Креончето супер Сјајот е супер Маскарата некако не ми е добра ептен е мала четкичката. Предходно ја користев од Alverde, таа беше топ.
Кремава за раце.Ја користам веќе подолг период. Ова ми е веќе трета туба.Презадоволна сум.Рацете веднаш ги омекнува и мн убаво мириса.А и што ми е најбитно не содржи парабен и слични штетни состојки кои на широко ги избегнувам во козметиката. Отстранувач на лак од ebelin.Континуирано го користам нивниот обичен отстранувач во шишенце ,но овој пат го земав овој кој е мн попрактичен. И не создржи ацетон. Моливов за уста е феноменален.Мек е и мн лесно се нанесува.Го пробав еднаш и во комбинација со иста таква боја на кармин,но еднаш го нанесов и само моливот на цела уста.Одличен е и во првиот случај и во вториот. Четкиве на Гош ги обожавам.Премеки се и мн квалитетни.Ниедно влакно до сега ми нема паднато од ниедна нивна четка.Конкретно оваа ја земав за нанесување пудра.Не користам мн пудра,но во ситуации кога ставам мислам дека ќе ми врши одлична работа.Ја испробав и мн добро ми ја размачка пудрата низ цело лице. И оваа моно сенка.Одлична е!!Пигментирана и со убава структура.А и нијансата на бојата мн ми се допаѓа. Исто од овие сенки имаа и мн убава крем нијанса и во план сум и таа да ја земам. Во глобала задоволна сум од маркетот ДМ.Имаат широк асортиман на производи за сечиј вкус.И ми се допаѓа мн и делот за органска храна. Само имам замерка што кај нас не ги носат сите производи што ги има во др. ДМ маркети во странство. И замерка во врска со производите кои ги ставаат на акција.Ги ставаат на акција,но на таквите производи обавезно нешто им фали.Или се со поминат рок,или фалични.Така да кога е нешто на акција во ДМ избегнувам да го купувам.
Завчера ми е земена на попуст беше и оваа четка за пудра и уште една за сенчање на сенки мислам дека беше.Јас оваа што ја земав последна беше ,но носат одма нови. Конкретно оваа 380 ја платив.А вистинската цена би требало да и е 400 и нешто.Провери можеби уште се намалени. Јас сум мн задоволна од нивните четки.И мн лесно се чистат,со маслиново масло најубаво.И после тоа како нови се,ни влакно не им фали.
@mirandaa Колку го купи моливчето на Макс фактор?Се мислам подолго време дали да купам , имам едно го добив со сјај на поклон ,темна боја , ама многу ми е суво.Бојава е феноменална на ова твоево
300 и нешто е, бидејќи купив повеќе работи не се сеќавам точно за ова,но мислам 350-360дека беше. Јас го видов на другарка моја и прво мислев за кармин се работи,а кога ми кажа дека е молив се изненадив.Предобар е,мек и лесно се нанесува и на цела уста и во комбинација со кармин.
Го има ли некој користено лилјаковото лабело? Дали мириса убаво, дали помага? Од јаболко и цимет веке го имам добро е, ама сакам и друго да пробам...
Многу е убаво, јас го користев минатата зима. Мириса на бадем/шеа путер, нежен е мирисот и не остава боја. Доволно е хидратантно, ми беше одлична заштита од сувиот воздух. Омилено ми останува Балеа Сензитив, ама и ова е навистина супер, би го купила повторно и јас.
Сензитив е плавото пакување. Безбојно е, мириса нежно, некоја ванила/бадем нота и мене ми е фаворит од сите на Балеа кои сум ги имала.