Еве само што ми стигнаа плетенките, експресно брзи беа. И мене само за предната страна ми требаше 600 денари е 120 на 20
Во креветче не е препорачливо ништо да се става.Поради ризик од задушување.Воздухот треба да циркулира слободно.Башка прашина фаќаат перничињата мн. on topic
Капчето мама ептен ми се свиѓа. Јас морав да ставам оградици, бебе се џитка со глава на сите страни е дрво, и со оградиците пак подзаплачува.
фала од Pepco е,Србија. За другото те разбирам,ама не и се плаши толку.Мора да научи со тек на време што е добро а што не.Ќе се удри неколку пати и ќе сфати дека боли.Следен пат ке е претпазлива .И кога заодуваат паѓаат мн,ама паѓајки учат како на газе да паднат а не директ на глава.Мојата два пати си штипна прстите.Сега знае каде е бељата и вели не не ,немала да пипка пак таму.
Да да така е. Ама кај мене креветчето е освен со решетки има и хоризонтална даска кај шо завршуваат долу решетките, над душекот т.е. душекот иде пониско и се гледа даската која е со рабови. Па под оградицата ставив и тенко кебенце
Незнам за која тема е прашањево, да не знаете каде има од оние ко штитници од сонце за во кола што се лепат?
Јас те разбирам. Мојава е скоро 3 години и сеуште има многу активен сон и силни удари. Твоето е сигурно поголемо бебенце кое веќе почнало да се превртува. На новороденче до 5-6 месеци не се става ништо оти ниту се врти ниту има сила да се мава силно, а потребна му е поголема циркулација на воздух. Јас оградиците ги земав кога имаше 7 месеци, во неправилна форма се и сеуште оставам малку простор измеѓу. Посебно ако ти се во еднаква висинска форма, не ги оставај без малку простор измеѓу. За ова бебе сеуште немам купено, чекам да видам прво дали воопшто ќе ми требаат.
Како новороденче до 5-6 месеци не се врти? Мојава 3 месеци е, на секое будење обратно е свртена од што сум ја наместила. Главата кај нозете обавезно При вртење си ги глави нозете меѓу решетките и од што силно прета се удира во дрвото. И јас ништо немам ставено од страв да не се загуши случајно, ама не знам дали да ја оставам уште малку да се 'поднаучи' дека не треба така да прави или сепак да ја заштитам си нешто
Јас би ја оставила. Јас имам извадено се од креветчето од 3 месеци. А ја оставам на сред креветче и обавезно е некаде извртена. Се удара, не викам не ама не треска со сета сила, се нема повредено до сега
Обично, најчесто околу 4ти месец почнуваат со вртење. Може да почне да се врти, па потоа месец дена да не се сврти воопшто. Мојата на 4 месеци почна да се врти, па наеднаш скокови, чуда, заби и следно на 6 месеци почна регулар и до сеа не е престаната. Сега на 3 месеци, нема сила да се повреди, и да заглави ноџе може да плаче дека ноџето заглавило, ама нема сила да го повреди. Најубаво е ништо да нема потреба да се стави, ама ќе си следиш секако, сега нема потреба да и се секираш мала е многу, ако има потреба понатака ќе си купиш, најубаво некои неправилни форми што ќе дозволат поголема циркулација на воздух. После 6 месеци пролазуваат, коските им зацврстуваат, имаат поголема сила.