Од каде се земени работиве за заштита на втората слика? Мое искуство за тоа топчето на првата слика претпоставувам од Џамбо ти е земено. Син ми го доби истото само плаво од баба му. Гумата горчи ужасно. Го измив убаво, го исушив. Му давам да си игра, само го допре до уста направи една фаца, среќа одма му го тргнав. Го лизнав и јас и се испотресов дека ќе си го отруев детето. Пак миев, сушев, џабе, горчи!
Да од Џамбо, го виде и сама го зема ама сеа дома нешто не го тркала баш. Ако не го бива ќе го баталам негде подалеку од нејзе. Штитниците се дел од Пренатал во Ист Гејт а дел од Џамбо. Само што ги наместивме по плакари ќе видиме колку ги бива. Тие за струја се утка у сам старт. Не пасуваат на штекери, лабави се и паѓаат.
The Entertainer во Ист Гејт. Свети, има музички, звуци со животни и микрофон да збориш/пееш на него. Нешто како караоке машина ама плус активности.
Штитници за штекери имам купено од сто места, од ниедно не пасуваат…затоа од тик ток барем нешто корисно научив…капачето од шмукалчињата со овошје што се…го одвртувате го ставате во штек и воала…што се не испробав, само тоа ми делува…плус моево дете не може да го извади
Стварно заборавам да сликам Новогодишните подароци отворени и испеглани се ова нешто ситно денес што купивме
Ваљда зависи и од штекерите. Еве јас истиве ги имам, па едвај јас ги вадам со кабелот што сакам да го приклучам..
Тие за штекер од дм се добри ама скапи се доста. И синко еднаш ме виде и научи сам да ги вади. Потоа влечеше пегли фенови и до штекер стоеше. Сега имам од алфи и јас едвај ги вадам. 10 се 60 денари. И по железари барајте, бриколаж итн. Од дм беа некаде 200 денари 6.