Ми се роди внука,го прошетав светот,ја запознав мојата љубов но за жал убавото тука застана,го изгубив мојот 24 годишен брат...
Го запознав него , дипломирав, положив правосуден, земав возачка си купив автомобил запознав прекрасни луѓе од кои многу научив, го загубив него засекогаш.
Веридба, купување и вселување во нов стан, венчавка, многу многу љубов , но и бесконечно шетање по болници, операција и секакви други интервенции . Долга борба за бебче, во која веке се сомневам дека ке испаднеме победници . Дигам јас раце веке
Сум успеала да се качам на повисоко ниво,со големи маки и невидени притисоци од сите, сум успеала да си ја задржам автентичноста и она нешто што од секогаш ме правело да бидам јас и сум зачекорила чекор напред со тоа што дозволив некои луѓе да ми станат поблиски во животот,им се доверив и со ум и со душа,и најважно од се согледав дека колку пати и да паднам, знам дека секогаш ќе станам исправено и гордо!
Прво заљубување,прво неверство и кршење на срце на милијарда парчиња, нова љубов-крунисување со брак, доаѓа бебе на свет. Од најлошо до најдобро
Веќе 5 години сум во врска, дипломирав, се вработив, се запишав на мастер, добив унапредување, се оддалечив од токсични луѓе, дознав што е вистинско пријателство (од факс и работа), патувам повеќе. Those were some good 5 years, се надевам идните ќе бидат уште подобри.
Раскинување, дипломирање, вработување, нов партнер, мажење, преселба. По секое лошо следи добро. Само трпение.
Ме запроси маж ми,следеше свадбата, па заминавме во најубавата земја (за нас) Австралија, запишав таму мастер студии и сретнав луѓе од целиот свет.Се беше супер до пред некој месец се додека не разбрав дека мајка ми има рак и набрзо почина....Живот...последнава година ме скрши
Иста сум и јас, имав убави моменти, венчавки на блиски, вработување, мојата свадба... ама и многу лоши меѓу која моментот кога го изгубивме бебето што го чекавме 3+ години. И јас немам надеж веќе.. се изнадававме пари, нерви, солзи се по болници сме и се одново и се во круг... абе какви има значи ќе легнат за кејф и трудни остануваат бе, цел живот мислев дека од прва ќе фати и кај мене, здрава права жена сум не ми се верува што муабет правам
Преминав од средно во факултет, прошетав 60% од државите во Европа, изградив цврсти пријателства со феноменални луѓе, волонтирав, јадев шпагети со најразлични сосови, се смеев до 4 сабајле
Завршив средно, упишав факс, ме фати паника дека нема да најдам работа по струка, се помирив со тоа и сега се молам во следните 4 години да си заминам.