Денес наминав до Дм, и верувајте кога го мириснав гелот за туширање од кокос и ананас се заљубив. Немам нешто поубаво мириснато во животов, ми иде да го пијам. Беше на попуст 69 денари, и дефинитивно следната недела ке земам уште еден пошо пишува Limited edition. Да не имате видено дали има вакво млеко за тело,путер или лосион ?? И бидејќи се уште сум во потрага на некоја убава нуде нијанса на кармин, на брзање мислејќи дека е мат кармин го земав сјајов, ама да ви кажам не згрешив. Многу е добар, баш нијанса како што сакам, и што е најбитно не се лепи устата.
Постои таков лосион ама за жал јас сеуште го немам начекано кај нас. Знам дека го донесоа уште одма кога излезе, ама се раскупи одма и веќе го немам видено. Беа околу 99/105 не се сеќавам. Ептен убаво мириса, ама повеќе не можам да го најдам. Па еве апел до @dm drogerie markt носете повеќе од она што забележувате дека се троши. Имам впечаток како за џабе да пишуваме по темиве, кога ништо не се исполнува. Барем за она што ве замолуваме по форумов обидете се да го доставите во маркетите.
Да, крема за лице е и е наменета исклучиво за (многу) сува и чувствителна кожа. Цената во ДМ е околу 190 ден за 75 ml, но во Зегин е поевтина. Ова ми е веќе 5 или 6 пат како ја прекупувам, ја користам веќе 2 години и сум презадоволна! Совршена е за сува кожа, нема подобра од неа
Спреј за осветлување на коса од Балеа и маска за коса. Си барам некое млеко за тело, погодно за ладни денови. Некој предлог?
Јас зимно време секоја година го користам на Johnson baby bedtime lotion, според мене едно од подобрите млека за тело
@kate89, за нормална и комбинирана кожа наменета е Bianca, ама колку е добра навистина не знам. Цената е иста како со Rosa, 190 ден.
@kate89 Лосионот е особено добар за зимскиот период. Пакувањето од 300 мл. долго го користам земајќи го предвид фактот дека со мала количина ја хидрира кожата и ја прави мека и нежна неодолива на допир. Кога правам план што ми е потребно за нега на кожата за сезоната што следува овој лосион е првиот производ што го вбројувам на списокот неопходни.
Баш така, секогаш користам и други млека, но еднаш во годината му се враќам Плус мирисот е прекрасен. Мислам дека кој и да го користи има само пофални зборови
Драга наша, ова е Limited Edition колекција од Balea која е пристигната во одредени количини и со распродажбата истите ќе бидат заменети со сосема нови производи кои ќе ги следат зимските мирисни ноти. Од целата колекција..и геловите за туширање и лосионите за тело има сеуште залиха во сите наши продавници, доколку сакаш слободно посочи ни која продавница би ја посетила а ние ќе ги провериме количините. p.s. започната е трoнеделна акција со намалени цени и до 35% на повеќе од 150 dm марка производи. Геловите за туширање чинат 69 денари Целиот каталог достапен на следниот линк http://www.dm-drogeriemarkt.mk/mk_homepage/ubavina/568014/aktuelno_ii.html
Ветуваме! Докажан квалитет во Германија по најповолни цени. Попусти и до -35% на одбрани производи од асортиманот на dm марка во периодот од 21.09 до 11.10.2015. Преземи го каталогот: http://www.dm-drogeriemarkt.mk/mk_homepage/ubavina/568014/aktuelno_ii.html
Нема никаков проблем, затоа сме тука BaleaCabana Dream лосионот за тело сеуште го имаме во сите наши филијали, но Tropical Sunshine го имаме само во филијалата во н.Тафталиџе и ТЦ City Mall. Убав ден
Последно нешто што си купив од dm, и тоа баш денес се следниве работи кои ми се потребни за наредниов период: Единственото кремче што во ладниов период можам да го ставам на лице како подлога и да не ми предизвикува акни. Единствената пудра за лице со многу достапна цена која ми има доволна покривност, прилично погодена нијанса и не ми прави проблеми на лицето. Прв пат ми се случува да истрошам пудра до последна капка (додуша сите ми биле околу оваа цена, па или не сум се грижела ако остане малку или ми се расипувале пред да успеам да ја дотрошам). И едни пастили/бонбони за кои не можам да најдам слика, Nord Wind се викаат и се супер!