Завршив факс паралелно многу личности ме изгубија како пријател, неколку патувања, прва тетоважа,депресија, упис на курс за шминкер, стресови , ослабев , нов семеен бизнис, упис на магистратура, запросување, огромни проблеми,веридба ,нов дом и нови проблеми и враќање на стари пријатели.
Сменив 3 држави, 7 адреси, прошетав многу, запознав прекрасни луѓе, не свртев нов лист туку почнав нова книга - од дете што мислеше го разбира светот станав жена, и се што ми рекоа дека не е возможно го остварив, научив два копмлетно нови јазика, почнав да си градам свој свет во тишина, газам цврсто, цврсто, и го пронајдов повторно Универзумот во мене, му верувам бескрајно, а на себе сеуште учам...
последниве 5 години ништо не ми се случува, поточно никако напред се назад , ја изгубив работата го изгубив дечкото, само положив правосуден испит за адвокат, друго ништо. причина нема ама за тоа изговори колку ти душа сака.
Завршив средно, се вработив, се преселив во нов град, почнав нов живот со нови луѓе сега ме очекува упис на факултет.
Станав тетка на две мили ангелчиња Се смирив и пак се скарав со бившата најголема љубов Станав анксиозна и дополнително ми се влоши здравјето, лежев на болница десет дена, таму за жал видов се и сешто, и сфатив дека животот не е игра.... Го изгубив најсаканиот дедо Најсаканиот братучед замина да живее Америка... Бев да го посетам и да преспијам во манастирот Свети Василиј Острошки, со години тоа ми беше желба
Нова држава, нов живот, зедов возачка,купивме кола, нова куќа, се вработив, добив промоција, се породив, измеѓу кавги, качувања-паѓања и така се гура пополека.
Ја загубив баба ми, најголемиот подржувач во животот, и ја исполнив желбата, станав инженер, сменив неколку работни места, го прошетав Балканот, видов нешто и од Европа, си купив мотор, станав вујко на едно прекрасно ѓаволче, здравствени проблеми и операција,личности доаѓаа и си одеа од мојот живот, но другарите и фамилија беа и останаа покрај мене.
Започнав и завршив средно, се запишав на факултет, добив две снаи, започнав врска која трае година ипол, загубив многу пријатели, но стекнав и многу нови, созреав, се разочарував итд итд..
Се верив, се омажив, завршив факултет, се вработив,патував, изгубив мила личност, друга личност која исто така ми е многу важна е болна... Кога ќе се собере се, многу подеми и падови. Па всушност тоа е животот нели?
Сменив работа, се преселив во друг град и почнав заеднички живот со него, прошетав на многу убави места, положив за возачка, реновирав стан, играв на мнооогу блиски свадби кај другари и другарки, се омажив, родив син.
Се омажив, станав мајка, купивме стан, сменив 2работни места, две годни по ред на 6м ја напуштам фамилијата се надевам и последен пат.
Завршив полуматура, почнав средно, се заљубив, се стекнав со многу искуства, завршив пријателства со токсични луѓе, бев на екскурзија, станав полнолетна, полагав испит за возачка, полагав испит на зрелост, завршија матурата и веселбите, а сега следат други уписи и поголеми одговорности.