Од овие деодоранси кои ги има во ДМ може да кажам дека оној на алверде е класик го земам секое лето,на база на триетил цитрат, природен, убав и многу свежо мириса. Оној Бен и Ана ми е последно откритие и мислам дека најдобар део кој досега го имам користено. Издржува буквално цел ден комплетно природен на база на сода бикарбона, шеа путер, каолин и етерични масла.
Природниве дезодоранси Ben & Anna претпоставувам дека си ги земала од ДМ во Германија? Не се сеќавам дека ги имам видено во Македонија, а одамна читам позитивни мислења за нив и баш би сакала да ги испробам.
Просто не ми се верува. Или ги има подолго време а јас не сум ги забележала или е некој новитет. Читав дека доста ги фалат тука на форумов, особено оној pink grapefruit и си намислив да го пробам. Ќе го барам деновиве во ДМ. Фала ти на информацијата!
Секако драга, во секое време. Потврдувам дека Pink grapefruit е фантастичен. Иако мене најубав ми е оној со ќедрово дрво кафениот. Неможам да престанам да го мирисам.
Јас го купив Balea styling locken lotion светло портокалово и мириса на праска но не знам како се користи.Пишува дека се става на сува коса и се притиска со пешкир и сега го направив тоа ама не гледам ефект...Дали треба да почекам некое време или на друг начин се користи?Помогнете ми ве молам,имам природно виткана коса ама до сега ништо немам користено и секогаш ми е бушава,сакам да почнам да си ја негувам ^_^
Јас го користам долго време на полу сува ставам не скроз сува коса, ама нанесувам со рацете и така ги притискам локните
Освен мицералната вода, сите овие продукти убаво ги истражив и заедно околу 1200 ден мислам Сега за сега задоволна сум