1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. l0vE...-love

    l0vE...-love Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Белешките на Лајла Грејс - Марија Јаневска,искрено многу ми се допадна книгата иако некои од текствите ги знаев од порано,ми се допаѓа начинот на кој таа си ги искажува мислите и начинот на кој ја дефинира љубовта.. :)
     
    На LalitaGrosa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LalitaGrosa

    LalitaGrosa Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    18
    Вчера ја завршив Единаесет минути од Пауло Коелјо..
    зборува за Марија која до љубовта на својот живот доаѓа преку проституција...сакајќи да се омажи за богат човек и да биде угледна богата жена, се вработува во клуб како проститутка.. го запознава момчето и тој знаејќи за неа и нејзиниот живот, сепак се заљубува во неа, и остануваат заедно..
     
    На Unica и Lotus-14 им се допаѓа ова.
  3. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Последна прочитана книга - Седум години подоцна - Гијом Мисо. Интересен трилер, но некако ми отскокнува од претходно прочитаните книги од Мисо!!! Ми недостасува ОНА НЕШТО по што Мисо е карактеристичен!!! Но, сепак вреди да се прочита...
    Приказната е испреплетена околу семејството на познатиот производител на виолини Себастијан Лараби, неговата поранешна сопруга Ники и нивните деца близнаци - тинејџерите Камила и Џереми. По разводот пред седум години близнаците се разделени - керката живее со таткото кој е строг и со традиционален начин на воспитување, а синот живее со мајката која е со помодерни сваќања и така го воспитува синот. Желбата на децата повторно да ги соединат своите родители е толку силна да по испланираното лажно исчезнување на Џереми целото семејство ке се најде во опасните канџи на нарко мафијата... Интересно!!! Прочитајте!!!
     
    На Ivy89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Ќерката на чуварот на спомените - Ким Едвардс
    Не ми се допадна воопшто.Интересна тема до некаде, но не доволно исцрпна за 500+ страни...Се зборува за доктор кој ја пораѓа жена си која што раѓа близнаци, едното е здраво и нормално а другото со Даунов синдром кое го дава на посвојување а на жена си кажува дека е мртво, и книгава цело време зборува што прават во секојдневен живот, ептеен развлечено и досадно 2-3 недели ја читав а крајот преочекуван.Нема ни некоја уметничка жичка, впечатлив стил на пишување...не ја препорачувам.
     
  5. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Седум години подоцна - Гијом Мисо

    Прво, мој личен впечаток е дека Мисо е се послаб. Мислам дека повеќе треба да внимава на квалитетот од квантитетот.
    И во овој роман стилот му е препознатлив и ликовите се добро обработени, убаво опишани локации, има тензија.
    Од него очекував некоја поента, повеќе од она дека можен е спојот на два навидум неспови карактери.
    На многумина им се допаѓа, но јас добив впечаток за еден обичен авантуристички роман, дејството ми беше предвидливо, некои сцени на тепачки -смешни, полицајка која умира од карцином си трча низ Париз ...петнаестгодишни деца сами си шетаат по светов.
     
  6. Katy12

    Katy12 Нов член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Втората Смена - најубаваа лектира денес ни е за обработка
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.729
    Пол:
    Женски
    Доживотна јамка - Драгица Најческа
    [​IMG]
    Хмм... Очекував малку повеќе од книгава. Ама не го добив баш тоа. Добив типична македонска приказна. Полна со несреќи. И несреќни судбини кои ги пратат главните ликови. Не беше нешто лоша приказната, ама како што кажав, ништо што веќе не е раскажано.
     
  8. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    Zloba-Danielle Steel
    Книгава ја прочитав на српски јазик,ја позајмив од една пријателка и има околу 270стр.
    Ја прочитав во еден здив што се вели.Толку ме заинтрегира што неможев да ја оставам.
    Книгава е многу поучна.Нешто најдобро што имам прочитано во последниов период.
    Чиста 10ка за неа. :clap:
     
  9. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Девојката од хартија - Гијом Мисо
    [​IMG]
    Интересна книга, на моменти неизвесна и со голема фантазија. Авторот во оваа книга ни покажува како е кога животот зависи од една книга.
    Додека Том доживува криза во пишувањето, во долгови е до гуша, и има емоцијонална криза поради тоа што неговата свршеница Аурора го остава, среде ноќ гола се појавува Били а нејзиниот живот зависи од неговото пишување. Нема да ви откривам повеќе детали прочитајте ја :D

    Само пријатели - Колин Хувер
    [​IMG]
    Wol, Чудо од книга!
    Само што ја завршив книгата има 257 страни а ја прочитав во рок од една ден. Ниту во еден момент не ми стана досадна, многу убаво е напишана и не е развлечени, едноставно се си е на место и страниците летаат.
    Прв пат почуствува жал и не сакав да ја оставам, не сакав да заврши книгата бидејќи многу ми се допадна. Има силна поука која не учи дека акценотот треба да се стави врз животот. Приказна во која двајца кои се сакаат треба да научат да бидат сосема пријатели. Не се работи за обична типична љубовна приказна туку за силна емотивна приказна за тоа како е да се има само еден родител. Лејкен ќе научи многу во животот одкако ќе го загуби својот татко.
    Многу ми се допадна и тоа што во книгата е вметната поезијата, каде што Лејкен и Вил секој Четврток одат во клубот за поезија.
    Ако имајте прилика не пропуштајте, и прочитајте ја оваа емотивна приказна.
     
    На Ivy89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. l0vE...-love

    l0vE...-love Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    Jас и ти -Кристан Хигинс прекрасна книга во која авторот не учи дека времето не ги лечи сите рани и дека за вистинската љубов не никогаш касно.
    Една грешка во раните дваесетти години може да те научи на многу работи, еден катастрофален развод може да те натера никогаш повеќе да не веруваш во брак и вистинска љубов. Може дури и да те натера да станеш адвокат за разводи за да им помагаш на луѓето со слична судбина.

    Харпер Џејмс има работа во која е страшно добра, куќа на плажа која ја обожава и тип кој го посакува скоро секоја жена во градот. Да, добро, фатално скршеното срце ја прави ладна, крута и затворена, но вака барем никој не може да ја повреди. Таа сега знае дека бракот не се гради со љубов, туку со партнерство и разбирање, па не ѝ треба филмска љубов за да направи совршен план за животот.

    И нејзиниот план звучи солидно... сè додека нејзината полу сестра не ѝ соопштува дека ќе се мажи за братот на нејзиниот бивши маж. После толку долги безбедни години, Харпер на свадбата треба да го види човекот чија сама појава ѝ го превртува светот наопаку.

    Ник Ловери е маж кој многу добро знае како да ги добие и задржи работите што ги сака во животот. Освен една. Љубовта на неговиот живот која многу одамна му се лизнала низ прсти. Како и да е, тој и Харпер се болна, античка историја. И покрај тоа што сè уште има чувства за неа, тој не може да ѝ прости за неверството со кое дошол и крајот на нивниот брак.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ivy89

    Ivy89 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Пустински Цвет
    според вистинска случка...редно беше да ми дојде во раце
    одамна го имав гледано филмот ама книгата е многу поопширна пообјаснета...
    тажна,негде морничава, ама ја препорачувам кој нема ја прочитано

    иначе Гијом Мисо ми се допаѓа многу, сум прочитала 3-4 и сакам уште :P
     
    На mon4i91 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Не знам како да ја опишам книгава, а да не претерам. Рајан е лик кој е тешко да се заборави, згоден спортист, кој е недостижен за една не толку популарна девојка како Моли...па, барем во нејзината глава. Но, Рајан се заљубува во неа уште од тинејџер, иако може да ја има секоја девојка која ќе посака, неговата средношколска љубов трае до крајот на животот. И уште од првиот момент кога ја здогледува, знае дека оваа поинаква, чудна, очајна да биде понаква девојка ќе му биде жена.
    Како што Моли го опишува, Рајан е како сончева фотографија, вели дека ја потсеќа на лето. "Ова овде е Рајан, човек кој никогаш не посакувал нешто повеќе од она што го има, кој живее полн и комплетен живот со едноставно живеење. Никогаш не бркал смешни соништа и не придавал значење на ништо, освен на тоа да биде добар пријател, син, брат, момче, наставник и сопруг."

    Ветувам дека ќе сакате да читате повеќе за нивната голема љубов, ќе ја доживеете толку реално оваа приказна, која долго време откако ќе ја прочитате, ќе ве остава со солзи во очите. Ќе ве натера да ги гушнете силно своите најблиски, да учите од Рајан како се живее вистински, што треба да се цени...

    Кога ќе ја завршите книгата, веројатно ќе пробате да ја прочитате уште еднаш, како мене. Се чувствувам како да не сакам да заврши, не на тој начин, а од друга страна не би сакала да прочитам друга книга после неа, само зашто сум под толку големи импресии. Толку ќе ви ја смени перспективата на животот, што ќе жалите што не можете барем уште еднаш, со истите чувства, да ја доживеете повторно.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  13. dence

    dence Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    24
    Сосед од пеколот.
    Хејли е тивка девојка која нема многу луѓе и задоволства во животот.Таа ужива во малите работи кој ја исполнуваат:нејзината работа како професорка во средно училиште и нејзината прва самостојно купена куќа со прекрасна градина.Но се случува една работа која и ги уништува тие мали задоволства,во соседната куќа се доселува вистински ѓавол.Гласна музика,нездрави забави,кршење прозорци...Џејсон е исто така професор во училиштето каде работи таа па и го уништува животот и таму.Но потоа Хејли му објавува соседска војна :rofl: и потоа тие стануваат најдобри пријатели кој спиат заедно...
    Забавна,смешна и неодоливо секси приказна.. :inlove: Прекрасна книга,лесна за читење :)
     
    На pikachy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    http://www.interliber.com/gifv/v_9788650523438.jpg

    Една зимска ноќ-Сајмон Сибаг Монтефјоре
    Ја купив на една бензиска во Србија.Сите кафе,цигари и весници купуваат,јас книги.
    Ова е една од поубавите книги што сум ги прочитала во последно време,па затоа и решив да ви ја препорачам.
    Русија во 1945. За време на прославата на победата на Русија над нацистите,Се случува убиство или самоубиство на две деца на личности кои се на самиот врв во државата.Со цел да се испита немилиот настан,се апсат деца на возраст од шест до осумнаесет години.Ова е вистински настан,познат во историјата како Детски случај.За еден режим кој ги тера децата да се свртат кон родителите.За забранета и искрена љубов и суровоста на тоа време.
     
  15. rebelde95

    rebelde95 Нов член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Нешто слично на љубов- Џули Џејмс... wooowww книгата е ПРЕУБАВАА.. :D :clap:
     
    На pikachy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Chocolate-me

    Chocolate-me Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2014
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    Мојот личен ФБИ агент-Џули Џејмс.
    Многу добра книга.Баш е онака лесна и за опуштање.Кога решам да ја оставам доаѓам до интересен дел и продолжувам и се така :D ...Се чита многу брзо или баш во еден здив.

    Главниот лик е Камерон Линд,девојка што ја реновира куќата па за викенд одлучува да оди во хотел.Оди во најблискиот хотел Пенинсула и ја одбира собата 1308.Таа вечер таа неможе да заспие од бучните соседи(заради агресивно ,,водење љубов") во собата до нејзината(1307).Кога после неполн час сон ја буди ужасна врева таа се јавува на рецепција а оттаму праќаат обезбедување.Подоцна се дознава дека во собата 1307 е убиена млада девојка.Само Камерон е сведокот за таа вечер.Доаѓа полиција и ФБИ и за агент на овој случај е изберен Џек Палас(нејзин непријател кој ја обвинува дека за малку ќе му ја уништела кариерата пред три години).Иако двајцата не сакаат да работат заедно ќе мора заради сложеноста на случајот.Таа како заштитен сведок ќе биде под полициски надзор.Но после некое време овој надзор го заменува Џек Палас кој и ќе се всели кај неа заради безбедност.После неколку недели тие почнуваат да се зближуваат и не може да се фокусираат кога се блиску еден до друг...На крајот случајот се разрешува,Камерон и Џек се заедно.
     
    На pikachy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Insatiable13

    Insatiable13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    367
    Играта на ангелот- Карлос Руиз Зафон -
    Ги имам прочитано и другите две од трилогијата, но оваа ми остави посебен впечаток при што добив инспирација и самата да почнам да пишувам. Возбудлива книга, интересна приказна напишана на 600 страни кои ќе ги прочитате во еден здив.
     
  18. FotoLina3

    FotoLina3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    43
    Последна прочитана ми е Алхемичарот, одамна имав намера да ја читам и еве и дојде редот :D
    Отпрвин мислев дека не е нешто посебно бидејќи е мноооогу популарна, а таквите популарни работи не секогаш ми се допаѓаат. Но оваа книга ме изненади.
    Многу е непредвидлива, воопшто не можев да замислам што ќе се случи понатаму. Оние изреки што се ставени во наводници особено ми оставија впечаток, а најмногу ми се допадна она кога Сантијаго разговара со ветрот, Сонцето и Раката што напишала се. Тоа го постигна со љубов, со душата, не со разумот, и дури и јас посакав да можам така да направам :wasntme:
    Друг дел кој ми се допадна е дека вистинската љубов никогаш нема да го спречи човекот да ја оствари својата Лична легенда. Всушност, токму личната легенда го доведе Сантијаго до Фатима.
    Сочуствувам со неа :) :) :) :)
     
  19. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Без милост-Jusi Adler-Olsen

    Дејството на овој трилер-роман се одвива во Данска. Поврзано е со истрагата за едно нерешено убиство извршено пред дваесетина години. Осомничените се моќни и богати луѓе од данската елита...

    Романот има интересна тематика, убаво изградени ликови, но е преопширен. Навлегува во некои детали на кои сега откако го дочитав, не им ја гледам смислата. Не е лош, но не е одличен. Како и да е, ја осветлува психологијата (или психопатологијата) на бескрупулозните моќници, кои очигледно ги има во сите општества...
     
  20. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Момчето во пижами на риги

    Книгата навидум е мала и едноставна,раскажувана од погледот на едно деветгодишно дете по име Бруно.Бруно запознава другар од другата на страна на мрежата која го дели светот во тие ужасни времиња,ужасите и страдањата на Евреите од страна на Хитлер прикажана преку невините детски очи,дете кое само сакаше пријател,а доживеа судбина која го смени неговото семејство засекогаш.
    Кога почнав да ја читам,не ја сметав за нешто интересна,ама како што повеќе навлегував,сфатив дека книгава е навистина посебна,а на последните страници се најдов себеси липајќи и борејќи се за здив,самата помисла на тој хорор што се случувал во нашето минато ме скрши комплетно.
    Силно ви ја препорачувам.

    Кодот на Да Винчи

    Сигурно повеќето ја имаат прочитано,ама јас ја направив грешката прво да го гледам филмот.
    Ден Браун е еден од најдобрите писатели на ова време.Начинот на кој ги пишува трилерите,со сите тие сложени загатки,симболи и кодови,теории на заговор е едноставно генијално.
    Нема лик што останува настрана,сите се вклучени со своја приказна,нема ситница која не е детално опишена.
    И после секоја книга на Ден Браун јас останувам со подотворена уста,ги анализирам сите факти по милион пати и копам по Гугл да најдам што всушност напишал.Едноставно ти се отвара друг поглед на светот,на религијата и на уметноста,колку и да станува збор за една обична фикција преточена во зборови.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.