Би те замолила да споделиш од кој ДМ ја зема кремата на Балеа, ја барав минатата недела во ДМ кај Беко ја немаше, а би сакала да ја купам. И секако како си задоволна досега од истата. Благодарам однапред
Од тетово ја купив од Палма мол. Ок е би рекла обична крема.Мрсна но брзо се впива.Едино по неа пудрата потешко се размачкува.
Одлично и така кожата ми е невообичаено сува периодов и чувствителна, мислам дека ќе бидам задоволна. Фала за брзиот одговор
Леле ја мислев дека е регенератор за коса хахах.Сега пак ја видов сликата и видов дека е млеко за тело уствари.Фала на одговорот како и да е
Извинете поради квалитетот,камерата ми е тапа.Си купив два гела за туширање,сакав да го пробам и овој Фрутини,а Адидас веќе имам користено претходно.Инаку Фрутини мириса преубавооо
Сетче со дезодоранс и парфем. Секако, не за мене. Поклон за 8-ми Март. Го најдов за убава цена, а во Космо цените во воздух.