1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Големиот Гетсби-Ф.Скот Фицџералд
    Книгава во целост ми се допадна! 8)
    И јас сакам некој да ме гледа како што Гетсби ја гледаше Дејзи. :$
    Книга за вечното ривалство меѓу вистинската љубов и таа што не е тоа,за страдањето,страста и (не)човечноста,со носталгично нижење на раскажувачки слики.Големиот Гетсби,според кој е снимен и филм,ниту строгата жиботна дисциплина,ни сето богатство што го создал не му помогнаа да ја освои вечната љубов на саканата Дејзи.Дали Гетсби го пронашол својот мир не кажувам,нека биде тајна,која ја крие матната вода на езерото во која неговата душа една есен засекогаш исчезна...
    :bow:
     
  2. Tolka

    Tolka Нов член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Калуѓерот што го продаде своето ферари - Робин Шарма.... стана моја омилена книга
    Приказната ја раскажува адвокатот Џон, колега на Џулиен кој бил врвен адвокат кој на сред судење доживува инфаркт... Сепак, секое лошо е за добро. Инфарктот му помага на Џулиен да сфати колку стресен и несреќен живот живее па се одлучува да продаде се што поседува и да оди на едно патување кое од корен ќе му го смени животот.
    Прирачник за тоа како треба правилно да се живее и дефинитивно книга што треба секој да ја прочита...
    Едвај чекам да го прочитам продолжението - Тајните писма на калуѓерот што го продаде своето ферари :)
     
    На sweetyB му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    29.263
    Пол:
    Женски
    Прв за умирање-Џејмс Патерсон
    [​IMG]
    Имав желба за возбудлив трилер, а бидејќи веќе имав читано неколку од авторов се решив за оваа книга.Книгава е всушност прв дел од серијал наречен Women's Murder club, баш забележав имало и серија базирана на книгиве, како и филм.Се работи за една детективка,Линдзи која работи на тежок случај, убиства на штотуку венчани двојки.Покрај потрагата за убиецот, се бори и со сопствените демони, но за подршка ги има трите пријателки со кои го формираат клубот.Мислам дека страниците ми летаа, не можев да ја оставам книгава, навистина е напишана на лесен начин и едноставно те тера да читаш повеќе и повеќе за да дознаеш што ќе се случи.Крајот ми беше предвиден, но епилогот крајно ме изненади и сфатив дека страшно сум згрешила.И да има некои гадни сцени, ама па скоро секој трилер ги има.
    Планирам да ги прочитам и останатите книги од серијалов, поприлично многу ме заинтригираа :)
     
  4. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    ТАЈНАТА НА СОПРУГОТ - ЛИЕН МОРИАРТИ
    [​IMG]

    Замислете дека сопругот ви напишал писмо, писмо кое треба да се отвори по неговата смрт. Исто така замислете дека писмото ја содржи неговата најдлабока, најмрачна тајна - нешто што има потенцијал да ги уништи животите на повеќе луѓе, не само вашиот совршен живот кој го имате изградено заедно. Потоа замислете дека сосема случајно го наоѓате заталканото писмо додека вашиот сопруг сè уште е многу... жив.

    (Кратка содржина превземена од сакамкниги.мк)

    Прекрасна книга,драма,мистерија.Книга што дефинитвно ќе го задржи вашето внимание,книга што се чита во еден здив.Ја препорчувам.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Спасување-Никола Спаркс
    [​IMG]
    Се работи за една жена по име Дениз која има 4 годишно дете.Нејзиниот син,Калј има проблеми со зборувањето односно не го заспознава јазикот и ја има способноста на зборување како 2 годишно.Таа е фокусирана на него се додека во една несреќа еден пожарникар ја пронаѓа а и истовремено го наоѓа нејзиниот син кој побегнува од местото на несреќата.Од тука почнува интересното :) ...Искрено мене мнпгу ми се допадна.Се прашувам дали има филм според книгата и ако нема би требало да направат.Ја препорачувам ;)
     
    На nikiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Сенка на ветрот - Карл Луиз Зафон
    Предобра книга, маестрален стил на пишување, иако има доста морничави моменти (мене баш такви работи ми се допаѓаат) има и стварно преубави мисли.Приказната е многу добра со милион заплети (иако по малку предвидлив крај), но сепак ја препорачувам на секој.
     
    На Ketrin.Moon, sweetyB и sweet-star им се допаѓа ова.
  7. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    3.976
    Допаѓања:
    70.251
    Пол:
    Женски
    Заедно - Џоди Пико

    Прекрасна книга која дефинитвно ја препорачувам. Поради напнатите ситуации и неочекуваните пресврти нема да забележите колку брзо го вртите страниците се додека не стигнете до самиот крај.Книгата буди емоции и ве тера да размислите колку добро ги познавате вашите деца.
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Психологија на сонот-Зигмунд Фројд

    Едноставно без зборови останав.
     
  9. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Роза за балерината-Лурлин Мекдениел
    Се работи за двајца пријатели(момче и девојче) кои се заедно од 1одд и делат се.Родителите на Џес(момчето) се разведуваат и тој се сели заедно со мајка ми.Тој и Мелинда сеуште се допишуваат.Таа сака да стане балерина а тој да биде со неа.Сега доаѓаат пресвртите и тажната страна..Вреди да се прочита ;)
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Се што премолчавме од Марк Леви :)
    Пред се да кажам дека ми се допадна и ја прочитав за 4 саати :tmi:
    Ми се допаѓа тоа што до самиот крај те држи во неизвесност,во претпоследниот и последниот дел се дознава се.Тоа што го претпоставував на почетокот немаше никаква врска со крајот тоа ме фасцинираше бидејќи скоро на повеќето книги крајот го погодував барем приближно :D
    Ако почнам да зборам за содржината ќе ви раскажам баш се незнам да премолчам :?:
    Кој е заинтересиран нека пише во лп :*
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Хобитот - Џ.Р.Р. Толкин
    Иако е наменета за деца треба да ја прочитаат и повозрасни. Мене многу ми се допадна цела таа авантура на Билбо Багинс во која се вклучува ненадејно после појавувањето на волшебникот и џуџињата. Низ цела таа авантура од патување со месеци се среќава со непредвиливи ситуации, а како се справува со нив треба сами да откриете :)
     
  12. sweetyB

    sweetyB Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    79
    Последна книга што ја прочитав беше „Крадачка на книги“ - Маркус Зусак.

    Книгава е прекрасна, полна со емоции која нема да ви дозволи да ја оставите. Морам да кажам дека ова е единствената книга која ме расплача. Обично не читам вакви книги, но оваа ме измами. Ќе доживеете неверојатно искуство со главниот лик девојчето Лизел, и ќе го видите начинот на живот за време на втората светска војна. Книгата е пишува на неверојатен стил на пишување. Ви ја препорачувам :)




    Морам да се согласам со тебе. Ја читав книгата и бев воодушевена. А стилот на Зафон е незаменлив. Ти препорачувам да го прочиташ и останатите два дела од оваа триологија.
     
  13. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Папата Јована - Дона Вулфолк Крос
    Книга која ме остави без здив , многу ми се допадна мнооогу. Плачев и на почетокот и на крајот. Од книгава можеш да извлечеш голема поука. Ме фасцинираше тоа колку многу Јована е храбра, и на моемнти додека ја читав се чувствував горда што сум женско.

    Стравот - Коста Петров
    Ја прочитав за два часа седнав и не станав додека не ја завршив. Предобра книга, те прави по храбар во животот и ти дава сила за да продолжеш понатаму и да се бориш за успешна иднина а стравот да го оставиш на страна. Сега од него ја читам Се гледаме на врвот и таа книга не е лоша но стравот ми се допалѓа повеќе сега за сега.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    The flavours of love - Dorothy Koomson
    [​IMG]

    Книгава буди секакви вкусови, на љубов, горчина, бес, тага, одмазда.
    Ми се допадна иако на моменти ми се чинеше дека премногу се цепка приказната и на секој лик му се посветува внимание повеќе од потребното, но не се жалам, си заврши онака како што требаше.

    Се работи за една жена која се справува со смртта на нејзиниот маж, која не е обична, извршено е убиство врз него. Истиот убиец почнува да и пишува писма давајќи и до знаење дека е тука, околу нејзе и нејзиното семејство.
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  15. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Се гледаме на врвот - Коста Петров

    Одлична книга. Прво ја земав од библиотека и уште на самиот почеток книгава ме освои, те замислува каков живот живееш ти. Тој самиот си ги раскажув миговите од неговиот живот со многу падови но и искачувања. Највпечатливото е што кога Коста е на самото дно и нема ништо, наместо да седи и плачи без да прави ништо тој дејствува и се бори понатаму. Оваа книга ме потикнува да се борам да ги остварам своите соништа и да не се одкажувам без разлика колку пречки ќе ми се појават на патот.
    Јас си ја купив дома, ја начекав во локална билбиотека не е скапа а вреде ваква книга да се има дома.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    И планините одекнаа-Халед Хосеини
    :@ Ти се невидам во книгата.Не знам за другите ама мене не ми се допадна бидејќи цело време знаев што треба да се случи ама не очекував дека средбата ќе биде толку обична.Мислам,крајот не беше ни малку спектакуларен,јас очекував огномети,чуда,да се заикнеш...а оно само се сретнаа на стари години и толку.Никому ништо.Јас па си правам филмови додека ја читам,сеа на крајот мислев кој знае како ќе се изненадам,некој инцест или нешто...И на крајот кога заврши :o ...Ништо-едно огромно ништо.Па вакви приказни и на Све за љубав има.Дали јас премногу очекував или што е работата не знам? :?:
    Изгледа такви книги јас ко што барам има само Достоевски и Толстој,да те размрдаат малку со некои откачени работи,ама па не ми се чита историја,сакам нешто ново,пресно а интересно :D
     
  17. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Без Страв ЛУРЛИН МЕКДЕНИЕЛ

    Kнигава ја купив од саемот затоа што веднаш ја познав авторката (која ја има напишано и книгата ,, Роза за балерината''. Одамна немав читано драма па затоа ја купив. На почетокот не бев воодушевена многу од содржината бидејќи настаните се одвиваа многу бргу и немаше некој детален опис. Но накаде на средината започнаа сплетките кога Тревис (главниот лик кој е популарен нуркач, но има неизлечив рак на коските со што му ја ампулираат ногата) ќе донесе страшна одлука и бара помош од другар му, девојка му и сестра му да му помогнат да ја оствари таа негова идеја. Нема повеќе да ви откривам, книгата е кратка, но прекрасна :) Вреде да се прочита
     
    На pikachy и rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr им се допаѓа ова.
  18. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Шепнувачот од Донато Каризи

    Навистина возбудлив трилер-роман кој не се испушта од рака. И покрај комплексноста и бројните настани и ликови, читањето оди многу брзо и навистина го имаш она чувство као да ги голташ страниците..
    Стилот авторот ми се допадна. Тој е криминолог по професија, па во однос на тој дел добро си ја завршил работата во смисла на форензика, психолошко портретирање на ликовите, истрага итн. Интересно, во одредени описи на природа, места, ми звучеше дури и поетично.
    Мене лично темата многу ме заинтригира, односно феноменот на т.н шепнувачи, кои директно не го извршуваат убиството туку делуваат по пат на сугестија. Всушност, како што вели авторот, наоѓаат соодветни личности за тоа, пред се ранливи и ја активираат темната страна на личноста (која најверојатно сите ја имаме).
    Романот има и доста недостатоци. Прво ликот на Мила-таква структура на жена-полициски агент оптоварена со сенките на минатото е веќе клише во овој вид на литература или филмови.
    Приказната толку се разгранува што некои приказни или случаи не се доволно разјаснети. Така ми останаа доста прашалници во главата-како беа добиени толкава количина на солзи во кадата во која беше најдена втората жртва...која е таа силна причина која ја имала жената да го напушти Горан, онака неочекувано и мистериозно...и мн. други.
    Следно, ми пречеше тоа што местата на настаните како и националноста на ликовите не беше конкретна. Тоа било и намерата на авторот, но јас сакам да ги имам и овие податоци.
    Како и да е, за љубителите на овој жанр, читањето на Шепнувачот е морално!!!
     
    На Lella, 1209, WarriorAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. FlameFairy

    FlameFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    197
    Fifty shades of Grey, уште последната книга ми остана и ако уште еднаш прочитам -my inner goddess...не знам што ќе направам. Покрај тоа, интересна книгичка таман за релаксација. Ми се допаѓа и изборот на глумци за филмот и така и ги замислував. Мислам дека и завидувам малку на животот на Ана. :D
     
  20. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Снежана мора да умре-Неле Нојхаус
    Само што ја дочитав книгата и морам да признаам дека е одлична.Двојно убиство,исчезнување,истрага...книга која нема да ви дозволи да заспијете и ќе ве држи буди до доцна во ноќта. Ви ја препорачувам,нема да зажалите,дефинитивно. :)