Здраво феминки! Овде можете да објавувате слики и коментари од вашите последно купени производи од маркетите на dm. Верувам дека една ваква тема беше потребна и се надевам дека заедно ќе ги објавуваме а воедно и коментираме производите кои последни се нашле во нашето козметичко катче од овој германски ланец на маркети. Поздрав
Во ред, но оваа тема е конкретно за последниот производ што сме го купиле Инаку еве да почнам прва, последното нешто што го купив од дм е Balea Shining Berry Shower mit Schimmer Гел за туширање со светки и прекрасен мирис на малина. Го видов во тековниот каталог и неможев да не го купам
Јас денеска си се почастив со неколку ситни производи од dm маркет.Најпрво најмногу што се израдував е Baby lips-pink punch oд Maybelline Си земав Балеа лосион за туширање - Beautiful Feelings Крема за раце i nokti од Eveline - bio aloe + karite butter Лакче од Maybelline, Colorama 315
Ехеее, јас пред долго време си купив нешто од ДМ маркет. Тоа беше во летото кога бев во Скопје. 3 лабела Balea Mandeltraum Balea Golden Lips Balea Juicy Orange и прекрасниот дезодоранс Balea Cocos and Nektarine
Ja купив кремава, ме привлече самото пакување кое е прекрасно, мала е и совршена за во ташна, мириса на цреша и мирисот навистина се задржува. 30ml е, ама доволна ми е зошто само во ташна ја носам и не ставам цело време, чини 79 денари.
Незнам за вас ама јас сум многу задоволна од оваа крема. Јас користам веќе 2 години, а купам 200мл и ставам по малце бидејќи е мрсна и имам за цела година. Не би ја менувала за ништо. Во ДМ е 286 денари.
Ех и кај нас во Грција нема ДМ голема молба до Вас , да отворите ваши продавници и овде секогаш кога си доаѓам во Македонија од се по нешто си купувам од ДМ , последно што купив беше Моливче тиркизно за очи од Есенс , прекрасно е , за памет нареден пат да земам и др бои Гел и лосион за тело со мирис на лубеница од Балеа - купив 2х2 од производиве еден подарив на свекрва ми и на неа мноогу и се допадна мирисот и кога ќе одам ми рече повторно да и купам , секако ќе пробам и други гелови и лосиони од Балеа Камена пудра од Римел стеј мат Rollon со мирис на лимон и малини (неможев слика да најдам ) - немам зборови колку прекрасно мириса а цената е супер Evolution alfaparf фарба
Јас ја видов пред некое време кога ја донесоа и не ни пишуваше ни цена ни ништо,а бев да си купам друго,па не ја земав..ме изнервира тоа што немаше цена,и денес бев во веро и во гтц и ја немаше и сеа ептен ми е криво,да ја најдам ќе си купам и од оваа и од другата.. Некој ја видел деновиве во некој маркет???
Бараната крема ја има сеуште ја има во филијалата на Бит Пазар, во филијалата во ТЦ Капитол Мол и во н.Тафталиџе, ул Иво Лола Рибар бр.74