1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    The Return of the King - J.R.R. Tolkien
    Третиот и завршен дел од фантастичната трилогија Lord of the Rings. Навистина вреди да се прочита, посебно ако сте љубител на фантастики, авантури... Доколку сте ги гледале филмовите и ви се допаѓале, книгите ќе ви се допаднат уште едно сто пати повеќе.

    Оксимороника - Др. Марди Грот
    Збирка од парадоксални досетки и мудрости од најголемите ковачи на зборови во светската историја. Мисли кои се контрадикторни самите на себе, но се логични и вистинити. Тера на размислување.
     
  2. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Кој тропа на прозорецот- Линвуд Баркли

    Како што реков продолжувам со авторов. Си реков бидејќи Без збогување најмногу ми ја фалеа, да ја оставам за понатаму и ја почнав оваа. Исто како и претходната, не ја оставив. Кажав и претходно, авторов има добар стил на пишување, лесен, разбрилив, брзо се чита без големи компликации. Повторно некаде на средината ми стана предвидлива за на крај со крајот да ме воодушеви. Повторно одличен крај кој не можам да речам дека го очекував, никако.
    Интересна приказна, ми се допадна, можеби малку повеќе од претходната, ама само малку.
    Се работи за Кал Вивер, кој порано живеел во Промис Фолс и бил полицаец, но поради инцидент тој и неговата фамилија се селат во помалото и помирно градче Грифон каде тој продолува да работи како приватен детектив. После 7 години тој и неговата сопруга Дона го губат нивниот син кој западнал во тешки проблеми со дрога. Избезумен Кал ги испрашува и заплашува сите, станува "чудакот" и слично. Една вечер додека се враќа дома од успештно завршената работа, го стопира тинејџерката Клер и тој бидејќи надвор врни се согласува да ја однесе до дома.
    Натаму читајте, премногу интересни заплети, отплети, повторно се откриваат многу тајни, а се тоа ние го дознаваме од одличните дијалози, монолози, потсетувања..
    Ја препорачувам на сите љубители на трилери, ќе ви се допадне, особено крајот, предобар беше.

    Ми се допаѓа авторв, сигурно нема оваа да ми биде последна книга од него, Следна на листата без размислување, Без збогување.
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    The Undomestic Goddess - Sophie Kinsella

    Периодов паралелно читав две книги, тотално спротивни според жанрот. И на мое изненадување, секогаш кога ќе седнев да читам некако се одлучував за оваа. Прв пат ја читам Кинсела, прв пат читам чик лит, ама убаво ми дојде :)
    Лесна за читање, на моменти комична, на моменти целосно нереална (ми се чинеше дека читам Дизни бајка), ама ми се допадна како за промена од она што вообичаено го читам.

    Главен лик е младата адвокатка Samantha Sweeting, која заглавена низ лавиринтите на нејзиниот брз и динамичен живот, постојано води борба со времето и обврските. Нејзиниот животен сон е да стане партнер во најпознатата лондонска адвокатска компанија, но работите тргнуваат наопаку кога заради нејзина грешка, клиент губи 50 милиони фунти. Доживува целосен колапс и по некој чуден склоп на околности завршува во едно мало селце во близина на Лондон. Избезумена, на раб на тотален крах, прифаќа работа како куќна помошничка во едно богато семејство.
    И тука почнува интересниот дел, каде што млада девојка која не знае ни кафе да направи, треба да се справува со перење, пеглање, шиење алишта, готвење, чистење и што ли уште не :)

    Интересна книга, убава за одмор на мозок.
    Не е нешто кое редовно би го читала, ама одвреме навреме убаво е да се прочита и нешто вакво.
    Во блиска иднина не би читала нешто вакво, ама на сите оние кои сакаат вакви лесни чик лит книжулиња - ви ја препорачувам :)
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ondula

    Ondula Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.044
    Пол:
    Женски
    Мистеријата на синиот воз - Агата Кристи
    Преубава книга, вреди да се прочита. Криминалистички роман во кој отпрвин станува збор за обично убиство во воз, потоа Херкул Поаро се вклучува во истрагата и помага да го најдат вистинскиот убиец. Книгата е за убиството на Рут Кетринг, ќерка на Американски милионер која оди да патува со вредните рубини кои се подарок од татко и. На островите каде што сакала да допатува ја чека уште еден крадец кој ги сака рубините, но некој побрз ја ограбува и убива додека патува. Ми се допаѓа бидејки книгите на Агата те тераат да го вклучиш и мозокот додека читаш. Кој сака да чита нешто криминалистичко му ја препорачувам. :)
     
  5. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    „Септемвриски светлини“ - Карлос Руиз Зафон

    Во книгата стнува збор за семејство во кое таткото умира, а мајката останува со ќерката и синот во долгови. Таа работи како професорка и од професорската плата не може да ги исплати долговите на сопругот, нејзината Ќерка Ирена своите малку зработени пари преку играњето со војници ги донира во касичката на мајка си. По некое време се преселуват кај мистериозниот Лазарус Јан, производителот на играчки. Тој е премногу добар со нив, но се заљубува во Симона (мајаката). Ирена започнува да се дружи со Исмаел, а брат и Доријан ја открива љубовта кон картографијта. Меѓутоа Лазарус Јан ја има ветено својата сенка на Даниел Хофман, кој на тој начин станува богат, односно ја заменува својата сенка за богатството и своето срце му го „подарува“ на Хофман што знчи дека не сее да се заљлуби. Тука почнуваат да се случиват мноштво од напади и неопишливи случки атоа што Лазарус се заљуби во Симона. Неговата сенка сака да ја уништи Симона, а бидејќи нејзините деца се борат да ја спасат таа ги напаѓа и нив. На крајот тие се спасени а Лазарус ќе изгори.

    Не ми остави баш некој впечаток ова книга, во споредба со останатите кои ги имам читано од него.
     
  6. bubu1

    bubu1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    12
    Папата Јована - Дона Вулфолк Крос

    Самиот наслов открива за што се зборува во книгата. Во време кога било грев и неприфатливо жена да се школува, Јована првин како жена, потоа претворена во маж се школува, пробива, посветува и стигнува до најблиското место до бог, папа. Со својата добрина и љубов освојува милиони срца, а со својата интелеганција ги победува и надмудрува своите противници.

    Книга која вреди да се прочита, нешто несекојдневно, нешто што не се сретнува два пати. :)
     
    На Teodora* и Gordana10 им се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Maybe Someday - Colleen Hoover

    22 годишната Sydney Blake има навидум одличен живот. Го студира она што го сака, има стабилна работа, живее со нејзината најдобра другарка Tori и има момче кое го обожава.
    Но, целиот нејзин свет се распаѓа откако дознава дека нејзиното момче ја изневерува со Tori.
    На нејзиниот роденден останува на улица, без работа, но најважно од сé - без двете личности кои најмногу ѝ значеа. Не знаејќи што да прави понатаму, Sidney завршува во станот на мистериозниот сосед Ridge.

    Кратката содржина ќе ја прекинам овде, бидејќи не сакам да откривам премногу.
    Книгата е прекрасна и навистина ми се допадна, иако е многу поразлична од она што вообичаено го читам. Да не бев во пмс можеби ќе ми делуваше патетична :lol: ама вака се чувствував како некоја тинејџерка додека ја читав. Нетипична љубовна приказна, раскажана низ многу внимателно одбрани зборови. Целата книга беше изнижена со песни кои ги слушав додека ја читав. Можеби и затоа толку многу се задлабочив во приказната. Имаше некоја топла нишка книгава и нешто магично во начинот на кој Sidney и Ridge комуницираа.

    Топло ви ја препорачувам :)
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  8. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
  9. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    5.748
    Пол:
    Женски
    Pretty Dead -Francesca Lia Bloc
    до сега ова ми е омилена книга што ја имам прочитано , пред да ја земам отворив и прочитав неколку зборови и одма ми се допадна стајлот на пишување и целиот концепт од книгата .. можам да извадам илјадници изреки од неа.. преубава книга , 10/10

    еве кратко ревју ( од google translate копирано е , и има некои граматички грешки )
    Одделение 9 -Charlotte Емерсон е висока и убава, и живее сама во згодна замок. Таа е исто така вампир. Пред таа се сврте, таа беше светла млада жена со идилична живот. Тогаш нејзиниот сакан близнак починал, а неговата смрт па ја уништија дека таа мораше да најде начин да досадна болка. Така, таа станала вампир, одлука која ја прогонуваше за речиси 100 години. Сега таа се соочува со друга трагична загуба: дека на нејзината најдобра пријателка, Емили, да очигледен самоубиство. Изгубени и поосамени од порано, таа се обидува удобност и утеха во момче на Emily, Јаред. На почетокот, тој е горчлив и лути со неа, но таа се отвора за него, му говори за својата минатото, и тие на крајот падне во љубов. Но, постои една тајна дека таа чува од него таа се сомнева дека таа може, на некој начин, се претвора во човек повторно. Кога творецот Шарлот, Вилијам, се враќа за да ја омаловажувања, Шарлот е принуден да се соочи со ужасни грешка од нејзиното минато, кој може да чини и се. Во Убави мртви, Блок зема она што има до сега е норма меѓу вампир романи за тинејџери и се обидува да ја претвори на нејзината глава. Ова е вџашувачки оригиналното дело што вози удел длабоко во срцето на типично вампирските приказни, откривајќи длабока осаменост и надворешниот недостаток на романтика во вечен живот.
    http://eoseventeen.blogspot.com/2009/10 ... a-lia.html
     
  10. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.080
    Допаѓања:
    26.865
    The fault in our stars (светот не е фабрика за остварување желби)-Џон Грин
    Не толку совршена како што ја опишуваа,али ете некои поважни корегации:

    -Мислам дека крајот беше предвидлив и требаше да биде поместериозно.
    -Августус умре за да земе цигари :fubar: ,глупо ми звучи.
    -Одат во Амстердам за еден циничен,самобеднисан и глуп писитал,кој не бил таков :tmi:.
    -Мајка и дозволува милијарда работи (како во оној цртанот Дора).
    -Августус става цигара во уста за “украс„. :smoke:
    Секако се овде и подобрите работи.
    -Насловот ми е ептен погоден.
    -Метафорите на Августус Вотрес ми се допаѓаат.
    -И тоа што Хејзел Грејс е девојка која не е девојка која ги бара бенефитите од ракот.
     
  11. jjoovvaannaa

    jjoovvaannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Оооо БЕЗ ЗБОГУБАЊЕ морас да ја дочиташ ;) многу добар крај и се ке се разоткрие :)
     
  12. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    ^ Баш ја отворив темава да напишам нешто за книгава. :D

    Без збогување - Линвуд Баркли

    Четиринаесет годишната Синтија Биж се буди утрото по една бурна ноќ и дознава дека нејзиното семејство исчезнало. Од нејзината мајка, татко и брат нема ни трага. Дејството на книгата се одвива дваесет и пет години подоцна, кога Синтија е омажена и има осум годишна ќерка, и се обидува да дознае што се случило таа ноќ. Но, секој одговор носи уште безброј други прашања со него.
    Книгава навистина ме одушеви. Ја читав на одмор, и за 3 дена голтнав 440 страни. Лесна за читање, а сепак има неверојатен заплет. Си правев секакви претпоставки, но сепак крајот успеа да ме изненади.

    И, да си кажам, само што ја заврши и ја испофалив на мајка ми и сега таа ја чита. :lol: Дефинитивно препорачувам.
     
  13. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Се надевам дека не е проблем за две мислења едно по друго. :)

    Седум дена за вечност - Марк Леви

    За да стават крај на вечното ривалство, Господ и Луцифер го прифаќаат крајниот предизвик. Ги испраќаат во мисија своите најдобри агенти, Лукас и Зофија. Тие имаат 7 дена за да извојуваат победа за својата страна - на тој начин ќе се реши дали со човештвото ќе владее Доброто или Злото. Господ и Луцифер предвиделе сè, освен една работа... Дека ангелот и демонот ќе се сретнат.
    За оваа книга имам сосема спротивно мислење од онаа погоре. Некако темата ми е ислитена - доброто против лошото, момче и девојка со спротивни карактери, случајно се среќаваат а не знаат дека се ривали... И не знам дали е до преводот или до стилот на писателот, но на моменти една реченица требаше неколку пати да ја прочитам за да ја разберам, а пак често среќавав и делови со прост израз. И крајот беше ептен предвидлив. Уште кога го прочитав текстот на задниот дел од корицата (дел од него ставив во спојлер) знаев како ќе заврши. Воопшто не ме влечеше да ја прочитам, 200 страни читав цели 4 дена. Туку, воопшто не би ја читала, но ја почнав кога бев на одмор зашто немав друга, а не практикувам да оставам недочитани книги. Кој сака лесни и предвидливи љубовни романчиња можеби би му се допаднала, инаку не ја препорачувам.
     
  14. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.351
    Пол:
    Женски
    Хари Потер и реликвиите на смртта од добро познатата Џ.К.Роулинг
    Книгата е нешто феноменално,додека ја читав си ги замислував ликовите од книгата,како и јас да учествувам во филмот!Немам едноставно зборови,прекрасна е книгата,последниот дел ми се допадна од прва до последна страница,умирањето на Северус Снејп кој отсекогаш го штител Хари Потер,убивањето на Волдемор,и крајот ај нема да го откријам,ќе ви го оставам вие да го дознаете,прочитајте ја книгата,ви препорачувам! ;)
     
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Па што ако имам некој килограм повеќе - Мег Кебот

    Иако се зезнав бидејќи на фемина предвреме дознав кој е убиецот, сепак е интересна и возбудлива. Има неколку феили и малку е глупаво бидејќи
    не може да се открие убиецот на средина од книгата, па според тоа веднаш се знае дека Кристофер не е убиецот
    Јас се посомневав во убиецот на почеток, ама си го упропастив читањето со тоа што дознав предвреме кој е. :( Не можеш да се препуштиш на погодување. :D
    Воглавно, лесна книга, интересна, насловот нема никаква врска, освен некаде на крајот, ама не игра некоја улога :D
     
  16. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.565
    СПАС - Исидора Бјелица

    Книгава ја голтнав за час. Се работи за вистинско премрежие кое авторката го искусила пред неколку години. Живеела динамичен, брз живот во трка по пари, доживувала неправди, стресови, емоционално неверство од сопругот, работи кои не успевала да ги прости туку ги потиснувала во себе и си ја загорчувала душата. И еден ден открива дека боледува од рак.. Спасот го бара во се: класичната медицина, алтернативната, режимот на исхрана, светотаинскиот православен живот. Успева да се избори со болеста, а кога прави ретроспектива зошто и се случило сето тоа, доаѓа до заклучок - недостаток на љубов!
    Еве што вели:[/i] „Незадоволството од другите произлегува од неможноста да ги сакаме безусловно, да им простуваме лесно...Секоја моја несреќа, секое мое незадоволство, всушност, беа еманација на моите слабости. На моите, а не на нивните..
    Сите зборуваат за љубов, а љубовта всушност, е само тоа, можност со неа да ги покриеме сите дупки на нашето реално незадоволство и на несовршеноста.
    Штом ќе видите дека некој бара правда, а не љубов, тука Лукавиот трие раце.. На сите несреќи, на сите предавства, на сите гревови има само еден одговор - покајание и љубов. Ако не успеам во тоа, ако тоа не го најдам, моето битие ќе се распадне од несреќа.“
    [/i]
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Последниот чај - Винка Саздова

    Мојата прва книга од македонскиот автор. Тукушто ја прочитав и додека сум сеуште под импресии да пишам моите впечатоци.

    Се чувствувам како навистина да сум и самата била на патување, како штотуку да заврши една авантура која лично ја имам проживеано. Се претопив во книгата, се препознавав, се соживеав целосно.
    Додека читав некои страници и самата си ги навраќав моите лични спомени, пребирав преку нив, над некои и заплакав дури. Ете толкаво влијание имаше книгата на мене. Се чувствувам некако збогатена од неа. Можеби беше вистинскиот момент за да ја читам токму оваа книга, ми беше потребна.
    Имаше моменти кога главниот лик, што ја пишува книгата, ме толку нервираше, ми идеше да и влезам во книгата и да и се развикам во фацата: Аман, жено, што правиш, што си толку залудена, врати се во реалност, не си ставај трн во здрава нога, ништо не ти фали и онака во животот!...
    Таа отиде на патувањето да се пронајде себеси, ама првин требаше да се изгуби.
    Како да ги видов живо истите работи што таа ги опишуваше во книгата, како да чувствував исто што и таа, и имав исти мисли.
    ...Таа беше збогатена и со полни очи и душата, и јас со неа...

    Стилот на пишувањето ми се допаѓа, ми се допаѓа убав македонски јазик, убаво доловени и опишани чувствата и ситуациите. Лесно, а длабоко.

    Дефинитивно ќе купам и другите две нејзини книги, оваа и е првата, последната е пишувана 4 години попосле (2013), баш да видам колку и дали се чувствува нејзината лична созреаност во книгата.
     
  18. fashion.girl.13

    fashion.girl.13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    359
    Пол:
    Женски
    Подарок за роденден-Сузан Елизабет Филипс
    многу лесна книга за читање и многу смешна, мене ми се допадна и би ви ја препорачала..бидејќи не ме бива за раскажување еве кратка содржина
    Генијалната професорка по физика, доктор Џејн Дарлингтон, очајно сака бебе. Но наоѓањето татко за нејзиното бебе за неа не е така лесно. Супериорната интелигенција на Џејн е причината поради која таа израснала како чудак, вечно сама и изолирана поради страдањата предизвикани од злобните зборови на другите деца.Нејзиниот живот не е лесен дури ни сега како возрасна личност, па таа ужасно многу сака да го поштеди своето дете од слична судбина. Што значи дека мора да најде некој многу специјален за татко на своето дете. Некој многу... па, глупав... кој би надоместил и би го урамнотежил коефициентот на интелигенција на нивното бебе.Кал Бонер, легендарниот бек на тимот Чикаго Старс, изгледа како совршен избор. Но неговите планински корени, добар изглед и лошо изразување лажат. Премногу доцна, доктор Џејн сфаќа дека овој „чоек“ е многу попаметен отколку што изгледа и тој нема намера да дозволи да биде искористен и изигран од страна на една луда, паметна планерка со скриени намери.Она што почнува како совршено скроен план со еден подарок за роденден излегува од контрола и се претвора во приказна која ќе ве насмее до солзи...
     
    На Bescheiden и anggell им се допаѓа ова.
  19. ivana63

    ivana63 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2013
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    229
    Е жими се ќе седнам да ја читам! Уште денеска и тоа. :D
    Одамна ја имав видено и ја планирав, а ниту еднаш не се помачив да ја побарам. :$

    Иначе, да не бидам оф-топик, еве и за мене:
    „Ангелски повик“ - Гијом Мисо
    Ми се допадна, приказна која ќе ве остави без здив (нормално за тие шо се љубители на акција), 350 страни ги поминав во 2 дена. Неверојатен заплет, трилер а воедно и лесна романса која до последен момент ќе ве држи во неизвесност. :wasntme: :!: Па еве една кратка содржина:
    На аеродромот „Кенеди“ една недела пред Божик, во голема гужва Маделин и Жонатан се судираат еден во друг и несвесно по грешка ги менуваат мобилните телефони. Кога тие забележуваат дека телефонот што го имаат не е нивни, ги делат илјадници километри. Таа е цвеќарка во Париз, а тој готвач во еден мал ресторан во Сан Франциско. Нема да помине долго пред тие да им се предадат на искушението да ги истражуваат содржините на мобилните телефони. Меѓутоа, нивната љубопитност ќе ги доведе до шокантно откритие: ќе сфатат дека нивните животи се нераскинливо поврзани со тајната за која и двајцата верувале дека ќе остане закопана.
     
  20. Black-Beauty

    Black-Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Само што ја дочитав "Ангелски повик" сега се нафрлувам на "Сосед од пеколот" од Р.Л. Метјусон. На прв поглед ми изгледа како добра книга на таму ќе видиме.

    Хејли е тивка, кротка девојка која нема многу луѓе и задоволства во својот живот, па ужива во малите работи кои ја исполнуваат: нејзината работа како професорка во средно училиште и нејзината прва самостојно купена куќа со прекрасна градина.

    Меѓутоа, се случува една работа која ѝ ги уништува и тие мали задоволства и ѝ го протресува целиот живот од корен. Во соседната куќа се доселува вистински ѓавол! Гласна музика, нездрави забави, пијани друштва, кршење прозорци со палки и топчиња за голф... Џејсон Бредфорд е вистински сосед од пеколот. И како тоа да не е доволно, тој исто така е професор во средното школо каде што предава Хејли, па ѝ го уништува животот и додека се на работа...

    Срамежливата Хејли е мирна и повлечена, сакајќи да избегне конфликти и расправии, таа секогаш излегува наивна и им дозволува на луѓето да ја влечат за нос, но соседот од пеколот ги преминува дури и нејзините граници. Таа нема намера да се откаже од својата работа и не може да ја продаде својата куќа, па така нема избор освен да му објави соседска војна...

    Но и Бредфорд има свои оружја, а тие се опасни во војна против која било жена. Неодоливиот сосед не се плаши да нападне со својот шарм и пеколно добриот изглед пред кои потклекнуваат и многу посилни жени од Хејли...

    Она што најмногу ми се допадна кај оваа книга беше леснотијата со која се чита, страниците буквално те влечат сами и не можеш да ја оставиш додека не ја прочиташ – забавна и слатка како да седнеш да изедеш едно триста грамско Милка чоколадо. Ликовите се интересни и добро изградени, особено Џејсон со неговата смешна опсесија за храна – така добро има да ве изнасмее што нема да можете да дочекате да наидете на друг лик како него. И покрај тоа што изгледа нездраво добро, тој постојано е гладен, постојано џвака нешто, постојано глуми дека му се лоши и дека ќе се онесвести од глад...
    :inlove: