Сигурно знам дека нема да ги слушам препораките .. ја веќе одлучив за се што ќе давам , сакам да пробам да дојам ама сепак не знам како ќе ми оди па затоа земав АД од Хипп , ќе го земам и чајот за доење помага за лактација така?
Хумана мене ми беше подобар. Ама за доење чајот е само помош, потреба е едукација и психички да бидеш спремна дека можеби ке биде потешко. Ако сакаш да доиш, откажување не треба да ти е во речник додека не пробаш се. Секогаш постои шанса доењето да ви е како песна, чајот не е ни пресуден дали ке доиш. Помага ама и без него ке успееш.
Јас имав решено дека нема да доам. Ама на цимерката и носеа уште у болница ( она лежеше втора недела ради друго) и многу беше задоволна.
@MilaSs12 @Oneo имаат и релаксатор. И мене ми текна на пари ама па немам идеја колку. Знам дека е според можностите и битно е вниманието но не знам колку би било прикладно. Значи останува нешто златно, пари, облека.. дубак ако немаат, да прашам
Дубак јас не користев. И релаксатор џабе го купив, да ми е паметот не би купила, дали пет пати го ставив. Алишта земи за различна возраст. Нешто за сега нешто за пролет, па и лето.
Помага одмор,мн течности,смиреност,редовна исхрана и бебе на града нонстоп првите денови па и недели.Самиот чај не помага магично сам по себе Ова од мое две годишно искуство со второто бебе и 5 месеци сега со ова бебе.Јас чај само два пати се напив и толку.Немав никаква потреба од него.И без него имам млеко.
Можеш и хранилка или игрална, околу 3000-4000 ќе најдеш стварно убави. Кога бев кума за прв роденден и крштевка дадов златни обетки, облека за да ја облечам во црква, торта и во договор со мајката бовча облека, ме кошташе околу 4000 денари. За мојата кога ја крштевавме добив облека за во црква и 100 € подарок со напомена дека тогаш не и беше роденден.
Јас се дрогирам со лактамикс и пак немам доволно, на комбинирана исхрана е. Муабетот ми е самиот чај нема да ти биде пресуден Има едно милион фактори. Читни нешто, едуцирај се и се надевам дека кај тебе ќе биде полесно. Исто така би сакала да ти кажам нешто што можеби некој требаше на мене да ми го каже од почеток - не е крај на светот ако пробаш се и едноставно не успееш да доиш Психата е најважна. Јас се оптеретив со тоа дека сакам бебето да ми е на ексклузивно доење, уште на глава не застанав а 2 недели не напредуваше во килажа.
Исто и јас како членката горе мноогу сакав малото да ми е на екслузивно доење и за една недела не качи на килажа ( ми кажаа во болница дека е дехидриран) кога не дадов воопшто формула, и еве сеуште сме на комбинирано од страв (давам минимална доза од 30мл).. Муабетот ми е, само упорност доколку сакаш да доиш, па и грчеви кога имаше секое цицање вриштење буквално, на раб бев да се откажам, но еве сеуште цицаме а и имам надеж дека некогаш ќе се префрлиме само на доење. по 1л на ден пијам лактамикс и плус хумана ( ако најдам низ аптеките) или хип - два три пати на ден. И лактил капсули пијам. Единствено што би сменила сега би го посетила курсот на Наташа ( doenje_so_ljubov ) пред пораѓај
Ова курсов на Наташа она ти праќа материјали па кога можеш ги слушаш/читаш? Ако е така, со некој да поделиме да го земеме заедно Може е глупо, извинете
Кога се роди, купив како за повојница, 2 пара шпилхозни, 1 троделни тренерчиња, 3 бодиња, тропки, балонче и торта. Секако пак во рамки на пристојното како од кума, но да не ме кошта ѓавол ипол. Искрено да ти кажам За крштевка со роденден ме чинеше 200€. За прв роденден од 4000-6000 (второво уште го немаат крстено) Купивме хранилка од енци менци на попуст 3400 и тренерчиња и играчка.
Мама нека биде се како што треба и со лесно да ти е . Кога ќе се роди бебче ќе си видиш како ќе биде. Јас имам две дечиња кои се сосема различни. И со двете бев решена на ексклузивно доење. Постарото беше толку мрзливо за цицање и многу брзо се лутеше на града а млеко имав од почеток. За него пиев чај мешан од билна аптека и користевме плус дохрана бидејќи што се не направив за да цица ама мрзата беше преголема.Тогаш немаше некој да ме подучи да се измолзувам и од тоа да додавам. Сепак не се откажав и доев до 18 месеци. Со второво ме породија со провокација ама млеко дури после 5ти ден. А ова машала лакомо и беше реално гладно. И со него почнавме со дохрана до 1 месец. Тогаш качи повеќе од кило ипол и решив да си продолжам само со цицање. Сега сме 6 месеци и напредуваме супер. За него пијам Лакта Микс и капсули Лактил ама веќе почнувам и да забушавам понекогаш.
Изгор ги препродаваат, на секое парче повеќе од дупли се цените, отворете на страната на брендовите, не би препорачала. Супер за бизнис идејата Едноставно, не се исплати, прескапооооо.
Прво, ич не ти е глупаво прашањето, само немам одговор во тој контекст. Друг ми е муабетот. Колку е цената на тој курс? Ако вистина ти донесе успешно доење можда вреди. Оти со доење повеќе ќе заштедиш него АД и шишиња да купуваш.
Кога се роди од кумата доби торта за јадење, торта од памперси, боди (испечатено Кумата ме сака волку многу), комплет троделен, пижами, колекција козметика, чорапчиња, мече и лигарче. За крштевката доби облека еден куп работи (во вредност од 100е, јас си ги избрав уште пред да се породам) радосница, играчки и патики, а и алиштата и бањарката за во црква.
50 евра. Јас мислам дека вреди да се инвестира, но тоа требаше да мислам порано, може не е многу, но сега на крај некако покрај другите трошоци мене ми е многу
Не е крај на светот и одпосле можеш да се советуваш. И тука ќе ти помогнат. Ако има членки што имаат повеќе инфо можда во лп ќе ти пишат.
Ние добивме многу гардероба кога се роди значи да не претерам не требаше ништо да купуваме со месеци. тропалки, неколку играчки бебешки и пари ни дадоа ама индивидуално е ова, секој со можностите. После за крштевката ни подарија торта, облека пак (која го вклучуваше и комплетот за крштевката, ова како адет било) и пари