Само да кажам дека сум задоволна од производот. И од мирисот и од заштитата. Јас имам проблем со потење и сменив неколку различни производи, но воопшто не ми помагаа. А со овој не се потам, не ми се прават кругови на блузите, не остава траги и убаво мирса. Ќе видам како ќе биде понатаму. Како за прво користење е супер. А и ценната му е ефтина.
Драга наша, во асортиманот ја имаме и терапијата за нокти од Eveline 3in1, иста цена се со 8in1, односно 135 денари. Убав ден
Драга наша, повеќе информации за фотоапаратот за под вода од Paradies има поставено на нашата веб страна www.dm-drogeriemarkt.mk Производот е достапен и во филијалата во Велес . Убав ден
@dm drogerie markt би сакала да ве прашам кога ќе имате повторно од геловите за туширање по 69 денари? Исто така би ве замолила да ги наполните залихите, ДМ во Веро Џамбо е скоро празен. Благодарам.
Драга наша, кампањата со Balea геловите за туширање за само 69 денари е веќе завршена, сега истите се достапни по нивната редовна цена 100 денари. Од понеделник ви најавуваме нова кампања која се надеваме дека ќе предизвика исто толкав интерес . Те поздравуваме
И како си задоволна од овој производ? Значи мора да се оди во Скопје по апаратчето!!!! Јас последно си го зедов ова,
Лентите се предобри, лесно и ефикасно ги вадат сите влакна, имаат пријатен мирис, и иако ми е многу осетлива кожата со нив не ми се вцрвенува премногу.
Матирачки флуид за лице со заштита. За 129 денари навистина не очекував многу, ама па ова не е матирачко туку осветлувачко, му треба 20 минути да се впие и светиш како ореолата на Св. Петар. Ќе послужи за на плажа белким, кога не се замарам колку светам...
Alverde рол он со екстракт од бергамот. Го купив и оној sensitive, со екстракт од алое вера и ориз, но мајка ми веднаш си го присвои, па го преболев некако со утехата дека го имам користено и овој пат сакав да пробам друг мирис. Многу ми се допаѓа, обожавам цитрусни мириси и не знам дали некогаш би го сменила повторно - се вратив и си обезбедив уште. Околу заштитата не знам дали сум компетентна да коментирам, од едноставна причина што јас природно и не се потам премногу, па мене ми е сосема во ред, дури и супер. Единствено ме нервира она лигаво чувство кое го добивам општо од рол-оните во првите две минути додека да се впие формулата, но не ми смета. Мислам дека е околу 170 денари, а ми трае сигурно минимум 4 месеци со секојдневна употреба. Denkmit повеќенаменски освежувачи - 40 денари парче. Мислам дека има повеќе видови за различни намени, но јас потајно обожавам сè што е плаво затоа што ме потсеќа на чисто. Прекрасен е за во плакари со облека, а мене ми е омилен во плакарот со обувки затоа што ја неутрализира миризбата која знаат да ја шират лошите чевли. Единствено ме нервира начинот на аплицирање, затоа што позадината која наводно треба да се залепи на површината, не е доволно „моќна“ да се задржи на било каква површина. Посебно не на површини од медијапан - се одлепува како на филм по неколку денови. Го прицврстувам со селотејп, па така нема гајле додека сама не решам да го отстранам. Balea гел за бричење со мирис на боровинки. Се мислев помеѓу овој и тој со кокос и мислам дека погрешив, барем од аспект на мирис. Овој ми е премногу тужесто-благ и посебно ми смета во ПМС, а толку бев убедена дека ќе ми се допадне. Ме потсеќа на бебешка кашичка, но одлично си ја врши функцијата. На почеток е со гел-структура, а секунд по аплицирање на кожата се претвара во класична пена и мирисот станува посуптилен. Супер е за брзинско отстранување на некои влакненца кои депилаторот не ми ги поминал, а за под пазуви е одличен ! Мислам дека го купив за 125 мкд, беше на некоја акција пред скоро. Следен пат, би купила со мирис на кокос, ми остана непреболен - очигледно не секогаш ми се допаѓаат овошните мириси. Balea турпија за петици - 99 мкд. Мојата не е розева, беа потрошени, па си купив во бебешко плава варијанта. Мајка ми денес се врати со розевата, па ми текна да ја спомнам. Од-лич-на! Турпиите барем мене ми се покажаа како подобра опција од класичниот камен за отстранување на грубата кожа околу петиците, затоа што ефектот на мазна и мека кожа ми е подолготраен. Кога ги средувам со каменче, следниот ден не можам да препознаам дали воопшто сум ги турпирала или не. Имам нежна кожа и најважно ми е да не биде премногу груба, а оваа ми е баш како по мерка - доволно груба за да ми ги отстрани грубите наслаги и притоа да не ме изгребе или раскрвари. Лесно се одржува и навистина се заљубив во неа, а бев убедена дека ќе ми фати рѓа по само неколку миења. Balea Golden Shine лосион и спреј за тело. Имам некоја чудна опсесија по светки кога се работи за козметика, а всушност мразам облека со светки и општо светки како појава, надвор од границите на декоратива и препаратива. Лосионот не е толку хидратантен колку што очекував, па иако немам сува кожа по телото, сепак не ми е доволно кога го нанесувам самостојно и одлучив а го користам како хајлајт, најчесто навечер. Филм ми е, средени и суптилно светкави нозе кои наѕираат од под лелеави, летни сукњи. Очекував да има некоја потечна и похранлива структура, но очигледно имам преголеми барања. Мириса на некоја мешавина од чоколадо и ванила, барем мојот нос така процесира, се надевам дека не е расипан (носот). Спрејот има овошен мирис - ме потсеќа на праска и манго. Вистинско освежување ми е, посебно поради одличниот распрскувач, со чија помош светките рамномерно се распоредуваат. Не знам зошто, но имав чувство дека ќе се издвојуваат доле на дното ако шишето стои подолго време, но толку се ситни, што ова е практично невозможно. За секој случај, протресувам еднаш пред употреба, иако навистина нема потреба од тоа. Мирисот е доста интензивен на почеток, но се губи пополека со тек на време и барем на мојата кожа е со постојана трајност во текот на денот. Ориентационо - го чувствувам на себе цело работно време, на пример. И него го користам исто како лосионот, иако поради свежиот мирис, наутро инстинктивно посегнувам по него. Единствено ме разочара тоа што иако се од иста линија, мирисите им се тотално различни и дури малку (повеќе) се разочарав, бидејќи откако видов дека лосионот не е како класичните хранливи кои ги користам, сакав да ги комбинирам двете. Но, нормално, непоимливо ми е да комбинирам два дијаметрално спротивни мириси, па ги користам посебно, кое како го фатам. Кога гледам колку се богати со светки, сепак убаво ми е и така, навистина би било ту мач спаркл кога би се користеле двата производи во комбинација. Барем за мене. Лосионот беше околу 140, а спрејот 160 или 180 денари, навистина не се сеќавам. Имам уште, ама нека остане за во некој нареден пост.