1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    The Sea of tranquility - Katja Millay

    Многу ми е мило што ја избрав книгава за читање. Иако е YA супер ми дојде. Баш вакво нешто ми требаше.

    Приказната ми се допадна, ја прочитав во еден здив. Имаше неколку клише моменти, не е сосема лишена од повторување, ама сепак, ликовите и начинот на раскажување ми се допаднаа премногу, па ќе го пуштам тоа да помине.

    18 годишната Настја оди да живее кај тетка ѝ, има лузни по телото, се облекува како руска ороспија и воопшто не зборува.
    Ова беше доволно да ме заинтригира што и како се случило и со огромно внимание читав како се расплеткуваше приказната. Ме погоди многу, ми беше жал девојчето и што се преживеало. На некои моменти и си пуштив солза, две...

    Има 5/5 книгава, ме изненади и добро ми дојде после претходната книга која мислам ми пробуши дупка во мозокот.
     
  2. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    If i stay-Gayle Forman
    [​IMG]

    Бестселер,има солидна оценка на goodreads, а има и филм направено според неа и решив да ја прочитам. Се работи за седумнаесет годишната Миа, нејзиниот живот и нејзиното соочување со тешките одлуки кои треба да ги донесе, дали да се бори за својот сон и да продолжи по патот на успехот, или да остане дома со фамилијата и дечкото.Но, на самиот почеток на книгата се случува огромен пресврт и Миа е соочена со само една најважна одлука која мора да ја донесе, to be or not to be би рекла, и се навраќа на моменти од животот кои ќе и помогнат да ја донесе одлуката.Книгата сама по себе е тажна, но во ниту еден момент не ги доживеав емоциите толку силно за да се расплакам.Имаше некои нелогичности, не допре до мене толку колку што очекував, нема некоја посебна приказна, но сепак има и далеку полоши книги.Но, не би ја сместила во бестселер.
    2.75/5
     
  3. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    "Трагедијата на животот не е смртта туку сето она што умрело во нас додека сме живееле."

    Оваа книга претставува еден потресен и емотивен исповед на старицата Марија Колчак, на залезот на нејзинот живот. Уште од првата средба со новинарката Олга Лажез, се испреплетуваат судбините на двете жени, и после откриената вистина засекогаш се променуваат нивните животи. Старицата, загледана во минатото ги открива своите најмрачни тајни и спомени, за времето поминато во логорот, приказната за судбината на емигрантите од царска Русија, вербата во идеалите дури и по цена на животот, предавството...

    Една меланхолична приказна, која премногу ме трогна, а солзите беа неизбежен дел покрај таа приказна. Не залудно е бестселер на овие простори, ѝ давам чиста 5ка!
     
    На eliesaab, Kala22 и fatamorgana123 им се допаѓа ова.
  4. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Правење ѕвезди - Синди Џефрис

    [​IMG]

    Од пред две-три недели ми е прочитана, па колку што се сеќавам ќе си кажам.
    Интересна, ама глупав крај некако, ништо посебно не беше. И не ми се допадна тоа што Чарли мораше да свири со нив, сепак е голем фестивал и требало само тие од бендот, ај сега, ќе му даваме шанса. Како не.
    Чарли ми е некако, ептен искомплексиран лик, кој поради тоа мора да се брани со ароганција. Таквите најмногу ме нервираат.

    Ѕвезда на танцот - Синди Џефрис

    [​IMG]

    Оваа баш ми се допадна. Има случувања, има заклучок, има порака, идеја.
    Уште од почеток се гледаше дека има хемија помеѓу Поп и Мармалад и според мене баш си одговараат. Секако ме нервираше однесувањето на Мармалад, ама и онака знаев дека на крај ќе се реши да не се инаети.
    Ама се изнервирав кога не можеше да си најде костум, баш ме нервираат вакви работи, кога веќе правиш среќен крај, направи го баш среќен, совршен. :|
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    The Hours - Michael Cunningham
    [​IMG]

    Книга која паралелно следи три ликови засегнати од романот на Вирџинија Вулф, "Mrs. Dalloway". Првиот лик е самата Вирџинија во периодот додека го пишува. Вториот лик е Лаура Браун, домаќинка која живее во 50тите години на минатиот век и ја чита книгата пронаоѓајќи се во главниот лик. А третиот лик е Клариса која живее во Њујорк во 90тите години на 20тиот век. Сите три ликови имаат нешто заедничко со главниот лик од "Mrs. Dalloway" која исто така се вика Клариса. И сите три ликови се на некој начин засегнати од самоубиство.
    Знам дека можеби делува збунувачки, мене ми требаше малку време да се вклопам во приказната и да сфатам која е всушност поврзаноста на ликовите. Книгата обработува само еден ден од животот на овие ликови, но низ тој ден можеме да ја комплетираме сликата за целиот нивен живот.

    Ми се допадна стилот на пишување, дури и оние делови каде имаше раскажување без некои конкретни настани. Ќе издвојам неколку цитати:

    “Dead, we are revealed in our true dimensions, and they are surprisingly modest.”
    “There is a beauty in the world, though it's harsher than we expect it to be.”
    “She could have had a life as potent and dangerous as literature itself.”
    “She will remain sane and she will live as she was meant to live, richly and deeply, among others of her kind, in full possession and command of her gifts.”

    И еден подолг цитат во кој се согледува поентата на книгата:
    “We live our lives, do whatever we do, and then we sleep - it's as simple and ordinary as that. A few jump out of windows or drown themselves or take pills; more die by accident; and most of us, the vast majority, are slowly devoured by some disease or, if we're very fortunate, by time itself. There's just this for consolation: an hour here or there when our lives seem, against all odds and expectations, to burst open and give us everything we've ever imagined, though everyone but children (and perhaps even they) knows these hours will inevitably be followed by others, far darker and more difficult. Still, we cherish the city, the morning; we hope, more than anything, for more.”
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Central park - Guillaume Musso

    Не можам да се одлучам дали книгава е крајно глупава и бесмислена или брилијантна. Ја прочитав во рок од неколку саати, не можев да ја оставам, има многу пресврти, ништо не е како што изгледа. Едно нешто не погодив.

    Ама не знам дали објаснувањето ми е доволно за да ги прифатам сите тие пресврти. Ако се препуштам на книгава со затворени очи, тогаш да, супер беше. Ако рационално ги размислувам работите тогаш целата приказна е една огромна глупост.

    Не ми е веројатно некој да го направи сè тоа што го направи Габриел, премногу веројатности кои требаше да се случат за да испадне како што треба приказната. Крајот не ми се допадна,
    целата врска на Габриел и Алиса ми не ми беше уверлива, не знам како можеше да засака жена која не беше ни при себеси, беше изгубена во една магла...
    Мислам дека приказната беше премногу дури и за Мисо. Претерал малку со (не)веројатното.
    На крајот, повеќе ме влече кон бесмисленоста него кон брилијантноста...
    Затоа што те љубам останува непоразена во моите очи, оваа оди негде кон крајот на листата. Можеби пред 7 години подоцна која го има последното место.
    И мислам дека почнувам да се заситувам од Мисо, можеби до неговата следна книга пак ќе ми порасне апетитот, ама останува да се види...
     
  8. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Ловец на души - на македонски, но не можев да најдам слика. Прекрасна книга, која ја голтнав буквално за помалку од 24 часа. Од една страна мистериозен трилер, но од друга страна ми разбуди и некои филозофски размислувања.

    [​IMG]

    "Постои место каде што светот на светлината го среќава светот на темнината. Таму се случува сè, во земјата на сенките, каде што сè е непостојано, конфузно, несигурно." - цитат кој накратко ја опишува цела книга.

    Три различни приказни се испреплетуваат во книгата, но сите се меѓусебно поврзани. Сандра е фотограф форензичар, преку објективот таа пронаоѓа траги и детали во кои се крие смртта. Доведена во ситуација да ја истражува самостојно смртта на нејзиниот сопруг, нејзините патишта се вкрстуваат со тие на Маркус - исповедник, оспособен да препознае аномалии и да го открие вистинското лице на злото. Тие заедно, откриваат еден ужасен свет на тајни и убиства, скриени во уличките на Рим.

    Само што ја дочитав и сеуште сум под импресии, но покрај интригантната приказна, книгата и ме замисли. Всушност би можела да кажам дека ова е книга за злото - како ние луѓето го дефинираме и реагираме на истото во одредени животни ситуации. Споредните ликови во книгата се доведени во ситуации каде што се во можност да им пресудат на луѓето кои најмногу ги повредиле одземајќи им ги животите на најблиските, пред нив е изборот дали ќе одберат правда или одмазда, дали ќе станат убијци или ќе останат жртви.

    Морам да признаам дека додека читав имав чувство како да читам книга од Ден Браун, но со далеку подобра и посупериорна приказна, можеби поради фактот што целото дејствие се одвива во Рим, а авторот е италијанец. Во секој случај совршен трилер, има 5ка од мене!

    п.с. Доколку некоја феминка ја читала скоро или се сеќава добро на настаните, би ја прашала нешто што ми е малку нејасно. :?::)
     
    На plava.90, CrazyOne, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Cover her face - P. D. James

    Класична whodunnit приказна во Агата Кристи стил. Само што нејзините детективи се далеку поинтересни. Ништо не ми се допадна во книгава. Недопадливи ликови, главниот детектив беше без душа, како робот, немаше никаква позадина да го доближи до читателот. Дури не ме ни интересираше кој е убиецот. Ниту пак се изненадив кога дознав. Впрочем, книгава нема потреба да се чита цела, доволно е последното поглавје, таму се е објаснето. Не дека ќе се пропушти нешто интересно.

    Има 1/5, и тоа многу е. Не успеа ни внимание да ми задржи, ни да ме заинтересира. Не знам дали сум читала подосадна мистерија.
     
  10. Oden

    Oden Активен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Историчарка - Елизабет Костова
    По препорака на другарка почнав да ја читам книгава, книгава е прекрасна ме фасцинира, не можев да ја оставам ја прочитав за еден ден.
     
  11. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    ,,Големиот Гетсби''-Френсис С.Фицџералд
    Книгава ја зедов пошто колку што имав прочитано има добри критики и се смета за добра книга.
    Можам да кажам дека не ми беше нешто нај-нај,единствено на крајот ме заинтересира повеќе.
    Можеби треба да ја прочитам уште два пати.
    Што знам.
    8-|
     
    На sia.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Fool Me Once - Mona Ingram

    Бидејќи ја читав под свежи впечатоци од Dublin Street, помислив дека ќе биде во тој стил, барем според почетокот. Можеби затоа пријатно се изненадив кога видов дека книгава всушност има некоја приказна :D Прво барав друга книга од истава писателка, која е во три дела (од кои го имам првиот, ама не сакам да го почнувам ако не ги најдам другите два). Единствено што успеав да најдам од неа беше оваа книга, па ја симнав чисто колку да видам како стил има Мона Инграм, бидејќи досега од неа ништо не сум читала.
    Книгава имаше некои клише романтични моменти на кои превртував очи, ама имаше голем потенцијал да биде интересна книга со заплеткана приказна. Беше прекратка за да обработи таква тема, па настаните беа само нафрлани, целото дејствие се случуваше нереално брзо, а притоа ликовите нормално не беа доволно обработени. На моменти имав чувство дека книгава е напишана од некоја млада девојка која баш и не се потрудила да се информира околу нелегалната трговија со оружје, па само смислила некоја приказна и ја напишала без доволно да ја разработи. Интересна идеја, ама лоша реализација.
     
  13. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.403
    Допаѓања:
    96.167
    The good father - Diane Chamberlain

    Ептен добра книга, која успеа да ми го задржи вниманието максимално.
    Приказната ја следиме преку тројца наратори - Тревис, Ерин и Робин.
    Тревис е таткото кој е способен да оди во крајност за да го спаси од беда и глад своето 4ри годишно девојченце, иако совеста непрестано го пече.
    Робин - девојка од среден сталеж, со болно срце која во училишните клупи го среќава Тревис и оттогаш се раѓа нивната љубов. Од тоа се раѓа и Бела, но нејзиниот дедо ќе успее да направи раздор и да не дозволи ова мало семејство да се радува заедно на животот.
    Ерин - докторка, која случајно ќе налета во животот на таткото и ќерката и колку што таа ќе им помогне на нив двајцата, уште повеќе тие ќе и помогнат на неа во преживување и премостување на нејзината животна трагедија.
     
  14. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Sex Criminals, Vol.1: One Weird Trick
    Matt Fraction (автор), Chip Zdrasky (илустратор)

    Прогласена за најдобра графичка новела за 2013та.

    Сузи е нормална девојка (библиотекарка) со необична способност: за време на оргазам може да го стопира времето. Случајно го запознава Џон (wannabe актер) кој ја има истата способност.
    Одлучуваат да ограбат банка...

    Е вака започнува стрипот што мене ме остави будна до 4 сабајле. Одамна немав прочитано ваков хумор на хартија. Баш по мој вкус. Ја делам опсесијата со илјадници други низ интернетов. Обожавателите се нарекуваат brimpers. Од каде доаѓа името? Погледнете го спојлерот. (18+)

    [​IMG]

    Од мене 10/10.
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    The Shock Of The Fall - Nathan Filer

    Книга која претставува едно патување низ психата на ментално болно момче по име Метју. Книга која бара целосно внимание, бидејќи настаните бегаат од секаква временска рамка. Метју ја раскажува својата приказна - она што се случило во минатото, она што се случува во сегашноста, она кое навистина се случило, но и она за кое халуцинира. Откако неговиот брат доживува несреќа и умира, Метју се обидува да се опорави и да ја потполни празнината која ја чувствува. Книгата со следи неговиот живот почнувајќи до трагичниот настан во детството, па во наредните 10 години. Ме освои неговиот лик, навистина ми побуди длабоко сочувство и ми остави некоја тежина.

    На самиот почеток на книгата пишуваше: Different fonts are used in this novel and this will enhance the reading experience. И ова беше една од работите кои ми се допадна во книгата. Користен е различен фонт низ раскажувањата, има и цртежи, а на некои делови како што читаш буквите почнуваат да стануваат сé побледи, за да се постигне ефектот.

    Книгава нема некои големи случувања, единствениот прашалник во неа е како всушност умрел братот на Метју. Ама во ниту еден момент не ми беше досадна. Начинот на раскажување беше прилично едноставен, но силен. Не беа потребни никакви украсени реченици и висок стил. Тоа ќе имаше само спротивен ефект и ликот на Метју немаше да го почувствувам толку близок и реален.

    Сепак, имаше многу убави цитати од кои ќе го издвојам овој:
    "Mental illness turns people inwards. It's keeps us forever trapped in the pain of our own minds, in the same way that the pain of a broken leg or a cut thumb will grab your attention, holding it so tightly that your good leg or your good thumb seem to cease to exist."
     
  16. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Кај некои дела има една карактеристика за која што некои би рекле дека ја одвојува бесмртната од смртната литература. Големиот Гетсби е таков случај каде имаме дело кое тешко може да биде восприемено од денешниот читател како што било восприемено некогаш, што би се рекло ``се во свое време`` и актуелноста опаднала низ децениите на постоење на книгата. Некои автори го надминуваат своето време и стануваат универзална вредност што тешко би можело да се каже за Ф.С.Фицџералд.
    Дури би се осмелил да кажам дека екранизацијата на Гетсби како одличен филм е подобра опција од повторно читање на книгата.:)
     
  17. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Приказна за две различни судбини, за едно пријателство кое случајно се раѓа под многу необични услови меѓу Јуџонг - млада и богата жена која целосно ја губи волјата за живот и притоа три пати се обидува да се самоубие и Јунсу - сиромашен сирак оставен самиот на себе, осуден на смртна казна.

    Јуџонг е млада бунтовничка која го отфрла традиционалниот систем и одбива да се омажи за човекот кој нејзиното семејството го има одбрано за неа. Таа крие мрачна тајна од нејзиното детство, што засекогаш ја променува нејзината личност. Јунсу е сиромав човек без никого и ништо на светот, обвинет за кражба, убиства и силување. Тој не знае за добрина ниту за пријателство. Неговите единствени спомени се поврзани за слепиот брат кој умира во неговите раце, недостигот на мајчинска љубов и ќотекот што секојдневно го добивал од пијаниот татко.

    Нивните средби се одвиваат секој четврток во затвор во Јужна Кореја, а пријателството меѓу минува во взаемна симпатија и љубов која и двајцата ги воздигнува на духовно ниво. Задоволството од нивните средби ги менува и двајцата, во нив се раѓа потреба да си го кажат тоа што им лежи на душа, да ги откријат најмрачните тајни и повторно да се преродат како нови луѓе.

    Колку може една случајна средба да го промени животот? Смртта е неизбежен дел од животот, но дали човекот има право да одземе нечиј живот? Дали и тој што го осудува затвореникот на смрт и самиот не станува убиец? Ова се прашањата кои се провлекуваат низ оваа потресна и тажна приказна за двајца млади луѓе, но истовремено претставува и силен манифест против смртната казна.
     
  18. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Шепнувачот - Донато Каризи

    [​IMG]

    "God is silent. The devil whispers..."

    ''And you have to be careful with illusionists: sometimes evil deceives us by assuming the simplest form of things...''

    Уште еден неверојатен, напнат трилер сѐ до самиот крај, инспириран од случаи кои навистина се случиле. Ова е прв роман на авторот, дипломиран правник и криминолог. И оваа книга како и претходната ме остави без сон, ја голтнав во едно деноноќие. Книга полна со изненадувања и пресврти, добро изградени ликови, контроверзна содржина. Контроверзна содржина како во областа на правото и кривичната одговорност, така и во психологијата на извршителите на специфичните кривични дела, што ги опфаќа т.н. шепнувачи.

    Не би да навлегувам во содржината, зошто не би можела во неколку реченици да опфатам толку многу случувања и ликови. Но, ја препорачувам на сите љубители на моќни трилери кои долго се паметат, од мене има 5/5.

     
    На Lella и plava.90 им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Sleep tight - Rachel Abbott

    Книгава имаше изгледи да биде одличен трилер. Почетокот е возбудлив, веднаш те зграпчува, ама понатаму му се омлитавуваат рачињата и почнуваш да се лизгаш...

    Прво, до 50 посто само се натрупуваат прашања, без никаков одговор. Иако уште пред половината може да се насети целата приказна и што вусшност се случува. Авторката од пуста желба да напише некаков си мајндфак трилер целосно ги уништува работите. Толку се е испозаплеткано, а кога ќе се отплетка нема ништо што не било очекувано. Тотално разочарување.

    Друго, има премногу ликови, непотребни ликови без кои приказната ќе беше само подобра. Таму некој рандом полицаец му опишува минато и дава детали кои само прават застој во приказната, ништо повеќе.

    Трето, приказната се отплетка на најлош можен начин. Детективите испитуваат случај, возбудливо е кога ќе откријат некој одговор, а авторкава фино лепо ги сервирала одговорите низ очите на ликовите кои беа истражувани, не на истражувачите. И во еден таков монотон глас што ми стана досадно,

    Ова трилериве десет ќе прочиташ еден дали ќе се погоди.,

     
  20. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Игрите на гладните
    Многу добра книга, преубаво се опишани игрите, крајот, во филмот фалат многу моменти.