Драги наши, Balea светкавиот лосион за тело чини 136 денари. Balea е сопствен бренд на dm, па производите од овој бренд се достапни единствено во dm. Можеби во останатите маркети или парфимерии сте виделе производ со сличен ефект но друго производство . Ве поздравуваме.
Ќе пишам и една рецензиичка, сега за сега ми мириса препрепреубаво, на лимон, на bubblegum, на јаболко, на многу работи.
# Alverde пена + матирачка крема за лице. Ова ми е второ пакување и од двата производи, кремата не ми одговара кога времето е постудено, но кога температурите се покачуваат, идеална ми е и цената е повеќе од одлична и за двата производи - кремата е околу 130, а пената околу 180 мкд. П.С. Открив дека во периодот есен-зима најмногу ми одговара кремата со роза, видиш, чудно. # Си направив колекција од оние малите сенаменски креми од по 79 мкд. Ги имам и другите две, мајка ми ми се чуди на трпението - отворена ми е само оваа од цреша која конечно дојде на ред да ја трошам, другите ги немам ниту помирисано и уште од сега се прашувам како ли ќе се осудам да ги фрлам прекрасните амбалажи. Ги користам за се, освен за усни. Си имам лабело и апсурдно ми е да ставам крема. # Балеа 2 во 1 - тоник + пудра. Сакав да го сменам малку зелениот, од кој не знам колку шишиња успеав да потрошам последниве години, ама не ми се допадна до толку за да го купам пак. Не ја сфаќам улогата на пудрата која се наоѓа на дното и се раствара во течноста со благо протресување на амбалажата. Мене не ми менува ништо. Мирисот е неверојатен, обожавам малини, но зелениот тоник и општо зелената колекција на Вalea мене ми е врв. Убаво чисти пудра од лицето, штом одлично се справува со инаетливата Ревлон Колорстеј, тогаш нема сомнеж во неговата ефикасност, а тоа што не е по мој вкус е друга работа. Го купив на акција пред неколку месеци, за 99 мкд. # Двофазен отстранувач на шминка од очи, Балеа Не знам кое шишенце по ред го купувам, ми вади секаква маскара до најситната трошка. На почеток имав голем проблем со дозирањето, но откако ми „легна“, го навикнав и никогаш не ме разочарал до сега, а сменив многу маскари откако прв пат се решив да го купам. Од водоотпорна верзија на Rocket Volum' (Maybelline) до 3D (Golden Rose), умешно се справува со секаква формула, не остава масни траги и не ја замачкува шминката во борите под очите. Го купив околу 160 мкд. можеби - навистина не се сеќавам на цената.
Прв пат ја купив по неверојатни 165 денари. Реков да ја пробам, па ќе видиме како ќе се покаже. Моментално ја пробав и прво што ми падна во нос е дека убаво мириса Како ја држам на лице така чувствувам дека ми ја затега кожата бидејќи е тонирана крема. Баш и нијансата ми се погоди, се мислев на оваа и таа во долга тубичка од гарниер, но сепак ја зедов оваа. Второ пакување ми се овие лентите за депилација за бркови. Ептен сум задоволна и за 139 денари имате 20 парчиња. Ќе имам за доста време баеги. Со вит знаеше да ме пече после депилација, а со овие го немам проблемот. И си купив и Нивеа Софт Крема за лице која ја користам веќе 4та година. Не ја менувам за ништо, јесте да е мрсна но брзо се впива. Тоа е се за периодов.
Ме интересира за спрејов за заштита на косата од пеглање, дали си ја врши работата како што треба и која цена е? Извинете ако не го поставив прашањево во соодветна тема .
Многу ги сакам геловите за туширање на Балеа. Овој го купив вчера има толку убав и пријатен мирис на цреши што ми иде сама себе да се изедам .
Jas go zemav sprejot za vitkana kosa i neznam zosto ama voopsto ne mi se svigja. Nitu miris ima nitu ja vitka A imam prirodna kosa mislev ke dobie malku volumen i podefinirani lokni...