема и прво мислење е твоето кое тотално ме уништи.Никаде не се спомнува крајот на книгата и стварно немало никаква потреба да го откриеш!!! :@
    Извинете за офф.Ама стварно
     
  13. StEfAnIjA-84

    StEfAnIjA-84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    33
    Ако тоа е љубов- Михајло Пантиќ
    не е последна која сум ја прочитала, но сигурно последна која ми оставила така силен и многу убав впечаток. Лесна е за читање и навистина е убава книга. ;)
    Пробував да ја најдам ПРЕД ДА ЗАСПИЈАМ - СТИВЕН ВОТСОН но некако не ми успева... :^) ако знае некој кај може да ја најдам ќе ве молам пишете :lol:
     
  14. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Come home - Lisa Scottoline

    Очекував просечен роман, но излезе повеќе од просечен.
    Семејна драма која станува опкружена со крими дејствија и мрежа на луѓе поврзана со челни луѓе во фармацевтската индустрија.


    Лиза одлично ги опишува односите на едно семејство кое порано функционирало перфектно се додека не дошол разводот на ред, а тука се вклучени и деца од претходните бракови на двајцата сопружници.

    Се започнува со смртта на Вилијан и неговата ќерка избезумена од тоа што го нашла својот татко мртов, оди кај неговата бивша жена или нејзина поранешна маќеа за да и соопшти.
    Сплетките доаѓаат подоцна откако минатото на Вилијан кое содржи многу сочни детали, ќе започне да го открива Џил, неговата бивша жена.
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Into the Darkest Corner - Elizabeth Haynes

    Еден од најдобрите трилери кои сум ги читала!
    Страниците ги голтав и ми беше тешко да ја оставам кога веќе морав да си легнам :$

    Иако од првите две поглавја веќе имав визија кој ќе биде негативецот во приказната, сепак си дозволив себеси да се вљубам во неговиот лик и да паднам на неговиот шарм, барем во првата третина од книгата. Ми се допадна како настаните суптилно доаѓаат до точка на кулминација, како постепено излегува на површина она кое било вешто сокриено. Темата не е непозната, но ми се допадна како беше разработена. Некако, имав чувство дека приказната е многу објективно раскажана, без никакви сугестии и обиди да се наведе читателот кон нешто. Убаво беше обработено опсесивно - компулзивното нарушување, и тука ми немаше никакви нелогичности. Ми се допадна тоа што истиот наратор паралелно нé води низ две различни приказни, во два различни периоди од нејзиниот живот.
    А што се однесува до ликот на Кетрин, толку многу се соживеав со нејзината судбина, што буквално чувствував мачнина во стомакот од некои сцени. Толку ми беа одвратни, што ми стоеше некоја грутка во грлото додека нетрпеливо и брзо ги следев настаните.

    Книгава ја има во македонско издание, можете да ја најдете тука заедно со кратка содржина која верувам дека ќе ве заинтригира.
     
    На 1209 и RainBow им се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.935
    Пол:
    Женски
    Приказни од Мјаукедонија - Игор Џамбазов.
    Па океј е, не е нешто уау, ама може да помине. Лесна книга, за тепање време. :)
    Ми се допаѓа и хуморот на Игор. Како за релаксација - добра е. ;)
     
  17. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    On the island - Tracey Garvis-Graves

    Ова е една модерна Робинзон Крусо приказна.
    Едно момче Ти Џеј и туторот негов Ана одат на пат за Малдиви, се случува несреќа во која пилотот доживува срцев удар и слетуваат директно во океанот.
    Згодите и незгодите им се интересно раскажани, лесно сварлива приказна. Се случуваат и искри меѓу нив и тоа отвара нова димензија во приказнава. :)

    Следни ми се Uncharted и Covet од истава авторка.
     
  18. FemmeFatale

    FemmeFatale Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Пиреј- Петре.М.Андреевски

    Страшно добра книга! Не сум фанатик по македонските писатели иако имам читано нивни книги, ама Петре ме сотре на начин на кој до сега го нема направено ниеден друг македонски писател! Толку многу живописни портрети, што на моменти ќе се подразмислиш дали си влегол во книгата или не.. Не потсетува колку всушност нашиот народ има претрпено и пак никој не успеал да не "исчисти" од лицето на земјата. Од таму е и насловот Пиреј. Цитирам : Племето наше е пиреј, и не го ништи ниедна војска и ниедна болест.
    Ни говори и за болката на мајката кога ги губи своите 5 чеда но исто како "пирејот" среќата ја наоѓа во последното, шестото дете. Колку може губитокот на саканите личности да не смени во дел од секундата. Книга во која ќе се запрашате кои се всушност нашите вредности во животот и за што треба да се бориме...Угнетувани,протерувани,починати од болести, и на крај повторно преродени.Чувството на патриотизам ќе се разбуди во вас, а исто така ќе ве натера да станете да ја гушнете вашата мајка и да и кажете благодарам за се што правела и ќе прави за вас,затоа што нема почиста и пожртвувана љубов од љубовта на мајката кон детето. Топло препорачувам ! :)
     
    На Ketrin.Moon, Hipica и SV1911 им се допаѓа ова.
  19. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Одамна немам напишано во темата :geek:

    [​IMG]
    Препушти се - Сара Десен

    Оден е едно осамено и многу паметно девојче. Таа всушност никогаш немала вистинско детство како сите други деца. Нејзините родители своето внимание му го посветиле на нејзиниот брат, а неа отсекогаш ја сметале како многу зрела и самостојна личност. Таа свое прибежиште нашла во книгите и во учењето. Но животот на Оден се менува од корен после разводот на нејзините родители.
    Тие постојано се расправле ноќе, и поради тоа таа не може да спие. Летото пред да тргне на факултет решава да оди кај нејзиниот татко, кој живее во Колби и ... таму и се случуваат многу убави рабти ... Многу убава книга која не можев да ја оставам и ја читав до доцна во ноќта.


    [​IMG]
    Заедно - Џоди Пико

    :clap: :clap: :clap:

    Уште на почетоко ми беше многу интересна и никако не ја оставив се додека не ја прочитав. Интересна книга која ми го привлече вниманието и ме оставаше без здив на моменти. Се работи за двајца тинејџери Крис и Емили кои се знаат од бебиња заедно пораснуваат, нивните родители се пријатели и сите посакуваат пријателстовот на Емили и Крис да прерасне во врска, и така и се случува. Но Емили се самоубива а Крис е обвинет за нејзиното самоубиство. Зошто? Што? и Како? прочитајте. Книгата се чита многу брзо околу 540 стр. е, а јас ја прочитав за 4 дена.

    [​IMG]
    Дневникот на Сузана за Николас - Џејмс Патерсон

    Кратка книга која ја прочитав за два дена. Ми се допадна содржината а крајот ме расплака.
    Се разботи за една девојка по име Кејт која конечно го пронаоѓа мажот од своите соништа. Но на нивната венчавка тој ја остава а единственото нешто што и го остава е Дневникот на Сузана за Николас.
    Што овој дневник значи за Кети и дали ќе ѝ помогне да ја ублажи болката или пак напротив, само ќе ги влоши работите ...
    Од оваа книга научув добра лекција дека Среќата е во малите работи ....
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Gabby: A Story of Courage, Love and Resilience ја има напишано пензионираниот астронаут Марк Кели,посветена на неговата сопруга конгресменката Габриела Гифордс која беше застрелана во главата од атентатор,и нејзината борба со тешките последици..Многу болна,вистинска и приказ на неговата љубов кон жената чија кариера и здравје сосем ги измени лудак со пиштол..