Ми се случи истото во ДМ, од една страна и тие не се криви што сите крадат тестери и незнам уште што и сигурно ги притискаат секјуритито да бидат повнимателни, поефективни и овие си земаат за право да се однесуваат дрско. Јас гледав сјај и зошто немаше тестер, сите беа собрани, си го отворив сјајот да го видам и тој веднаш стои позади мене ме гледа, како криминалец се чувствував и само ми викна, девојче тоа тестер е ? и јас НЕ, не е тестер и си заминав без да купам нешто Денот ми се расипа, можеше поубаво да ми пристапи, а многу се повредувам при вакви работи.
Девојки, дали го имате некаде видено ова сунгерче за течна пудра? Го побарав во Веро Центар, во Тафталиџе, и во Сити мол, ама го нема.
Тоникиот за отстранување шминка за нормална до комбинирана кожа од Балеа Отстранувач на шминка околу очи од Биотен и воопшто не сум задоволна Маскара од Римел со арганово масло
Откако ќе ја измиеш косата, нанеси на врвовите. Многу полесно се фенира и обликува косата со помош на млекото и остава многу пријатен мирис, мене ми трае до следното миење по неколку дена. Внимавај на дозирањето - ако нанесеш преголема количина, веројатноста да ти се измрси косата многу побрзо од вообичаено е доста голема. Мала количина или малку повеќе од пола истиснување мене ми е доволно, имам средно густа коса неколку прста под раменици.
Може, секако. Само повторно внимавај на дозирањето, да не нанесеш премногу. Кога количината ми е мене премногу, тогаш само ми се мрси косата, инаку е сосема во ред, ја прави косата мека, лелеава и миризлива.
Balea White Passion - лосион за тело и гел за туширање. Гелот е сто денари, а лосионот сто и пет денари. Се изненадив од трајноста на лосионот за тело - многу долго му го чувствувам мирисот низ облеката, има лесна структура и најважното според мене - не лепи по нанесувањето и брзо се впива. Си купив неколку, тотално се заљубив во мирисот кој патем не знам зошто, ама ме потсеќа на некое малку поовошно издание на мојот омилен Џонсонс бејби со лаванда. Многу свеж и пријатен мирис, задоволитетлна трајност и одлична цена. Штета што се лимитед едишн, некако како непишано правило е, сите продукти од лимитед едишн им се најубави. Нема да можам да ги преболам.
1.Balea крема за нега на рацете со мирис на рози и лаванда, 79ден 2,Eveline - Ехтрим гел ефект за нокти, 130ден 3,Пудра L'OREAL Infallible 24h, 665ден(на попуст)