Заокруженава е нај нај што сум сретнала, песните баш новогодишни, пишаното ко песничка со рима. Од бебе ја има мојов, ептен ја сака, веќе ја знае и на памет. Таа на Супергрл е катастрофа, со духови, поентата е ОК ама никако не е за мали деца, па и тоа звуците ууууууууу
Женски, за бебево и за големиот скоро 6 год, предложете продавница од каде да им земам новогодишна облека?
Sinsay во ист гејт. А има и во ваикики, за 6 год џемпер со новогодишни мотиви а за бебето имаш да бираш, од шпикозни, до бодиња до фустанчиња.
Знам за таму ми текна, ама не сум вакцинирана, и викам некоја страна да не има. Ама ваму па ќе си видиш на лице место, број, модел, не може човек да се опушти по моловиве, да се прошета ќе појдам со бебе, па ако ме запри полицаец, ќе се извадам со бебево. Ваљда не проверуваат насекое, или кој ги знае…
Искрена да бидам за син ми не знам веќе дали вреди да инвестирам во скапи играчки. Верувале или не, омилени играчки му се 2 од по 100тина денари. За тие најмногј што сум дала, не ги ни погледнува.
Дај тогаш идеја некоја музичка што се движи да можам на под да ја ставам да и привлече внимание за да почне да се врти. Абер нема да се сврти со телото.
Исто, по мое сите се такви, јас и по големиов гледам, не ги ферма играчките, ден два колку да види како функционираат и толку. А дека прво дете гледавме квалитетни, убави играчки претежно од Крш. Или се заигрува со најевтиното количе или со пластични чинии, безвеза нешто. Туку да прашам еве мајки на поголеми бебиња, што имате по дома, да вреди и бебе/дете да се радува, интересно е да му е подолго време.. Нели сакав топката од Енци менци да ја земам, таа light crawling што е, ама поназад неколку страни ми кажа една мама дека не вреди. Што препорачувате вие?