Последниот чај ( Винка Саздова)

Дискусија во 'Книги' започната од sonja29, 24 април 2011.

  1. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.210
    Допаѓања:
    8.433
    Ја прочитав сега брзо но не ми остави голем впечаток.
    На почетокот до 100та страна некаде сакав да ја оставам затоа што ми беше монотона на моменти (стилот како Пауло Коелјо), но сепак успеав да ја дочитам.
    Има добри мисли во книгата, но сепак не сум голем фан на вакви книги
    Полиња на диви нарциси дефинитвно е подобра.

    И одеднаш доаѓа помирување. Прифаќање на конечноста. Ете зошто никогаш не сум сакала конечни ништа. Зашто немам можност за избор. Моите желби и волја немаат никаков удел во она што ми се случува. Единствениот избор е да прифатам. Ако прифаќањето воопшто може да се нарече избор.
    - Винка Саздова
    Еве една мисла што многу ми се допадна.
     
  2. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.417
    Пол:
    Женски
    Моментално ја читам книгата, повеќе од пола ми е прочитана веќе и не знам што да очекувам повеќе од неа. Не ми се допаѓа стилот, некако ми е многу школски-тинејџерски, или можеби така мислам пошто сум навикната на Достоески, Толстој и компанијата.
    Прва книга ми е од Винка и изгледа како за прва сум направила лош избор, сега ќе размислам дали ќе прочитам и нешто друго од неа.
    Имав чувство како да читам некои статуси и мисли копирани од интернет, вметнати во еден голем и досаден текст. Мразам вакви книги, мислев поголема длабочина ќе има во книгата.

    4/10 вака би ја рангирала книгата, не коментирам повеќе бидејќи не ми е дочитана до крај, нека ме изнади авторката. Доколку променам мислење за книгава (иако тешко тоа) секако ќе пишам подоцна пофалбите.

    Не ме ругајте доколку на некој му има смисла книгава и му се допаѓа, се' зависи до вкусот, а пак ќе кажам, не сум навикната на вакви книги и затоа не ми се допадна.
    :D
     
    На Priroden и Ицолгудбејбе им се допаѓа ова.
  3. Ицолгудбејбе

    Ицолгудбејбе Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2015
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    1.145
    Пол:
    Женски
    Potpolno se soglasuvam so tebe..Cela kniga ja imam procitano i mozam da kazam deka knigava e mnolgu" plitka..:)
     
    На Jenniffer му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.810
    Допаѓања:
    80.594
    Пол:
    Женски
    Мене ми се допадна, одлична книга. Ми отвори некој нов свет и желба да научам нешто ново, да заминам и јас некаде, да се упатам кон нешто непознато. Ја препорачувам.