Се запишав на факс, добив внука, го запознав него, бев на незаборавно патување од факс, дипломирав, веднаш најдов работа, ја изгубивме баба ми. Микс од сивило и виножито, се надевам во нареднава повеќе виножито отколку сиви нијанси.
Бев заљубена во човек кој ми даваше лажна надеж но никогаш ништо не се случи, завршив средно, се запишав на факултет, го запознав дм, се разделив од друштвото со кое бев цел живот, се оддалечивме со најдобрата другарка за која мислев секогаш ќе е тука, запознав прекрасни нови луѓе за кои сѐ би дала и многу ми значат, дипломирав.
Здраствени проблеми,очај и безнадежност, ново раб. место, ковид 19 и страв од непознатото се до помирување со судбината и промена на подобро.
Смрт на другар, смрт на најблиски роднини, се одалечив од најдобрата другарка која ја сматрав за сестра, баш кога ми беше најпотребна, депресија, дипломирав конечно станав инженер, блиска другарка ми се омажи, нова најдобра другарка од детството се зближивме уште повеќе, така да мешано, и добро и лошо.
Се омажив за љубовта од детството , родив детенце, купивме стан, добив нова работа, си родив уште едно детенце. Останатото се ситници, нишки кои воделе од една до друга цел..
Се запишав на факс, положив за кола, у меѓувреме се спакував зошто мораше жртва за работата од соништата, работев нецели 4 години, отказ. Сите овие години се влечкав со ист човек, со него два дена среќа, два месеци нервни сломови, собрав храброст за да пресечам после пет години. Арно малку.. Запознав многу луѓе, пропатував кај све не, си изнакупив све што сакав, им изнакупив на моите све шо сакаа, сфатив дека среќата не е у материјалното. Сеа пробувам да се составам од нула, фала Богу сите ми се живи и на куп, сфатив дека тоа е голем благослов. Ако не и најголем.. Добра една реченица..
Се преселивме во нова куќа Веднаш потоа ја изгубив баба ми Сее запишав средно од тогаш започна хоророт кој траеше година ипол потоа се разведоа моите и така...
Zavrsiv faks,vrska 5 ipol god,nervozi mn nervozi ,smeniv 3 rab mesta za 1ipol god random mesta,se vrab na strukata i se razocarav