1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последниот чај ( Винка Саздова)

Дискусија во 'Книги' започната од sonja29, 24 април 2011.

  1. sonja29

    sonja29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    Дали сте ја прочитале книгата? Кои се вашите впечатоци за истата? Книгава е навистина добра им ја препорачувам на сите кои сакаат да се пронајдат себеси.
    Јас се уште ја читам но навистина ми навлезе длабоко во душата.
    кој ја прочитал би сакала нивно мислење...

    Поздрав
     
  2. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    јас ја немам прочитано,моментално ја чекам да ми ја дадат од понеделник,па јас би сакала да ми дадеш твое мислење за книгава,ако можеш во кратки црти до онаму каде што си стигнала
     
  3. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Планирам да ја прочитам. А кога е издадена, затоа што сакам да ја земам од библиотека, па незнам дали ја има
     
  4. sonja29

    sonja29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    читајки ја книгава ме потсетува на мојот живот и затоа постојано плачев, ме фака депресија.
    вчера ја дочитав до крај. ТАА отишла во индија во ашрам кај некој учител и живее таму три месеци и си приспомнува за минатото, од детството спомени непријатни, не се којзнае колку лоши но и се врежале како лоши. (јас доживеав многу полоши ) али за кого како.
    инаку малку врти накај филозофија. дури и премногу филозофира.
    но бара многу добри прашања од животот, за да се пронајдеш себеси не мораш да отидеш далеку.
     
  5. sonja29

    sonja29 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    јас лично ја земав од библиотека чекај да прочитам уште една па ке ја вратам т.е. тогаш ќе ја има...
     
  6. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Моментално ја читам. Интересна е навистина, има многу добри мисли и реченици што остануваат запаметени. Вреди да се прочита.
     
    На sonja29 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Почнав да ја читам и ја оставив. Бев во некоја фрка, ми се виде така површински дека е многу монотона, неинтересна и ја баталив. Но по некое време повторно се навратив, си реков колку книги сум прочитала ќе ја дочитам и оваа. Верувајте не погрешив, бев во заблуда кога првиот пат ја оставив. Книгата силно допре до мене, ме протресе како престилка, во многу делови се пронајдов. Еве ќе издвојам една мисла која посебно ми се допадна:
    Сите ние сме тркачи на маратон. Но, тешко е да се трча долго, да се трча многу. Треба многу сила и верба за да се дојде до целта, ако таа воопшто постои.
     
    На sonja29 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Волјата е одлука, слободата е одговорност, а целта е животната мисија.
     
    На sonja29 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. evitra

    evitra Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    7
    Самошто ја прочитав :)
    Мислам дека е одличен роман. Особено ми се допадна начинот на кој таа ги опишува чувствата, и она: Мојата Индија. Мислам дека секој од нас по овој животен пат си има или си имал своја Индија. Јас мојата ја поминав и не така одамна.
     
  10. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Може некој да ми каже за што се зборува во книгата и дали може да ја најдам во библиотека?
     
  11. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    ја прочитав сега скоро додека бев на одмор и ми се допадна начинот на пишуањето, убавите мисли итн.

    но не ми се допадна приказната во целост, имаше делови кои недостасуваат (барем за мене) како на пример зошто заминала на прво место во индија? знам дека се спомнуваше страв од смрт, вина итн но сепак сметам дека тоа не е доволно, сите имаме свои демони а треба многу волја и желба да оставиш се и да заминеш во индија. како тоа еден македонски маж така лесно прифатил дека жена му ќе ја нема 3 месеци во една далечна и опасна земја... сепак да не се лажиме балканцитеси се балканци колку и да бидат образовани и слободноумни.

    би сакала да слушнам мислење од трендафилка на пример знам дека е професионалец во областа ;) па би сакала да слушнам и други мислења али малку подлабоко прочепкани да не е само" прекрасан филозофија за животот и за себес бла бла бла" да ги разгледаме сите аспекти, целокупната приказна, стилот на пишување, недостатоците итн.
     
    На enca.69 и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  12. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Една од подобрите книги со кои наша Македонија може да се гордее. Преубави описи, реченици, мислам дека секој збор си одговараше совршено со оној до него. Преубава е, мора да се прочита. :inlove: :!:
     
  13. Wilde2105

    Wilde2105 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    24
    Леле се нанервирав од коментарите . На саемот сега и се мислев ко кола да купувам а не книга ... И плус автограм ке си добиев од Винка .................. :) :)
     
  14. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    433
    Книгава е стварн Преубава. Секоја чест на писателката. Жал ми е што не ја дочитав,до 100 страна стасав и братучет ми си ја зеде за Кочани,бидејќи негова си беше.
    Ќе одам до библиотека деновиве да ја побарам,ама не верувам дека ќе ја најдам.
     
  15. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    ја купив на саемот и уѓте не ми е прочитана , ама ке ја прочитам ветувам :?:
     
  16. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Како што мислам и кажав некаде, добра замисла, не толку добра реализација.
    Исто и јас имав впечаток дека фалат делови, ми има многу празнини книгата, како да сакала писателкава побрзо да ја напише.
    Пред да ја дочитам, таму некаде кај 100-та страна, мака имав да ја дочитам, многу усилена, напната, претенциозно пишувана ми беше, после како да е пишувана посмирено, лека полека, па крајот ми го поправи целосниот впечаток, бидејќи почетокот апсолутно не ми се допаѓаше.
    Тоа што не е наведена некоја силна причина за заминувањето, некоја голема траума од минатото, туку онака, женава заминува да се просветли, и го крка стапот, најмногу ми бодеше очи, и ми ја рушеше смислата и поентата на книгата.
    На крајот во болницата, уште на човек му иде да и каже, - Со боринче си го бараше. :lol:
    Не, шала на страна, солидно, со неколку пропусти, меѓутоа едно од подобрите тазе излезени работи кај нас.
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    а се заедно колку страни има книгава пошто планирам да ја читам па затоа?
     
  18. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски

    320 има, и преубава е :)
     
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Прочитана ми е. Наслови паметам, а после некое време некако содржините ми избледуваат, но многу јасно се сеќавам на емоциите што ми ги буди секоја книга посебно.
    Знам дека книгава на почетокот не ми беше нешто нај нај, ама после тоа кога навлегов подлабоко во страниците сфатив дека Винка Саздова многу добро знаела што пишувала, па така патот до Индија и животот таму не е само туку-така опишан. Пишувана е со многу емоции, посебно кога ќе се појави болеста, па сите маки што ќе ги претрпи писателката таму.
    Всушност, последниот чај според мене е книга повеќе за духовното патување и зреење.
    Винка, завршила добра работа. Сега сакам да ја земам и Полиња со диви нарциси.
     
  20. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Само што почнав да ја читам.
    До 50тата страница сум,ми се чини.
    Се согласувам со Лукс.
    И мене во првите 15 страници ми беше досадна,но потоа емоциите си го покажаа своето.
    Важно,дочекав да ја најдам.
    :D