Знам. И ние бевме такви првите 3 месеци. Ама од оваа перспектива мислам дека и за галење и нанкање плачела.
Да не му давам по 120 ?! Обично еднаш на ден ми се фаќа толку да бара. 600-650 на ден му се фаќа да пие
Сега баш отвориш јас каде што имав запишано за моето, тогаш уште беше на комбинирано, ама еден оброк само мајчино, точно на еден месец во еден ден испило 600мл вештачко, 70 мајчино, друг ден 620 вештачко, 140 мајчино..значи денските оброци му биле по 90 а вечерните два по 120, па ене го олкав дечко е од една година..немавме никаков проблем
И ако не прифаќаш совет ќе ти кажам. Не секогаш кога плачат значи дека се гладни,може го боли меше му се спие сака да го шеташ и нишкаш. Пример на мојот колку и да му дадеш он кога ќе му го тргнеш шишето плаче и јас се мислев дека плаче за уште. Педијатарот на таа возраст ми кажа ако му давам 120 мл да давам на 4 саати. Ако му даваш на помалце ќе му биде тешко на мешето и од тоа ќе плаче.
Абе коа барам совет ( а сега побарав) и те како прифаќам. Да, коа му давам 120 тогаш не му давам барем 3 ипол 4 часа. Другчие ми плака коа сака да се шета, игра... Јастелитко е бебево, тоа е факт. Ама морам малку у строј да го ставам. Ме скарна и др. Појќе од 1.200 ми качил за 30 дена. Нека префрлат модератори у соодветна тема
Не знам што да ти кажам, ти пак на крај можеш да даваш, ама 120 па и 90 е премногу за 1м бебе. 90 ако пие треба на 3 часа и ни минут порано. Знаеш колкаво желудниче има бебе од 1м, колку едно поголемо јајце, епа види ти. Можеби и пишува на кутијата 120мл, ама тоа на 3-4ч, а ти му даваш на 2ч, за 2м ќе треба по 250мл да му даваш за да го заситиш зошто ќе му го прошириш желудничето. Башка што големи се веројатностите дека ти плаче баш од прејадување, тоа сега со грчеви се справува ти уште му додаваш млеко. Не знам, мое мислење е дека 120мл е премногу за 1м бебенце.
@Bubce38 120 е дефинитивно премногу. 90мл на три часа цел следен месец. Ни милилитар повеќе. Колку сака нека плачи, ќе плачи ќе преплачи. Бебе е тоа, ќе си плачи за се нешто.
За бебиња кои се на ад си има табела колку мл треба дневно. Твоето не е ни големо родено, па да правиш исклучок или да кажеш гладно е. Сум читала некои мајки велат дека и самото млеко не им било хранливо на бебињата, плачеле пред да дојде време за млеко.
На Хипп Комбиотик е моево. Да не треба да го мењам?! Лелее, нерва ме фати сеа. Да не правам нешто јас многу погрешно?! Како да знам дали му е хранливо ова млеко?
Има тема за адаптирано млеко и таму има мислења повеќе. Јас дојам и немам големо искуство, има мајки кои повеќе ке ти помогнат. Сум читала дека аптамил било погусто и подолго ги држело сито. Не грешиш не може на сите бебиња едно млеко да им одговара.
@Bubce38 моето од раѓање беше со АД и секој ден накачував по 10 мл плус..толку брзо кревав на мл , за 3 недели пиеше 90 на секои 2 и пол часа. И остана на тоа следните 4 месеци. Потоа 120, и сега има 1.5 година пие 150мл. И јас се плашев од гојазност, месечно креваше од 1200-1500 гр. Ама докторката не ме искара никогаш, ме убедуваше дека со време ќе намали. И навистина испадна така. Воопшто не е дебелка како што замислував.
Терај си со ова млекце ако редовно си кака и мочка и нема чести грчеви и повраќања. А за количината како шо ти пишале, нека е 90, па следно зголемување нека е постепено. И мојата така плачеше и јас си викам за млеко е и и давав плус. Ама секогаш во консултација со педијатарот...нејзин совет ми беше....ако давам 60мл пример и ми плаче како недојадена, тогаш може да зголемам на 75мл ама постепено. Еден оброк 60 друг 75мл наизменично. Па после некој ден ако пак плаче 75 мл со 90мл. И когабќе дадам пример 90 да чекам строго 3 часа да поминат. Со тек на време ќе намали со количина не се секирај. Еве мојата на 6м максимум пие 120мл.