Мајки, може постот не е за тука ама да прашам. Што добивте од кумовите кога се роди бебето или па вие кај што сте биле кумови што сте купиле. Сега сме кумови и стварно не знам што да земеме, златно нешто сигурно ама плус уште нешто? И злато се дава кога ќе се роди или на крштевка? Ние мислевме количка или креветче ама веќе тоа земале од на сестра и бебето... За машко бебе се работи
Гледам и чајче за грчеви си земала. Да ти предложам едни капки од Еурофарм да си земеш. Прво со нив да пробаш. Од одма коа ќе дојдете дома
Мајки да ве прашам, на страната на инста на georgekids.mk има облека од брендовите next i matalan па ме интересира како се со квалитет и цена некоја да не прашала?
Фала мила , обавезно ќе ги земам Треба повеќе вакви препораки за нас што се запознаваме со мајчинство
Не знам каде ќе се пораѓаш. У Чаир препорачуваат Бекутан за грчеви ( врска немаат), некои си мултивитамини ( јас Не давам тоа) , козметика Логона и пливит ( јас давам д3 маслени). Ако планираш да доиш земи си од одма и чај за доење. На Хипп имаш добар.
Златно и јас за син ми добив кога се роди, сите што му дадоа злато кога се роди го направија тоа. Ние дадовме злато кога дојде кумашинот по име. Инаку добив алишта. И пари оставија за бебето. Прашај релаксатор дали им треба. Тука имаш цени од 3000 нагоре и можеш да купиш за колку ти одговара.
Ние бидејки живееме во странство за раѓањето не добивме ништо.Кога го видоа прв пат му дадоа пари а за крштевката добивме облека, злато и пари.Исто така машко ми е бебенцето.
На раѓање доби облека многу, нешто за сега, нешто за поголем. Играчки и пари. Можи да му земите релаксатор ако немаат, облека, пари..