да, барем ја до сеа што купувам одговарало. освен купачите ги нарачав од 6-12, ама многу ми се гледаа мали па ги сменив за од 12-18, а бебе е скоро 4 месеци сеа , друго што сум нарачувала ми одговарало
исто, исто, тој од пошта веќе ми се јавува секој ден и ме прашува како сум и дали ќе излезам за пратката не прашува ни каде да дојде, другарчиња сме
Прееска му праќам слика на маж ми каков спреј за носе да купи, ама сликата од он лајн аптека. И пустиот видел кошничка на сликата и вика - а и ова ли треба да го нарачаме, не ли може да се купи во аптека Уплав веќе од нарачки
Од пошта ми ѕвонеа еднаш и ми викаат имате 6 пратки у пошта оти поштарот на нашиот реон имал ковид и да си ги земеме од пошта, и му кажувам на мм, ко слушна 6 пратки му се стемни. И ми вика "и се е за бебето нели" ... Е нели ние веќе небитни
исто и мојот, јас му ги праќам кај него на работа поедноставно ми е и ми пишува пред некој ден пак стигна некоја нарачка, олабави малку
Мене смс ми праќа курирот од Ин пошта Радевски И на име се викаме,јер стална муштерика сум Да носам пратка или да ја чувам ден два? во превод …маж ти дома е или да не носам денеска
Па не баш, зависи од производот. Му порачував хеланки 12-18, сега ги носи на 7 мес, а фармерки исто 12-18 се поголеми од хеланките во ногавиците и пошироки во половината И блузичките, маичките се многу широки, мислам дека во вреќа ќе биде кога ќе му ги облечам на лето (9-12 величина).
Пантолони и фармерки долги му одговарат на возраста, пантолоните кратки ми се кнап, маичките по долги прешироки, веројатно пролетните на есен ќе му се точни. Му нарачав и тексас јакна демек за пролетва, ама по се изгледа в година ќе ја носи. Ич не ти помогнав.