@theunforgiven Освежувачот е добар доколку се користи во помала просторија и на пониска површина (комода, работно биро). Има дискретен и долготраен мирис. За во поголем простор не е на наменет.
Алверде лабело невен Сенсилис масло од бадем Катрис пудра камена Алверде маски за коса био арган,био бадем 5во1 .
Здраво на сите, еве што последно си купив токму денес *така да уште не сум пробала сѐ, 1. Крем- масло со јасмин (сеуште го немам пробано ама наскоро ќе ви кажам како сум задоволна) 2. Кармин за усни (овој кармин заедно со моливчето на крај ги имав ама вчера бев на стадион да гледам Македонија- Италија и ми ги земаа на влез...) 3. Светкаво лабело за усни, ова е лимитед едитион лабело кое дава светкав ефект. Има убава розе боја и фантастичен м ирис (малку отворив да го ѕирнам ама го немам пробано) Откако ќе го пробам ќе пишам. 4. Маска за комбинирана кожа со јаболко, првпат ја земам од љубопитност и сеиште ја немам пробано. 5. Пудра во прав со четка/ оваа пудра е иста како онаа минералната само што е во четка со што се олеснува нанесувањето. Едвај чекам да ја пробам. 6. Маскара за волумен која веќе ја имам користено и ми се потроши, плус маскара за волумен од новата колекција која има интересна силиконска четкичка и едвај чекам да ја пробам. 7. Молив за уста кој како што веќе ви кажав го имав ама ми отиде јабана. Сѐ ова земав на попуст затоа што во ГТЦ ДМ има попуст на цела Алверде (не знам дали во сите ДМ). Мислам дека беше 20% на скоро сите производи. Поздрав п.с. сестра ми вели дека ДМ профитира само од мене ахахаххаха
Нормално дека го употребувам според упатството, ама не гледам некоја голема разлика... Може и до косава е, хаха.
Ајде да се самоцитирам со импресии од производите. 1. Кремот од јасмин е убав, иако мене повеќе ми се допаѓаат путерите за тело затоа што се помасни и поубаво негуваат. 2. Пудрата во прав во четка не е толку комотна како што мислев. Кога ќе стиснеш излегува поголема количина. Инаку квалитетот на пудрата е екстра и одлично матира. 3. Лабелото за усни е фантастиќно. Дава преубав нежен светкав сјај како за преку ден и благо бои во розово. Мириса боженствено. 4. Римелот оној црниот со силиконск четкичка е многу прецизен поради малите запци. Како што реков четкичката е силиконск а ане од влакна и е доста прецизна. Иако за мене најдобар останува оној сребрениот на сликата. 5. Маската за лице е многу убава, баш за комбинирана кожа. Во меѓувреме го купив регенераторот за коса за фарбана и шатирана коса и многу ми се допаѓа, како и еден руж за образи розева боја кој е исто така многу убав и траен. Се надевам ќе ви бидат од корист информацииве.
Здраво драга цената беше 189 или 198 денари не ми текнува точно ама тие беа бројките . Оваа навистина вреди да се земе, многу е подобра од сите други кои сум ги земала досега од алверде. Поздрав
Од колекцијата на Балеа т.е. гел за чистење лице кое е за сува кожа(ако може слика)? Сакам да и купам на братучедками.
Јас ја имам пробано оваа колекција и бев задоволна од сите производи. Наменета е за сува и осетлива кожа. Конкретно како гел немам користено, можеби друг некој ќе сподели искуство, но за миење на лицето и отстрануавње на шминка ги препорачувам и пената и кремот и водата(редоследно првите три од сликата).
kremava e super 120 denari e ima so jak miris na kokos i omega 3 i 6 i kanola maslo racete gi pravi nezni
Црни маскиии, мнооооогу црни маски Првиот пат кога ги донесоа не успеав да ги начекам, ама во истиот период бев за Германија и купив од таму. Ми вршат работа за тие пари, па кога ги видов вчера дека ги има, си купив повеќе за резерва