@Oxymoron исто и јас така би го опишала, ич не сум задоволна баш од тој, пред тоа користев исто од алвдерде само спреј беше тоа, и бев многу задоволна кога ќе се испотев мирисав на свежо, а ролонот го купив намерно за во зима оти ми беше ладно кога ќе се напрскав со спрејот. сега пак планирам да купам некој од спрејовите, ај ако сакаш постави слика од тој од балеа да видам кој е. a инаку еве за кои ти зборувам спрејови - од овие сум презадоволна и супер се за на лето. некако озвежуваат и најважно не мириса, баш тука на фемина ги фалеа некои девојки. јас го имав тој со плаво и розево капаче, тој со плавото поубаво мирисаше, а во план сум да си го земам машкиот
Јас се угушив од него. Убав е, не иритира, штити, ама мене мирисот ми е ужасен. Го ставам и бегам од купатило. .
Јас покрај ова сакам да прашам и каде можам да го најдам овој спреј, зашто веќе некое време го барам во повеќе ДМ продавници и никаде го немаат
Балеа имаат повеќе дезодоранси без алуминиум, означени се со лепенка на капачето или на самиот производ. Освен оној што го спомнала @kjukli, без алуминиум се и следниве: Spoiler Јас го имам овој:
Овој не е класичен деодоранс. Не штити повеќе од 2 часа. Повеќе е како спрејче за тело, а и пишува дека може да се употребува на цело тело.
Што и да е, мене ми врши работа Има део во името, па затоа го нареков дезодоранс. Мене ме штити повеќе од два часа, и многу повеќе од рол-оните на Алверде. Плус, наведов уште многу спрејови во спојлер, па се надевам ќе најдеш некој „подезодорансен“
Морав да те надополнам, да не се разочара. Ги немав пробано на Алверде ама после твојов коментар и нема.
Се повеќе ги користам производите на Алверде како дел од препаративната козметика, презадоволна сум и приметив дека кожата ми е далеку почиста и посвежа кога редовно ги користам.