И ние ја имаме истата и сум задоволна, мека е и добро впива. Ние имаме само некоја средна големина, некако ја израсна еве на 6месеци. Исто и ело першкирите можам да ги пофалам. И голем е од ело.
И јас истото лигувче го имам. Мојава ич не го сака, одма го вади, како да ја стега, дека малку круто е. А слатко е, јадењето внатре да паѓа, не на алишта, ама ај разбери се
Од Waikiki ли се панталончињата црвенки? Има ли уште попуст 20% или до вчера беше да не знаеш? И ipanema сандалчињата како се за одење се лизга ли ножето напред? Сакав да и земам на поголемата ама до сега само затворени носела не знам овие дали се подобри?
Да, се е од Ваикики во Рамстор. За попустот ко да видов на каса вчера дека е до 4ти ама не сум сигурна. Но и да нема попуст мислам дека не беа нешто скапи, идат во пар со белите. Ипанема ептен и се погодија во споредба со едни од Окаиди што и ги купив. Ептен се меки и се виткаат убаво кога оди. Бројчињата само им се чудни т.е имаат помал калап од тоа што вообичаено носи. На пример тие од Окаиди се 22/23 и и се големи а овие исто 22/23 и се таман. Од Кеги патиките и се 22 и малце и се големи бидејки во моментов идеално носи 21. Така да најубаво со пробување на лице место за да не се утне бројчето и да им бега ноџето.
Не знаев каде да го поставам прашањево па ај тука. Ми треба помош, не можам да се одлучам помеѓу овие 2 фустани. Вие што мислите?