Izvinete za docniot odgovor…gi zemavme od Baby Center, a isto ima i vo Geox prodavnicata vo City Mall.
Мојата девојка почна да изразува желба да спие на перница (и досега спиеше де но на многууу ниска од тие бебешките) Дали некоја мајка ја има и како сте задоволни? За 2год дете да не е превисока? Дали да извадам дел од полнежот?
И јас секој пат си викам уште ова и толку. Ама стварно толку ќе биде веќе. Залихи направивме за до година и пол а мама ако не оди веќе на работа нема луксузи, тато ни по рационален трошач Ми стигнаа и некои нарачки од Швајцарија и заокружуваме тука.
Може е малку, не знам искрено. Знам за првото кога купивме исто земавме на Дормео ама беше my first pillow и беше бајаги потенка. Не ми текнува до која возраст не се користеше перница.
@anngelique од каде е постелнината , со оградица е така? Мајки од каде да земам сталак за кадичка , дали е универзални за сите кадички, значи ми треба само сталак
Не е со оградица обична е, од маалска продавница за текстил од типот на стружанка ја земав. Иначе за корито и сталак и јас се распрашував мора да си одговараат од иста серија немало универзално постоље за било какво корито. Јас земав од Либерта Бебе Центар
Овој го зедов супер е, некое најобично корито имам распар ги земав, ама го носев коритото на лице место дали ќе фати
Препорака од педијатар ми беше додека самото дете не изрази желба за перниче да не го ставам,а од ортопед после наполнети две години може на перница. Ние сме веќе 2год и од пред месец дена почна да сака на перница да спие. Барав од трослојните на Дормео но веќе ги немале.А полнежот на оваа може да се вади од навлаката и така за почеток пола полнеж ќе го извадам со цел да е пониска па ќе видам дали ке и одговара па накнадно ке дополнувам или ќе вадам од полнежот.
Ова последното може да се користи до 36м? Како така да видов на кутијата едит: го најдов на веб страната, како столче се мести после