Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    536
    Види кој се врати - Тимур Вермеш

    Кога прв пат прочитав статија за книгата, сакав да ја прочитам уште веднаш. Кога ја видов на саемот, збеснав, но ми се чинеше прилично скапа и со тешко срце не ја купив. Кога ја видов во библиотека вратив 2 непрочитани книги за да ја земам.

    Очекував сатира - и добив.
    Во 2011 год. по 66 години од крајот на Втората светска војна, во Берлин се буди самиот Хитлер. Дезориентиран и зачуден, тој се обидува да го сфати светот околу себе и целата таа напредна технологија. Гледајќи го во својата униформа од време на нацистичка Германија, тој на луѓето им остава впечаток на актер премногу соживеан со улогата што ја глуми, но генијален. Така, тој одлучува да го искористи тоа за повторно да ја преземе власта и да направи голема германска држава.

    Кога ја читав книгата бев затрупана со обврски и опадната концентрација, така што не можев убаво да и навлезам во содржината, особено на некои монолози. Веројатно и ќе ја препрочитам.

    Препорачувам.
     
    На Jeny и eliesaab им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.738
    Допаѓања:
    43.869
    Пол:
    Женски
    Во канџите на неверството-Тес Стимсон
    Јас стварно не знам дали во мене е проблемот или стварно најголемите бестселери по правило секогаш се разочарувачки.Кога видов дека на саем е 700 ден си велам сигурно е добра книгава, а и некако кратката содржина успеа да ме залаже, ја начекав во библиотека и ја зедов.
    Некако цело време очекував да се деси колуминацијата додека читав и не ја добив, барем не онака како што очекував.Мислев дека ќе се навлезе подлабоко во умот на неверниците, дека малку од психолошка гледна точка ќе се разгледа неверството, ама добив нешто сосем поинакво и незадоволувачко.
    Ликовите се океј и стилот на пишување не е лош, ама самата приказна е без душа.Авторката веројатно мислела дека со употребата на премногу вулгарности ќе замачка очи, ама дури и тоа е претерано.
    Никаква емоција да не почувствуваш додека читаш е книгава.
    Нит ја сожалуваш изневерената, нит се соживеуваш со маката на неверниците...ништо

    Инаку на катко се работи за жена која пати од манична депресија, а нејзиниот сопруг иако е со неа и ја почитува и чува на некој начин, поради долгите години самотија тој наоѓа мажена љубовница со која почнува врска која трае многу долго.Се ќе се промени кога ќе доживеат една ненадејна и неочекувана случка.

    Јас не ја препорачувам, ама која сака онакви лајт книги може да си ја прочита.
     
  3. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Нешто сино - Емили Гифин
    Комерцијално романче коешто туку што го прочитав и ќе се обидам во кратки црти да ја прераскажам суштината на книгава. Опуштена е и лесно читлива баш како за на плажа во топливе летни денови.
    Главниот лик е совршената Дарси која е верена за Декс, лик олицетворение на судењето на луѓето според надворешниот изглед и ценење на нешта според тоа колку некој вреди на хартија со богатството кое го поседува. Доаѓа до еден момент кога нејзината долгогодишна пријателка Рејчел и го превзема вереникот, а таа е трудна од Маркус другарот на нејзиниот веренник. Немајќи друг избор и обидувајќи се да започне одново таа се сели кај својот пријател Итан во Лондон и таму се обидува да почне се одново. Но не само што започнува нова страница од својот живот таа и комплетно се менува. По се што и донесе животот сите бури и негодувања ја запознава добрата страна на истиот. Во себе ги буди сите сетила кои и укажуваат дека не е толку себична личност како што повеќето ја опишуваат. Сфаќа дека вистиснките вредности не се само во скапите обетки, Гучи чантите итн и баш тогаш животот почнува да и се движи по нагорна линија со бесценета среќа исполнета со вистинска љубов и пријатели. :)
     
  4. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    ,,Драги Џон''-Николас Спаркс
    Бидејќи го имам гледано истоимениот филм,не обраќав на почетокот поголемо внимание на книгата.
    Книгата е добра,само крајот воопшто не ми се допаѓа како завршува.
    Да,разбирам дека се нема среќен крај,но нивната љубов е уште подобро опишана во книгата отколку во филмот,па и затоа тотално се разочарав.
    Нема врска.
    Задоволна сум од стилот и опишувањето,ама од крајот не.
    :)
     
  5. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Имам неколку ама ке запоЧнам од најпоследната
    1. "Ангелски повик" од Гијом Мисо
    Двајца странци си заменуваат телефоните слуЧајно на аеродром и поЧнуваат да откриваат детали од зивотот на другиот па така откриваат една длабока врска помегу нив.
    Многу е убава книгата, Читлива, за една веЧер проЧитав 330 страни, не мозев да ја оставам. :)

    2."Затоа сто те љубам" од Гијом Мисо

    Двајца пријатели од мали нозе стануваат светски познати психолози, ама откако на едниот ке му умре керката ке стане бездомник, а пријателот ке мора да му помогне. Многу судбини се спојуваат, а Богами и делови од слозувалката и многу духови од минатото се вракаат. Исто, преубава книга.

    3."Рингиспил" БаЧик Алимпик

    Приказната за тазниот зивот на примабалерината Ана. Од мало девојЧе од мало српско селце, до светски познатата примабалерина на Баљсој тетарот во Москва, зивотот на Ана е расказан со сите падови, смрти, успеси и огромната љубов за нејзиниот Сергеј.
    Книгава ме остави без зборови... плаЧев, се смеев, градиве ке ми испукаа. Ја препораЧувам на сите.

    4."Патека на сетилата" од Неџма, познатата авторка на Бадем

    Приказната е за млада девојка, муслиманка, која благодарение на една искусна зена поЧнува да го запознава сопственото тело и сексот.
    Книгава е еротиЧна, зборува за секс, за како истиот се дозивува во муслиманскиот свет, посебно од маската популација. За мене не е на нивото на Бадем, ама е добра.

    5."Краткиот зивот на Бри Тарнер" од Стефани Мајер

    Зивотот на еден од вампирите убиен од страна на Куленови.
    Бри е многу млад вампир кој стотуку поЧнува да ги открива добрите страни од тоа да се биде вампир, и се заљубува, но сето тоа заврсува брзо, во битката против Куленови.
    Искрено, кратка е, ама досадна. Нисто ново, нисто невидено или непроЧитано од Мајер, така да.. освен ако не сте закоравени обозаватели на Твајлајт, нема да ви се допадне.
     
  6. sweetyB

    sweetyB Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    79
    Кодот на Да Винчи - Ден Браун

    Книгава е една од најпознатите книги на Ден Браун. Човеков според мене е мајстор за вакви трилери. Значи ако некој може да направи masterpiece тоа е дефинитивно тој. Не знам како успеал меѓутоа оваа книга ја напишал така што не можеш да ја оставиш од раце. Ја читаш се додека не дојдеш до последната страница. Интересна е многу, возбудлива исто така. Исто открива многу интересни податоци за минатото, кои што морам да признаам дека малку ме замислија, што ако е навистина така...

    Вреди да се прочита, нема да зажалите!
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DivineFM

    DivineFM Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2014
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Калуѓерот што го продаде своето ферари-Робин Шарма

    Ми ја препорача библиотекарката,најбараната книга им била па си викам ај ќе ја прочитам. Книгата е доста поучна и ако добро се прочита,ако и обрнете внимание е добра,ама мене ми беше многу досадна. Бидејќи нема некои посебни случувања. Еден познат адвокат живее многу напорен живот,па добива инфаркт по што пропаѓа како физички така и психички. Тргнува на патување во потрага по мир и спокој. Се среќава со некоја стара култура на народи кои живеат долго, и го подучуваат и него. Потоа се враќа и неможе никој ни да го препозне.И се се раскажува околу животот,те учи како да владееш самиот со себе. Не е нешто посебно интересна ама вреди да се прочита,поучна е. :)
     
    На Teodora* му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Ема - Џејн Остин
    Едно од делата на Џејн Остин што умирав да го прочитам и останав воодушевена. Ме воодушеви карактерот на Ема и нејзиното целосно созревање од почетокот до крајот на книгата, како можеме да сфатиме колку ни значи некој само кога има шанса да го изгубиме, кое се докажа неколку пати во книгата.
    А мистер Најтли, ахх мистер Најтли :inlove: :inlove: Дефинитивно омилен Џејн Остин „херој„ :lol: Порано беше Дарси, но Најтли е исто толку (читај повеќе) совршен како и тој. Неговата смиреност, трпението да ја гледа со човекот кој не ја сака и жртвувањето да се врати кај неа само за да ја утеши. Ми се допадна многу, дело кое вреди да се прочита и да се сака. А Ема е хероина која според мене не можете да ја мразите. Сите грешки и се добродушни. Се гледа од нејзина перспектива и сака да биде над другите затоа ги турка тие кои можат да се споредат со неа.
    Уште едно многу добро дело од Џејн Остин, но :!: не и најдобро тоа место е за единствената Гордост и предрасуда
     
  9. sweetyB

    sweetyB Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    79
    Последна книга што ја прочитав е Дете 44 од Том Роб Смит.

    Во книгава станува збор за Русија после војни за време на владеењето на Сталин, каде единствено важно е државата, и сите мораат да се однесуваат добро. Главниот лик е еден главен инспектор кој што под низа околности станува бегалец и одлучува по сопствена воља да реши низа убиства на деца кои што се случуваат во тоа време. Нема да ви откријам многу :D Инаку книгава е многу добар трилер, тие кои што читате вакви дела нема да зажалите, мене ми се допадна многу, и крајот ме особено изненади, бидејќи јас си замислив друг крај, но се случи нешто друго :D
     
  10. donnalia

    donnalia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    Сидни Шелдон - Господар на играта.

    Дејството на романот ни е предадено преку стожерот на романот Кејт Блеквел која е олицетворение од една страна, но и "господар" , кој сака да владее и да ги контролира животите на најблиските од друга страна.
     
  11. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Шеви Стивенс - Исчезната без трага

    Книгава зедов да ја читам пред скоро недела дена, но поради обврски успеав да прочитам само 20 страни. Се до сношти. Си ја почнав од почеток и еве сега ја завршив. Ауф каква книга, одлична, предобра. Прв пат читам нешто од писателкава, млада е, ама има одличен начин на пишување. Лесно се разбира, предобри описи, уште подобри ликови. Се соживеав со Ени, се чуствувам како лично да ја познавам. Е толку се добри описите во книгава.
    Потресна приказна за Ени, нејзиниот живот, успешна агентка за недвижнини која е киднапирана, една година затворена во колиба, измачувана, силувана, тепана, таа преку сесии со својот психијатар ја раскажува својата приказна. Таа го поставува прашањето зошто? Но како што пишува и на кратката содржина на книгата, некои прашања подобро да останат неодговорени.
    Одлична книга, ја препорачувам на сите кои сакаат трилери и потресни драми. Оваа ќе ве освои.
     
    На sweetyB и sofijanoka им се допаѓа ова.
  12. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Клубот Камила-Дејвид Балдачи.

    Типичен трилер.Станува збор за врските помеѓу САД и Блискиот Исток,во времето на претседателот Бренан.

    ***
    Дејството се одвива околу односите на државата со бомбашите-самоубијци од Блискиот Исток.Претседателот Бренан,Картер Греј,како директор на најголемата агенција,неколку агенти од Тајната служба кои коваат заговори против својата држава,но со поинаква цел,цел која всушност е од мирољубив карактер.

    Клубот Камила,пак е "дружина" (грубо изразено) која се состои од четири личности,за кои се верува дека општеството сосема ги отфрлило.
    Оливер Стоун заедно со своите пријатели е дел од клубот кој работи на откривање на многубројните политички заговори ковани на Американско тло.

    Се започнува кога клубот Камила при еден свој состанок сведочат за невидено убиство.Убиен е агент од Тајната служба,од страна на двајца негови соработници.

    Со сплет на околности,Оливер Стоун и неговата дружина соработуваат со агентот Форд,кој е долгогодишен пријател на Оливер и работат на откривање на случајот.

    Но,во меѓувреме се случува тоа што се случува и претседателот е киднапиран за време на должност на агентот Форд,а на самиот настан се присутни и членовите на клубот Камила.

    Што понатаму се случува и како клубот Камила заедно со агентот Форд го ослободуваат претседателот Бренан дознавате од она што следи во овој извонреден трилер.


    ***
    Многу е интересен за читање,исполнет е со многу непредвидливи ситуации,не е пишуван според претходно изготвена шема како некои други трилери,што мене лично многу ми се допадна.
    Го препорачувам!
     
  13. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    ,,Што би правел јас без тебе?''-Гијом Мисо
    Трилер.
    Кога ја зедов книгата очекував да е многу подобра од што е.
    Ја читав набрзина,единствено ме запрепасти кога Габриел и Арчибалд конечно ќе разговараат,а подоцна кога Габриел ќе се сретне повторно со Мартен.,останатото некако ми беше скоро досадно.
    Крајот,некако сплеткаво ми заврши.
    Најмногу ме воодушевија кратките цитати на почетокот од секоја глава.
    :)
     
    На simonka93 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    „Колиба“ - Вилием Пол Јанг

    Потапа книга не знам дали сум читала до сега. Се работи за човек, Мек, кој на кампување ја загубил неговата ќерка Миси, која била киднапирана, и, според сите докази, убиена во една колиба во билизната. Си помислив: „Одличен почеток, обожавам мистерии, трилери...“ Но, ова беше само вовед. По четири години, кај Мек стигнува писмо од Тате, односно Господ, кој го повикува во колибата за да разговараат. И цела книга тоа е тематиката. За вербата, вистински вредности, простувањето, бла бла бла.

    Оцена 2/10, не препорачувам.
     
  15. sweetyB

    sweetyB Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    79
    Последна прочитана книга ми е „Ејми ја нема“ - Џилијан Флин

    Верувајте ми дека ја затворив со тешко срце бидејќи книгава е предобра. Мислам дека нема некој кој не слушнал за оваа книга, бидејќи е доста позната. Ја читав само три дена, првите два дена успеав да одолеам, но третиот ден не можев и ја прочитав цела.
    Целата приказна се врти околу ејми, таа е исчезната, и за нејзиното исчезнување е обвинет нејзиниот маж, кој што навидум изгледа како да не му е многу грижа што ја нема. Но дали е виновен или не ќе оставам да го прочитате тоа. Доколку сте се мислеле дали да ја земате, воопшто не се мислете нема да зажалите особено колку сакате вакви мистерии! :)
     
  16. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.792
    Допаѓања:
    61.505
    Тајната на сопругот – Лиен Мориарти

    На корицата на оваа книга пишува - Проблемот со вистината е тоа што таа може да смени се...
    Колку вистинита мисла...
    Приказната во оваа книга се одвива во далечната Австралија. Три жени кои што навидум немаат ништо заедничко ги спојува тајната на еден маж кој што пред многу години направил страшно дело, живее со тоа, но сака после смртта да се дознае вистината оставајки и мистериозно писмо на својата сопруга... Прекрасна драма која што се чита со исчекување на следните страници...
    Мислам дека ова ми е прва книга која што сум ја прочитала во која настаните се одвиваат во Австралија.
     
  17. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга ми е продолжението на Шепнувачот од Донато Каризи. Владар из сенке е преводот на српски, не знам како ја имаат преведено на македонски.

    Ако ви се допаднал Шепнувачот, сигурно ќе ви се допадне и овој дел. Јас се вљубив во стилот на авторот, навистина. Многу сликовит, со комплетно портретирање на ликовите, детален, но не и досаден. Романот е комплексен, многу ликови, многу настани, но сепак се чита брзо. Најверојатно затоа што многу систематски не воведува во дејството.
    Лично сметам дека вториот е подобар од првиот, некако ми е постегнат, со помалку можности за некои нереални интерпретации. Не дека нема некои нелогичности, ми останаа некои прашалници на крајот, но можеби и тоа е целта на авторот. Секоја чест за неговите познавања од областа на криминологијата и психологијата.

    Повторно главен лик е Мила, но сега таа е мајка. Покрај старите ликови, се јавува нов лик, детектив, бескрајно интелигентен и интуитивен.
    Има сличности со првиот дел во извршувањето на злосторствата, но нема да откривам детали.
    Прочитајте, задолжително!
     
    На Hinebrra и 1209 им се допаѓа ова.
  18. sweetyB

    sweetyB Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    79


    Владетел од сенка е на македонски.. Ја имаат преведено мислам дека Матица ја издаде. Инаку иако не сум ја прочитала, слдна на листата ми е, потполно се согласувам со тебе. Ја прочитав Шепнувачот и се воодушевив, очекувам и оваа да е таква :)
     
  19. oraiaeleni

    oraiaeleni Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    107
    Мојата роднина Емилија, Влада Урошевиќ. Кратки раскази кои може да се читаат засебно а во целина-претставуваат краток роман. Тематиката е отприлика за паралелните светови, видливо-невидливите суштества...Ме потсетува на романите на Сингер.
     
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Всушност се две, втората ја прочитав за 3 дена.
    „Ostrvo vecnih ljubavi" Daina Caviano
    Случајно ја купив на аеродром затоа е на српски. Се работи за најпродаван и напреведуван кубански роман, а авторката има неколку награди за книгава. Самата книга е многу комплицирана, на почетокот има направено семејно стебло да се знае кој на кого е и што е затоа што се е испреплетено и мора да се навраќаш на почетокот за да се потсетиш уствари чиво дете беше тоа и такви работи. Минатото е испреплетено во сегашноста, се работи за две групи на фамилии едните од Кина се селат на Куба, а другите се Кубанци и ќе се спои нивната приказна, притоа опишани се судбините на сите членови од фамилиите. Книгата е навистина интересна, нешто слично немав прочито, не дека е нешто невидено и нечуено ама е навистина интересна. Како што дознав на македонски ја нема преведено, јас би сакала уште еднаш да ја прочитам овој пат на англиски или шпански, со српскиот не ми идеше баш.
    „Љубовникот на куртизаната„ Габриела Ким
    Лесна за читање, лесно сварлива приказна, ништо посебно ама е ок. Дејтвото се одвива 1564 година во Неапол, една куртизана мајка на две деца ќе се заљуби и ќе се обиде да се тргне од занаетот но тогаш еден нејзин покровител ќе сака да и се одмазди. Останатото ќе го прочитате, држеше малце во неизвесност. Малку ме нервираа описите затоа што многу некако ко да се повторуваа, се едни исти зборови се користат, на пример низ цела книга кога се спомнува за тетратките на куртизаната посебно мора да се спомне и тоа дека имале корици од телешка кожа или дека биле обвиткани во телешка кожа и секоја тетратка што се спомнуваше во книгата одеше со описот „тетратката обиткана со телешка кожа беше на масата„ , „таа ја зеде тетратката обвиткана со телешка кожа„ абе напнаа со таа телешка кожа во книгава, може над 100 пати се спомнува во книгава која нема корици од телешка кожа за чудо. :D