1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Safe Haven - Nicholas Sparks
    Не знам што ми текна на Спаркс. Ми се читаше нешто лигаво, ама место да си земам чик лит, па барем да се посмеам на сарказам заглавив со ова.
    Ужасна ми беше книгава, проста, недобро доловени ликови, дупки, неверојатности, очиве ме болат, не од читање, туку од превртување.
    Толку, завршив со господинот Спаркс, не можам веќе да го проголтам тоа што го сервира.
     
  2. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.030
    My Sister's Keeper - Jodi Picoult

    Убава, наративно богата, смешна, тажна, искрена приказна за судбината на едно семејство чиј член боледува од ретка форма на рак.
    Додека ја читав, многу пати се најдов како ги осудувам родителите поради нивните избори, но сепак сите сме готови да правиме жртви за да ги спасиме најсаканите. Иако предпоставував дека крајот ќе биде со таков исход, не очекував дека ќе биде на тој начин што ме остави со подзината уста и празнина...
    Животот не дава можности да се избира помеѓу што е фер и што е правилно, книгата јасно го отсликува тоа.

    Топло ја препорачувам на сите кои што уживаат во книгите на Пико.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.181
    Допаѓања:
    4.874
    Пол:
    Женски
    Централ парк- Гијом Мусо

    Интересна, напета приказна која се чита во еден здив.
    Се работи за млада полицајка, парижанка,која се буди врзана со лисици за еден човек кој воопшто не го познава, во Централ парк во Њујорк, и не се сеќава на ништо од предходната вечер.Започнува вртоглава истрага за да открие што се случило, и во текот на истрагата се соочува со нејзините најголеми стравови и болка.Приказната е фасцинантна, крајот е непредвидлив, навистина мајсторки напишана приказна која ке ја прочитате буквално одеднаш.
    Инферно е единствена книга од Ден Браун која ме розачара. Книгата е супер напишана ама крајот ми е без врска, ми го расипа целокупниот впечаток за книгата.
     
  4. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Која е таа девојка? - Александра Потер

    Се сомневав во книгава цел ден пред да почнам да ја читам. Сериозно, ја гледав како да е некој криминалец што крие тешка државна тајна, затоа што писателката ми беше малку сомнителна а и корицата на книгата беше срцлеста повеќе од нормално. Имам таков впечаток за писателката дека е тинејџерски писател, дека пишува воглавно книги што би ги интересирале оние што сакаат драма и не би ја спознале убавината на книгата.
    Но, не знам дали книгава беше исклучок или јас тотално сум била грешка.
    Ја прочитав во еден здив. Буквално (за еден ден). Прекрасна книга, ми се допаѓаше она што се совпаѓа начинот на раскажување со самата приказна. Поучува многу ствари но имам само една забелешка... Не ми се допадна многу речникот или така кажано уметноста на зборови беше отсутна. Многу плитко објаснето но сепак беше доволно за да ти го сопре здивот.
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Leaving time - Jodi Picoult

    “Resolve is like porcelain, isn't it? You can have the best intentions, but the moment there’s a hairline crack, it is only a matter of time before you go to pieces.”

    Уште сум под огромни импресии од книгава, Е оваа книга дефинитивно требаше да ја читаме во клубот, има во изобилство за дискусија.
    Мислењата на ГР се поделени, на некои има се допаднала премногу, некои не ја ни дочитале. И не ме ни чуди, има елементи во книгава кои дефинитивно не се за сечиј вкус.
    Ама мене ми се допадна. Премногу.

    Прво, ми се допадна што слоновите се огромен дел од приказната. Немам прочитано ништо опширно за нив и ми беше ептен интересно да видам колку паметни животни се всушност. Имаше многу трогателни моменти, на некои сцени не можев, а да не пуштам солза.

    Второ, едниот од главните ликови во приказната е psychic. Иако понекогаш ова е доволно да почнам да превртувам со очи, освен ако не сум земала нешто паранормално да читам, ама тука ми беше ептен уверливо. Џоди си има начин да го вовлече читателот во приказната, да ја доближи до него и да го натера да поверува во она што ќе му го сервира.

    Да не откривам премногу, зашто книгава има еден одличен mindfuck. Воопшто, ама воопшто не очекував како ќе се разрешат работите, не ни се посомневав ни за момент што се случува. Пико те води во еден правец, се фокусираш на тој и мислиш дека си на прав пат, а ти всушност си скршнал и си забегал по некои козји патчиња.
    Колку солзи пролеав на крајот, не можев да поверувам што навистина се случило. И крајов веројатно е една од причините што некои читатели не можат да ја сварат книгава. Ама јас ја сварив, и ставив зачинче, и си ја изручкав од А до Ш. :D

    Ликовите ми се допаднаа, Џена посебно, срцка ми беше, си ја засакав најмногу од сите. Тринаесетгодишно девојче, стара душа.

    Раскажувањето ми беше и подобро од некои нејзини книги, уживав во секој прочитан збор.

    "She threw words at me like handfuls of mud, and now, that they've dried, I can brush them off."

    Има чиста 5ка од мене книгава. :)
     
    На Someonespecial, Lella и Marossa им се допаѓа ова.
  6. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.181
    Допаѓања:
    4.874
    Пол:
    Женски
    Знаеш ли да чуваш тајна- Софи Кинсела

    Софи Кинсела е закон за пишување духовити книги. Книгава ме насмеа ептен, да се прочита обавезно!
    Мене оваа книга ми е една од омилените, ми остави силен впечаток, и ме опомена на некој начин повеќе да обратам внимание на ситните нешта кои го прават животот убав...
     
  7. wonderful1

    wonderful1 Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2014
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    31
    Врвна уметност од Рубен Фонсека ( за оние кои сакаат криминалистички книги )
     
  8. d(r)ama

    d(r)ama Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Драги Џон
    Се расплакав на крај.Прекрасна книга.И филмот го имам гледано.Во споредба со книгата,филмот е нула.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  9. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    205
    Ispoved na edna akuserka intetesna i vozbudliva kbiga. Nastanite se malku isprepleteni i vrakane vo minatoto po segasnosta.
     
    На B-N му/ѝ се допаѓа ова.
  10. bibb.y

    bibb.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    355
    Заштитникот - Никола Спаркс
    [​IMG]

    Преубава книга, вниманието ти го задржува до самиот крај, цело време нешто се случува. Се работи за младата вдовица Џули која живее со своет куче Сингер , кое е дога. Се почудни работи ке почнат да и се случуваат одкако ке излезе на состанок со таинствениот и згоден инжинер Ричард. :) :)
     
    На GirlLove и crazylady им се допаѓа ова.
  11. nadja29

    nadja29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    342
    Последната пролет во Париз-Јелена Бачиќ-Алимпиќ
    Една сосема обична старост и рутинска новинарска задача спојува две судбини, кои раскажуваат една трагична животна приказна. Судбина на емигрантите од царска Русија, оданост на идеолошките вредности, појава на демони од минатото, каде е границата на вистината и како да се пронајде храброст за да ја прифатиме и да се осознаеме себеси? Сите овие дилеми се испреплетени во приказната на старицата Марија Колчак и новинарката Олга Ласеж која сериозно го освојува Балканот, но и европските метрополи.
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  12. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.181
    Допаѓања:
    4.874
    Пол:
    Женски
    Мене оваа книга ич не ми се допадна, провидна приказна без никаква динамика, се она што го читаш веќе однапред го претпоставуваш па така да не делува занимлива.Мене ми беше баш просечна. Сепак прашање на вкус
     
  13. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.181
    Допаѓања:
    4.874
    Пол:
    Женски
    Игра судбине-Елизабет Наугхтон

    Книгава на почеток асоцира на Пред да заспијам од Стивен Вотсон, но првиот впечаток лаже. Се работи за млада жена која наводно има преживеано сообраќајна несреќа и го има изгубено памтењето. Нејзиниот сопруг загинува во авионска несреќа. После погребот барајќи ноже за отварање писма случајно открива една фиока во неговата работна маса која е заклучена. Одкако ќе ја отвори пронаоѓа кутија со куп документи за нејзиното лечење, дознава дека во кома била 3 години а не 3 дена, има фотографија од девојче кое е најверојатно нејзина ќерка а нејзиниот сопруг е потпишан како нејзин лекар.После ова откритие решава да побара одговори... Приказната е ептен интересна, едноставно неможеш да престанеш да читаш.
    Од мене чиста петка:)
     
    На Teodora* му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Coleen Hoover - Ugly love
    [​IMG]

    Кога ќе почнам нова книга од Колин Хувер веќе знам што ме очекува. Солзи, солзи и солзи.. Така некоја посебна емоција ми будат. Книгава не е исклучок, eдна од најтрогателните приказни ми е.
    Од сите нејзини машки ликови Мајлс ми е омилен. Одлична книга, се чита во еден здив. Едвај ја чекам најновата од Колин догодина.

    [​IMG]

    Часови по секс - Даниел Грант
    Целосно спротивна книга од претходната. Чик лит книга напишана од машка гледна точка што и даде освежувачка димензија на книгава.
    Џејмс има проблеми со потенцијата, па најмува една стриптизерка да му го "исправи" проблемот за да не се посрамоти пред дeвојката што навистина ја сака.
    Добар машки хумор, без некои детални описи и непотребни работи. Имаше делови на кои се смеев на глас. :)
     
  15. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    96.167
    Мајка - Перл Бак

    Јас сум воодушевена од романот! Потресна приказна за една мајка, нејзините обиди сама со своите три деца и една старица да плови низ животот и сите предизвици кои тој тој ќе и ги донесе, напуштена од својот маж и татко на нејзините деца за кој никогаш ништо нема да чуе после неговото заминување без збор...
     
    На Teodora*, lunicka и RainBow им се допаѓа ова.
  16. oraiaeleni

    oraiaeleni Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    107
    Неколку книги прочитав изминативе денови, вака: Чест, од Елиф Шафак, еден роман кој ќе го остави без здив (и неспиење) секој кој сака да чита фамилијарни драми. Едноставно, сага за едно семејство,приказна за една култура која не ни е непозната а во која машкото дете претставува чест а женското дете-Срам. Ви текнува нели? Секако дека ја препорачувам.

    Другата книга беше Небеска Тимјановна од Петре М. Андреевески. Вистинит роман, познат, кој ем остѕави со прашањето: колку многу ке преживее некој и пак ќе остане силен и читав во главата и ке продолжи понатаму. Борецот се раѓа. Егејска сага, да речам, ја препорачувам.

    Судбината на човекот од Шолохов. Треба ли зборови? Минијатурно книже-а многу кажано. (Се арзбира, читана ми е еднаш поодамна,ова беше некој рифреш). Повторно ќе речам, човек незнае колку може да носи на своите плеќи додека не му се натовари. Љубовта сепак е онаа која дава сила (детенцето Вања кое нашиот јунак го посвојува откако ек загуби се). Веројатно и сте ја прочитале, гледам дека повеке сте на форумов помлади, па можеби скоро ви била и за обработка.
     
    На azelea и lunicka им се допаѓа ова.
  17. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Светот не е фабрика за исполнување желби - Џон Грин

    Филмот не го имам гледно, но и покрај тоа што не сум голем љуботел на вакви типови на книги, оваа ме остави без зборови. Посебно кај Хејзел ми се допадна тоа што има разбирање и е свесна за нештата кои ја очекуваат.
    Единствено, ме интересира што се случува понатаму со животот на Хејзел.

    Па да, светот не е фабрика за исполнување желби ;)
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    On Dublin Street - Samantha Young

    Си напишав многу опширно и долго мислење за книгава во темата Фемински клуб и ќе го постирам кога ќе дојде времето таму, а тука ќе ја опишам со пет збора. Ужасна, досадна, глупава, предвидвидлива, клише.
    Не ја препорачувам во никој случај, ништо повеќе од што би ја препорачала онаа со сивите нијанси.
    Освен ако таа не ви е најомилената книга во животот. Тогаш и оваа слободно прочитајте ја.
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Winter Street - Elin Hilderbrand

    Ми се китеше елка деновиве, ме фати некое такво расположение, па ја симнав првата божиќна книга што ја најдов на goodreads :wasntme: Не беше лоша, ама повеќе беше фокусирана на сите сплетки и интриги што се случуваа во една семејство околу празниците. А баш сакав нешто кое ќе ми ја долови таа божиќна атмосфера... Ни елка не видов од тоа, добив само една просечна семејна драма.
    Следен пат кога ќе бирам ваква книга, задолжително ќе читам критики и коментари. Патем, ако некој има препорака за нешто такво, би му била благодарна да ми пише :)
     
  20. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Eve nesto od mene.
    The Perfect Present - Karen Swan
    Christmas at TIFFANY`S - Karen Swan ( taa e edna od najdobrite pisatelki na Christmas story, sega za sega )
    Christmas at Claridge's- Karen Swan
    Home for Christmas - Cally Taylor
    https://www.google.ca/search?q=christmas books chick lit&biw=1280&bih=891&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ei=P0NiVJDmEce4ogS534GQDA&ved=0CAYQ_AUoAQ
    Imaj ubavo vreme.

    Golemive bukvi naznacat deka e najdobra kniga. Nesto slucajno mi se stisnalo. Izvini za zabuna.

    I jas se spremam od 1 Dekemvri da zavrtan na christmas chick lit. Da se pripremam za praznicite.
    Ako najdete nesto interesno , preporacaj te.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.