Започнав и завршив средно па се запишав на факултет, стекнав и изгубив многу пријателства, созреав и пораснав.
Станавме едно со него и го добив најубавиот плод на нашата љубов, а ја искусив и најголемата болка на светот, која ме скрши, ме обележа за цел живот и после која не сум истата.
Магистрирав, положив правосуден, учев италијански, се омажив, родив, 3 пати се селев, направивме куќа, се вработив на подобро место, се здебелив, паднав у депресија.
Зaвршив среднo, пoлoжив зa вoзaчкa, пoсетив дoстa нoви местa, стекнaв мнoгу нoви пријaтели, истo тaкa и дoстa пријaтелствa зaвршијa, дoстa гoлемa живoтнa лекцијa нaучив, се зaпишaв среднo вoнреднo медицинa, гo изгубив тaткo ми.
Дипломирав, мајка ми се разболе, се вработив, се омажив, купивме стан, добив нова работа по диплома, се разочарав од најдобрата другарка.
Положив Ц категорија, се вработив во добра фирма каде што сум добро платен, станав чичко, положив Е категорија, положив лиценца, почина татко ми, станав чичко по 2-ри пат, драстично ми ја зголемија платата.
се запишав на факултет,завршив,пораснав,се променив,созреав,ослабив,се заљубив неколку пати се разочарав се навикнав и сум како нова
Дипломирав, добив подарок автомобил (од тате ), прошетавме во Италија и Турција, ме запроси, вработување, веридба, свадба, си купивме стан и од последнава година чекаме бебе
Многу ups and downs во последните 5 години. Разбрав дека можеш да живееш со некој доооолги години и пак да не го познаваш воопшто. Сфатив дека никогаш не е касно да почнеш од почеток и дека љубовта навистина нема граници. Ја најдов љубовта на мојот живот, се разведив, се верив со љубовта на мојот живот и го донесовме на свет нај слаткото бебенце.
Дипломирав, се вработив, запишав магистратура, сменив неколку работни места, положив за кола, добив висока работна позиција, посетив многу држави, учев нови работи, запознав едни од моите најдобри пријателки и си исполнив мнооогу желби кои никогаш не мислев дека ќе станат реалност
Свадба, жена, стан, слатка ќерка, долгогодишна работа сменив,дедо и баба починаа, невработен, привремена работа/дружење, добра работа, оставка, малта. Штом тргне возот не запирај
Се вработив по професија и се омажив, водевме борба со неплодноста, а пред да се навршат пет години, ме благослови Бог и ми наполни утроба со близначиња!
Завршив средно, фатив дечко, се скаравме, по некој ден се смиривме, положив за возачка, сменав 3 автомобили, запознав многу нови пријатели а и со многу прекинав контакт.
Завршив средно, запишав факултет, најдобрата другарка од мали нозе си замина странство, дм си отиде, се врати од странство и кажа дека повеќе без мене не си оди некаде запознав многу нови и мили луѓе, а со некои многу се одалечив.
Нов стан,нова кола,загуба на мајка ми,една успешна бременост една неуспешна,отказ на работата која ме гушеше,полно патувања,спомени,слики,нов сеемен бизнис и една нова јас...