Spoiler Бутерот за усни од нивеа. Агресивен, јак при нанесувањето но сепак пријатен и освежителен мирис. Дава добра и долготрајна влажност и усните не се лепливи. Од мене иако оној од ванила и макадамија ми е за нијанса попријатен. Од мене 3.5/5. (На ванилата и давам 5/5 Да си признаам дека јас повеќе обожавам кокос, ванила, карамел...такви мириси ) Spoiler Мирисот ме потсетува на бутерот за усни. Т.с и ги купив истовремено зошто сакав мала промена од класичните мириси кои ги користам. Истотака јак и агресивен мирис но сепак благ и пријатен. За сувата кожа во зимските денови е пријатен но потребно е добро да се размачка за да не се лепи на телото. Од мене 3.5/5. Spoiler Млекото за тело на Дове е фантазија. Благ и пријатен мирис за овие зимски денови. Лесен за нанесување и воопшто не е леплив. Од мене 5/5.
Ова е последното, но и едно од најдобрите нешта кои сум ги купила од ДМ маркет. Сунѓурче за пилинг на лице. Чини 105ден. Порано купував вакви слични нешта (четки и др.), но не се покажале како нешто посебни и практични. Ова сунѓерче е најдоброто за ваква намена што го имам пробано. Некогаш се брзам и немам време да си направам домашен пилинг, и ова сунгерче е супер замена, малку лосион за миење лице или сапун, и завршена работа. Многу е нежно, одговара и на многу чувствителна кожа...!!!! Има супер амбалажа, привлечна розева боја, позади има мало делче за вакум (да го залепите во вц), прелесно се мие и одржува. Јас за оваа НГ го подарив како поклон на 3 другарки и сите се задоволни. Само едната негодуваше дека е пренежно, но луѓе пилинг за лице ако е прегруб не е во ред, зошто лицето има најнежна кожа. Потоа и таа другарка увиде разлика, дека ја измазнува и тонира кожата и е задоволна. Баш реклама им направив на ДМ (треба да ми дадат гратис сунгерчиња ), ама навистина е нешто брзо, ефикасно, супер за на пат, и го освежува лицето. Од мене е производ на годината. (А, може да има и тема производ на годината...?????)
Spoiler Не додржав, морав да го купам и во оваа варијанта. Прекрасен освежителен и нежен мирис. Кога го нанесов го почуствував овошјето на усните, како да конзумирав смути. Лесен за нанесување, одлична влажност, не ги лепи усните...од мене 5/5. Spoiler За сите љубители на кокос топло го препорачувам. Лесен за нанесување, добра пенливост и одличен мирис. Кожата е мека и има солидна хидрантност а мирисот веќе неколку часа го чуствувам на себе. Од мене 4/5. Spoiler Поради позитивното искуство кое го имам а и одличната цена по не знам кој пат пил офф маската. Јас имам сува, осетлива кожа но одлично реагирам на маскава. Кожата ми е мека, хидратантна и ја чуствувам витална. 4/5
Koritsaki ќе сакаш само да ми кажеш колку ја зема водата за чистење лице на Garnier,и како ти се допаѓа?
Доколку се нанесе подебел слој наликува на сјајче во многу нежна боја. Доколку се нанесе во нормални количини остава сјај кој не е доминантен и може да се користи и од посилниот пол. Ова важи и за останатите две варијанти кои предходно горе ги имам споменато. Цената му беше 2.25 евра, но не е од Македонија.
^ Девојки пишувајте ги и цените на производите кога ги постирате, за да знаеме колку се Инаку и јас сум во фаза на разгледување, така да кога ќе земам плата, правам еден ДМ шопинг и се фалам тука одма
Влегов Да си купам кармин , но поради дрското однесување на обезбедувањето веќе моја нога таму не стапнува
Го отворив карминот да видам шо боја е нормално како и секој друг што би направил и дојде дечкото зеде дрско да вика како тоа не било тестер да сум го оставила веднаш.. а карминот беше скоро потрошен значи му го покажувам му кажувам дека сигурно е тестер но тој си продолжи со неговите убедувања му се извинав и си заминав .. а според начинот на кој ми го постави прашањето што мислеше дека сум крадела или .. ?
А карминот беше претходно отворен? Пошто обично кармините се залепени со етикета.Немаш причина за љутење, си отворила кармин кој не бил тестер, тоа не е дозволено. Не дека си крадела, туку не е дозволено да се отвараат кармини кои не се тестери бидејќи имаше претходно се жалеа многу кармини се употребувани и вратени назад. Затоа постојат тестери. Сепак дали карминот бил потрошен или не,не е битно, битно е дека си зела кармин кој не бил тестер. Затоа тој се поставил така. Не го оправдувам неговото однесување тука требало да настапи персоналот на ДМ и да ти помогне да си одбереш кармин кој ти одговара. И DM во Веро Џамбо има многу малку персонал. Двајца седат на каса и нема кој на кого да му помогне, да го упати убаво.
Немаше Етикета на него , и плус повеќе од пола беше потрошен . Јас незнам како некој би се осмелил да ги вади етикетите. Ц ц ц ех каков народ сме
Еми тоа е... такви се времињата. И зошто да не влегуваш пак во ДМ ако не си нешто крива, ќе си влезеш слободно и готово.
Како и да е, можел само да ти напомене дека тоа не е тестер ( кога веќе така му налага работата ), а не дрско да ти се развика. Не ми е јасно како си дозволуваат така? Па ти си потрошувач, ај што не помагаат во изборот, барем да имаат контрола на однесување. Не знам, во последно време кога ќе влезам во ДМ, обезбедувањето буквално токлку безосетно те прати во чекор, што се чувствувам непријатно. Влегувам таму да се релаксирам, да си разгледам и да се подновам, а тоа не можам да го направам кога некој константно зјапа во мене. Разбирам дека тоа им е работа, но сигурно може подискретно да го изведат " следењето ". Не знам, навистина ме изиритира тоа што вработен си дозволил да ти се развика и да биде дрзок. Не си украла нешто за толку драматична реакција. И навистина нема зошто да не одиш, јас на твое место не би влегувала повторно на истата локација, инаку нема ништо што би ме спречило да купувам производи на Балеа и Алверде
@bubic.k, ако си отворила кармин кој имал капаче јасно е зошто вработениот изреагирал (во ДМ кармините кои се тестери немаат капаче, не знам како е по другите парфимерии) но во никој случај не го оправдувам неговото викање.