Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последна прочитана книга и кратка критика

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ugly Love-Colleen Hoover

    Бидејќи беше номинирана за една од најдобрите годинава,очекував нешто подобро,иако се работи за чик лит.
    Книгава,толку обична и едноставна,како копија на филмовите и книгите од типот Friends with Benefits,No Strings Attached,50 shades of Grey итн итн...
    Немаше никаков заплет и пресврт,предвидлива откога ќе ги прочиташ првите две реченици,море кратка содржина да прочиташ,ќе го знаеш крајот :D
    Она што ми се допадна беше стилот на пишување,со добар вокабулар и интересни досетки,а и ликовите беа солидни,а не огромни будали како вообичаено.
    Издвоив и неколку убави цитати за љубовта.
    Сепак,не знам дали е до мене,или сите денешни автори(на љубовни книги) пишуваат по еден ист шаблон?
    Оцена 2.5/5 и тоа само заради убавиот стил.
     
  2. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.785
    Допаѓања:
    61.429
    Римската љубовница - Кејт Квин
    rimskata_ljubovnica.jpg

    Прекрасен роман за Рим во првиот век од новата ера - Рим од времето на гладијаторските игри!!!
    Авторката со користење на вистинити историски ликови и настани, но и со понекој измислен - се потрудила да ни го претстави Рим во времето на гладијаторите, царевите и нивните љубовници!!! Настаните интересно и сликовито се опишани, па имав чувство дека присуствувам на вистински ФОРУМ во кој што се изведувале гладијаторските игри (читај крвави борби кои секојаш завршувале со многу крв и жртви!!!).
    Злоба, интриги, завери, љубов и многу истересни настани - чиста петка за овој роман!!!
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    :o Ја има книгава по библиотекиве? Ептен ме заинтересира.
     
  4. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.476
    Допаѓања:
    96.930
    Понекогаш доаѓа среќа - Винка Саздова

    Младата сликарка Гора преку сеансите кај нејзиниот психолог ни ја предава нејзината лична приказна. Станува збор за една осамена личност која се вљубува во повозрасен и разведен човек со дете, кој е опседнат со тоа како да го добие својот син само за себе. Топла, книга напишана на едноставен и лесен стил која не е само обичен љубовен роман, ами е сага на една млада девојка во потрага по сопствената вистина, среќа и себеприфаќање.
    Не ме нешто посебно импресионира, меѓутоа сепак би дала 4/5 за пораката која ја носи бидејќи на секој во животот му се случува да се изгуби себе си и да помине трнлив пат дури повторно се пронајде.
     
    Последна измена: 29 ноември 2014
  5. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.785
    Допаѓања:
    61.429
    Елена незнам дали ја има во библиотека - мене ми ја позајми една пријателка!!! Инаку јас до книгите за читање доаѓам преку размена со колешките на работа - а, не има баш многу!!!:)
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    2.268
    Пол:
    Женски
    Животот на секого од нас му дава ретки мигови на чиста среќа. Понекогаш тоа се само денови или недели. Понекогаш години. Се' зависи од нашата судбина. Сеќавањето на тие мигови не' следи засекогаш и се претвора во земја на спомени во која се обидуваме да се вратиме во текот на остатокот од нашиот живот, безуспешно.
    [​IMG]
    MME никогаш нема да ми здосади. По 4ти пат веќе, мојата омилена- Марина на Зафон. Имам пишувано и во други теми колку сум емотивно врзана за книгава. Секоја година отприлика овој период традиционално ја препрочитувам.
    Веројатно приказната им е позната на повеќето. Колвеник ми е еден од омилените ликови од книга. Фасцинирана сум од неговата приказна, сериозно. Колку и да не е реална. Топло ја препорачувам, а срцето ми се полни секојпат кога гледам како сте ја постирале во темава.

    Понекогаш се сомневам во своето постоење и се прашувам дали ќе бидам способен да се сетам само на она што не се случило никогаш.
    Марина, ти ги однесе со себе сите одговори.
     
    На eliesaab, 1209, Marossa и 3 други им се допаѓа ова.
  7. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    Евгениј Онегин од Пушкин
    Интересен роман во стихови,кој всушност претставува еден нов вид на роман во проза.Главен лик е Евгениј Онегин според истоимениот роман,кој за многу нешта можеме да го осудиме,да не набројувам сега.Тој ја одбива љубовта од Татјана,за која после врти-сучи ќе ја побара кога таа веќе ќе припаѓа на друг и нормално деке го одбива тогаш.За да не му биде досаден животот,се запознава со Владимир Ленски кој е чиста спротивност во однос на карактерот од Евгениј.Тој всушност и преку него ја запознава Татјана,но на некој начин да речам флертува во играта на танцот со свршеницата на Ленски,Олга.И така се случува двобој,победник Онегин и поради своите лоши постапки и не баш убав карактер,тој останува без женска придружба до него.Со овој роман всушност како Пушкин да си ја претскажал својата смрт.Па Пушкин умрел во двобој,бранејќи ја честа на својата жена,откога добил рана...и после два дена умира.Интересен е Пушкин за читање.;)
     
  8. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    ,,Странецот''-Алберт Ками
    Книгава ми е пуфка,само што Ками можел да додаде некој детал плус.
    Целосно го опишува едно човеково суштество кое е одделено целосно од светот и е рамнодушно на истиот.
    (y)
     
  9. One.Moment

    One.Moment Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    3.545
    Пол:
    Женски
    Судбината на човекот - Михаил Шолохов

    Толку многу емоции во четириесетина страници, просто сум изненадена. Немам плачено на книга толку колку на оваа. 'Се што еден живот може да ти донесе и однесе, неверојатна. :bow:
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    66.999
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Funny girl - Nick Hornby

    Книгава почна интересно, имаше добри изгледи, ама на средината стана малку монотона.

    Сепак, забавна книга, ми се допадна што беше пишувана како биографија, со слики, за момент помислив дека е вистинита приказна, па пребарував ликови по нет.:lol:

    Ја препорачувам за опуштање, има интересни дијалози и добар хумор.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Темниот цвет - Џон Голсворди

    Ми се допадна и покрај тоа што има љубовна тематика, нешто што не би го вброила меѓу моите омилени работи. Љубовта е прикажана како длабоко, комплексно чувство кое има сила да направи пресврт во нашиот живот кога тоа не го очекуваме, или да биде токму тоа што ни било потрбно во моментот, па дури и да не сме свесни за тоа. Додуша, на моменти ми беше тешко да продолжам да ја читам, како и повеќето книги од овој период (тука ги вбројувам „Дипломец“ и „Збогум, Колумбо“), но дефинитивно е подобра од овие другиве.
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Hopeless - Colleen Hoover
    [​IMG]

    Има нешто посебно во начинот на кој Колин Хувер ги развива односите меѓу ликовите во нејзините книги, па иако не сум љубител на YA, книгава многу ми се допадна. Додека ја читав, некои моменти и постапки не ми беа логични, но како што се расплеткуваше приказната, така сите парчиња си дојдоа на свое место.
    Книгава ја следи приказната за 17 годишната Скај, чиј живот се менува откако тргнува во јавното училиште и го запознава Дин Холдлер. Што и да кажам повеќе, ќе ви ја расипе приказната, треба да ја прочитате :)

    Losing Hope - Colleen Hoover
    [​IMG]

    Вториов дел ја следи истата приказна, но гледано од перспектива на Дин. Иако можеби звучи досадно бидејќи веќе ги знаете настаните, мене не ми беше. Дијалозите во голем дел се повторуваат, но има многу работи кои се надополнуваат и во првиот дел не се откриени. Временската рамка е поголема, опфаќа настаните пред, а и по Hopeless. Освен тоа, интересно ми беше да видам колку различно може некој да гледа на истите настани.

    Сакав да ја прочитам и Finding Cinderella, ама ќе ја оставам за друг пат, сега некако се презаситив од приказнава. Додуша, гледам дека оваа книга ги опфаќа споредните ликови, па можеби ќе ја прочитам до нова година :)


    Засекогаш твој - Даниел Глатауер
    [​IMG]

    Кај книгава ме привлече она што го пишуваше на предната корица: Неколку капки од Стивен Кинг помешани со Хичкок, а сето тоа раскажано со ведар тон. Се чита како да пиеме шприцер во кој има малку арсен. :D

    Даниел Глатауер досега го немам читано, ама го имам сретнато на goodreads во препораките. Конкретно за оваа книга има коментари дека не е толку добра колку другите негови книги, но мене ми беше интересна. Откако ја дочитав прво си реков дека можел да ја разложи малку повеќе, зашто ми се чинеше дека таман навлегов во целата приказна, почна да се расплетува. Ама после па си мислам дека така можеби ќе биде досадна. Во секој случај ми фалеа барем уште неколку поглавја, расплетот некако беше избрзан.
    Книгава ја следи Џудит - жена во триесеттите години која случајно го запознава Ханес. Ханес е архитект, не е женет и е во најдобрите години од својот живот. Тој е сонот на секој мајка, принцот на бел коњ. На почетокот Џудит ужива во неговото внимание и љубов, но набрзо се заситува од целата страст и почнува да се чувствува заробено.
     
    На eliesaab и Libera им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    66.999
    Пол:
    Женски
    Кратка е приказната, не е лоша, ама пак има некои работи што се повторуваат.

    Мене Losing Hope ми беше досадна, речиси истата приказна со неколку нови работи. И не ми се свиѓа кога пишува од машка гледна точка, премногу некако и е женски стилот и не ми е уверливо.

    Little Mercies - Heather Gudenkauf

    Книгава супер ми легна. Само стилот на авторкава некако не ми се допадна баш, имаше повторувања, истата реченица штотуку кажана, само превртена малку пак подолу ја има на истата страница...

    Ми се допаднаа пораките што ги има книгава, едната баш како што вели насловот, малите нешта се тие што го прават животот, малите убави работи кои се случуваат во неубаво време. Другата дека сите сме луѓе, на секој може да му се случи нешто одвратно. Колку и да си добар не си заштитен од злото.

    Приказната е раскажана од две гледни точки, поглавјата за Елен се во прво лице, а поглавјата за Џени се во трето лице. Што беше добро бидејќи немаше забуни за кого е поглавјето.
    Ми се допадна и што Елен е социјален работник, а Џени е дете што било во системот, па се гледаат и двете страни.

    Имаше еден шокирачки настани, да бидам искрена останав со подотворена уста, не можев да поверувам дека тоа се случи.
    Воопшто не насетив дека доаѓа таква страшна работа.
    Елен е мајка на три деца од кои едното е бебе уште, има 11 месеци. Сабајлето пред да отиде на работа сите се успиваат и во паника се спремаат за работа и за на училиште. На Елен и ѕвони мобилниот, едно дете и се јавува од дома исплашено, очувот повторно ја тепа мајката и девојчето и сестричката се заклучиле во бањата. Елен на брзање вози до таму, вика полиција, трча надвор и се обидува да ја контролира ситуацијата.
    Но, подолу на улицата гледа дека се случува нешто, се собираат луѓе, но нема време да мисли на ништо друго освен на девојчињата кои се во опасност. Се додека не види дека на нејзиниот џип го кршат стаклото. Елен си помислува дека се обидуваат да и ја украдат колата. Но кога оди таму... Ја вадат нејзината 11 месечна ќерка од колата, неподвижна. Елен, не знаејќи дека маж и го ставил бебето да го однесе кај дадилката, го оставила во колата на температура над 40, цели 45 минути.
    Социјален работник, задолжен за доброто на толку деца, го остава своето заклучено во кола на огромна температура.

    Понатаму се разврзува приказната на Елен и Џени, исто се изненадив од тоа како испаднаа дека се поврзани.

    Книгава нема да ја заборавам, и поради пораките и поради настаните. Иако, баш како што прочитав во еден од коментарите на гр, да беше напишана од Џоди Пико ќе беше беспрекорна.

    Сепак, има солидна 4ка од мене.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    985
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Ја дочитав, конечно. :)

    Во оваа книга Каризи го опишува животот на агентката Мила Васкез, 7 години после случајот на Шепнувачот. Мила станува мајка и сега работи во Државната мртовечница т.н. чистилиште - 13 простории од кои 1-12 се резервирани за неидентификуваните трупови, воглавно скитници, бездомници, кои никој не се потрудил да ги побара и идентификува, а ниту се пријавени како исчезнати. Законот предвидува рок од 18 месеци, доколку никој не ги побара и идентификува тие трупови - тие се спалуваат во крематориум. Но, тоа не е случај со 13тата просторија - таа е наменета за т.н спијачи, односно трупови кои се анонимни жртви на нерешени убиства за кои законот предвидува да останат таму се до идентификацијата, затоа што можеби трупот може да биде употребен како доказ и времето за нивно чување е неограничено.

    Токму тоа е местото каде што Мила бара да биде префрлена, неа ѝ требаат 7 години да научи да се справи со се она што ѝ се случуваше при решавањето на случајот со Шепнувачот, надевајќи се дека тоа е местото каде што ќе најде мир. Таа добро си ја извршува својата работа, се до оној момент кога лицата кои долги години биле исчезнати се појавуваат и започнуваат да убиваат. Тие случувања ја враќаат Мила повторно на нов случај, затоа што таа е најдобра во својата работа - ги пронаоѓа оние кои светот ги отпишал. Таа треба да открие нешто што се случувало пред 20 години и да го поврзе со денешните настани и случувања.

    Ми се допадна и овој трилер од Каризи, иако првиот дел од книгата не ми беше посебно интересен. Но, крајот буквално ме остави со подотворена уста и со еден куп прашања во глава. Но, најверојатно тоа била и целта на авторот - да остави простор за продолжение на настаните во некоја наредна книга, што се надевам дека во моментов ја пишува :)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  15. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Отпозади - Сашо Тасевски

    [​IMG]

    Книгава ја меркав веќе година дена, и ете конечно се погоди да ја читам, па сега импресии. :wasntme:

    Стилов ептен ми се допаѓа, човеков е брутално искрен и директен, без ниту една влакно на јазикот. Совршено ги вклопува неговите ставови за актуелните конзервативни прашања, кои, патем, прилично се поклопуваат со моите, низ страниците од кои би се зацрвениле читајќи ги, до толку е безобразен.:lol:

    Е, сега, имаше една нелогичност некаде кон средината на книгата, која воопшто не ми се допадна и малку ме разочара, па се` до крајот постојано мислев на тоа и не можев на раат да си ја дочитам.

    Додека Пепе е во врска со Циме, заедно го шетаат целиот свет, па дури и стапуваат во брак во Норвешка. Подоцна, кога е повикан во Ватикан да го запознае папата, вели дека претходно само еднаш ја имал напуштено својата родна држава, и тоа додека бил помлад и отишол да го бара татко му во Белград.

    Јас не сфатив како што треба, или можно е Сашо да не забележал една ваква грешка? Не е важно, ако го занемариме тоа, книгава е полн погодок. Се изнасмеав, се подзамислив и си ја разработив фантазијата. Препорачувам. (y) (Освен за лица со слабо срце :D)
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    66.999
    Пол:
    Женски
    The Scorch Trials - James Dashner
    The Death Cure - James Dashner

    Вториот и третиот дел од The Maze Runner.

    Целиов серијал ми беше фрустрирачки до немајкаде.Втората книга заврши матно, ништо не се објасни, па се надевав третата ќе ги реши работите. Нели, бидејќи е последна.
    Ама уф колку сум била во грешка.
    Емоцијата на крајот на третата книга можам само вака сликовито да ја доловам.
    [​IMG]

    Дали сериозно авторот на ништо не одговори? Ништо луѓе, мислам дека поужасен крај на трилогија немало. Добро, тука негде е и третиот дел од Divergent.
    Целосно изгубено време читајќи ги книгиве, никакви карактери, само еден или два ми се допаднаа.
    Целосно недоследни на себе.Да не ви кажувам главниот лик колку пати заспа, мислам ја помина книгава спиејќи. Човечката раса е пред умирање, ама добро, секогаш треба човек да си поспие.
    И така, херојот си спие вака слатко...
    [​IMG]

    Додека се случува ова...

    [​IMG]
    Село гори баба се чешла. Во случајов сонцето ја спржи земјата, луѓето се претворија во зомби, а Томас си спие ко бебче. Убав тој на мајка.
    Имаше некој броено на гр 29 пати поглавјата или пасусите завршуваа со заспивање на главниот лик во втората книга. 29. Не знам како нешто се случуваше воопшто во книгава.
    За главната хероина не знам што да кажам, не дека и ја имаше. Оффффф, оф, оф, оф.
    На крајот,
    си отидоа тие што останаа живи, заедно со Томас, кој нели, си спиеше па успеа да преживее, во еден мал рај, кој не беше објаснето како останал целосен, нити од каде излезе, нити која беше главната, како да ви кажам, ништо не беше објаснето.

    Прочитав дека авторот напишал prequel што ги објаснувало работите колку толку, ама не го читам. Гајле ми е, може сите да умрат, да го снема светот, ама ич не ме интересира, ни минута повеќе не сакам да поминам читајќи нешто поврзано со книгата.
    И уште се прашувам [​IMG] кој ѓавол ме натера да ги читам книгиве?

    Ако уште на некој не му е јасно не ви ги препорачувам книгиве. Има далеку подобри дистописки романи во кои барем се објаснува нешто од нешто.
    Има компир од мене книгава. Од оние младите што се добри за пржење. Или за манџа, не знам како одеше тоа.
     
    На dora му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.476
    Допаѓања:
    96.930
    The kite runner - Khaled Hosseini

    И овој пат Хосеини не ме разочара. Одличен раскажувач, мене не ми треба долго за да се изгубам во неговите приказни. Дејствието е поставено на два континенти, во три држави. Протагонистот Амир и неговата постојана борба со самиот себе, Хасан - детето со зајачка уста, со најмека душа на целиот свет и син на слугата во куќата на таткото на Амир, неговата бескрајна преданост кон газдата и пријател како чиниш да ја чувствува нивната нераскинлива поврзаност... Книгава ми пробуди толку измешани чувства, постоеја моменти кога ми се будеше насмевка на лицето, за после тоа да проследат моменти кои ги пробудија и најтажните чувства во мене. Ловец на змејови исто така сведочи и за Авганистан кој што е сега само далечен сон, за неговиот полн сјај кога бил слободен и за рушевините и смртта насекаде кои ги донесува војната. Прекрасна книга за пријателството, предавството, надежта и спасението!
     
  18. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    985
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Книгата започнува со двете паралелни приказни на главните ликови, приказната на едно девојче од Франција и едно момче од Германија чии што патишта се испреплетуваат во периодот на Втората светска војна.

    Мари е слепо девојче од својата шеста година, која живее во Париз со татко ѝ сѐ додека не навлезат нацистите во градот. Потоа тие се принудени да бегаат на север, кај својот стрико, во градот Сен-Мело. Тоа што Мари не знае, е дека нејзиниот татко со себе носи проколнат дијамант кој никако не смее да им падне во рацете на нацистите.

    Од друга страна - Вернер, сираче кое израснува во сиропиталиште во Золвереин, германски град познат по рудниците со јаглен. Уште од своето рано детство, тој се опседнува со радиото и радио-врските, а тој негов талент му обезбедува место во бруталната нацистичка младина. Тој станува свесен во каква личност се претворил, минувајќи низ пеколот на војната и не може да се препознае. Така, неговата должност го доведува во Сан-Мело каде конечно неговата судбина се поврзува со таа на Мари.

    Не откривам повеќе детали, само ќе кажам дека е must read book! Премногу ми се допадна стилот на раскажување, книгата изобилува со прекрасни метафори и цитати (подолу издвоив неколку), главните ликови се реално доловени и се соживеав со секој од нив. Единствено што можам да кажам дека не ми се допадна беа кратките поглавја, ама со тек на читањето се навикнав на префрлувањето од едната приказна на другата.

    Прееска завршив со читање, па во меѓувреме изгуглав нешто за авторот и за неговата инспирација за овој роман. Ја добил уште во 2004, кога возејќи се со метро забележал друг патник како нервозно изреагирал кога изгубил мрежа на мобилниот. Помислил колку брзо се заборавило какво чудо е тоа што можеме да разговараме со некој кој воопшто не ни е блиску. Така, му дошла идеја да ги потсети своите читатели на тоа како на постарите генерации самото радио претставувало неверојатен изум и како се чувствувале тие слушајќи непознати гласови во своите домови. Од таквата помисла, се родила сликата за главните ликови, за дечкото кој е некаде заробен и за девојката која му чита приказни.

    И насловот особено ми се допадна, со своето повеќесмислено значење. Ако почнам да пишувам и за тоа, ќе нема крај рецензијата, затоа тука ќе застанам со неколку цитати кои морав да ги издвојам и споделам!

    ''Open your eyes and see what you can with them before they close forever.''

    ''Some people are weak in some ways, sir. Others in other ways.''

    ''When I lost my sight, Werner, people said I was brave. When my father left, people said I was brave. But it is not bravery; I have no choice. I wake up and live my life. Don't you do the same?''

    ''You know the greatest lesson of history? It's that history is whatever the victors say it is. That's the lesson. Whoever wins, that's who decides the history.''
     
    Последна измена: 4 декември 2014
    На Snow-Star, eliesaab, Marossa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Последна прочитана книга ми е „Ситафордска мистерија“ од Агата Кристи.
    Обожавам ваков тип на книги.
    Како и да е, се работи за едно мистериозно убиство со навидум невозможен крај...
    Се е предобро раскажано, самиот чин, долгата макотрпна истрага во врска со убиството..
    Книгата е богата со ликови, не те остава рамнодушен.
    Барем мене, обожавам неизвесни книги со уште понеизвесен крај!
     
  20. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Ti blagodaram za kratkata sodrzina. Veke podolgo ja gledam knigava i se mislam da ja kupam. Mi se dopadna toa sto go procitav,bi ja kupila.