Задоволна сум од Dr. Brown's. Од Ремедика ме советуваа за Медела Калма, но воопшто не беа како што ги рекламираат. Многу брзо ми се расипаа, а скапи се. Тогаш се префрлив на dr. Brown's, а за второто почнав да ги користам од старт со тоа што докупив цуцли со соодветен проток.
Така ти се погодило, не е точно, еве 5 месеци го користам и функционира како првиот ден, башка има посебен начин на склопување може тука грешиш
Авентот не е на тој принцип, има мал проток, ама сепак капе, калмата мора да повлечеш. Јас не би ја менувала калмата ако ја прифаќа таа. Не знам за друго шише кое тече само на повлекување.
@V.N. првите ги нарачав од george kids, а вторите од Тритекс се @Mucika моето воопшто не повлекуваше со тоа калма. Плачки и нервози беа. Сменивме шише ( значи ова беше на почеток дури ми надојде млеко) , и беше подруго, но сакам и да напоменам дека бевме на ексклузивно доење потоа , немаше влијание шишето врз синко, само се мачевме со меделата.
И јас првото шише го дадов авентот пошто меделата не ја склопив ко што треба, а во болница си пиеше без проблем од нејзе. Научив како се мести и ја користевме додека не укапира дека цице е послатко и несакаше од ништо друго да пие, па сега и со авентот се мачиме од време на време. Ако се работи за доење и дохрана, мене ми личи калмата како подобро решение од причина што нема да му биде "полесно" и нема да го преферира шишето пред града и за да се намали ризикот од одбивање од града. Ако си тера со калмата не би менувала, ако има отпор тогаш да.
@Eli23 georgekids next se, ако имаш некој да ти нарача супер вака има голема провизија. Јас дека слатки избрзав, инаку можат да ми донесат од Малта, така и ќе правам отсега Да ве прашам, цуцлите bibs ги стерилизирате ?
Од Филипс Авент после тоа земавме многу шишиња пошто слабо пие млекце мислев да не е до шишето ама пак се вративме на него до детето си е.
Ве читам за шишињава и сеа сум збунка. Јас за ќерка ми имав на томи типи, многу малце го користеше само за чај кога имаше грчеви и нешто ситно вода кога почна да пие па брзо се префрли на чашка со клунче. Сега исто би земала нешто за до 6 месеци, па за понатаму ќе видиме како ќе биде. Ме интересира која е разликата во шишињата на томи, др.браун, авент, медела итн
очигледно зависи од детето ја имам и на нук и на томи типи, ги користам и двете и тоа од прв ден, давам капки така со млеко мое молзено, или кога искачам и даваат исто мое млеко, ќерка ми не прави проблем со ниту едно шише пие од двете иако се различни, исто така не сум имала проблем ко што читам тука да им е полесно од шише па да нејќе да цица, си цица од прв ден и цело време паралелно користиме различни шишиња, сега добивме на поклон исто со различн отвор горе на нук платично и од тоа почнав вода да и давам, пие и од тоа
Дефинитивно е до детето Моето со иста сласт пие буквално од секое шише. Дел од нашата колекција на шишиња
Ве молам идеи, што им се најдува на децава (конкретно девојче) за подарок што ќе го користи понатаму? Освен алишта што ќе ми биде од корист? Стварно немам идеи
Точаче, онакво за туркање седи и треба со ноџињата да се бутка - не знам како се вика , проодувалка, куќарка со меки коцки, сложувалки, играчки за форми да ставаш во нив. Или ептен за да остане и да се користи за понатаму нешто златно, ланче, привезок, обетки.