Фала мама. И многу е практична. За на одмор е совршена ама и за секој ден. Од локо кроко ја земавме 6790. Многу лесно со една рака се склопува и има опција да се вози како куферче. Може и во авион под седиште да се стави а и во кола малце место фаќа.
28ма недела... сеуште немам ништо купено освен две комплетчиња мојата свекрва (меѓу кое и цуцла ) и две комплетчиња мојата мајка. Дали вие купувавте се сами? Дали бабите настојуваа " што да му купам, што да му купам?" Некако дури имам страв од периодот што следи,дали ќе дојдам јас на ред да купам тоа што сакам освен бабите
Се сама си купив.Од цуцла до креветче.Онака како што јас си имав желба.Ни не помислував да оставам друг да бира место мене.
Кај мене бабите купија доста облека за првиот месец и сите работи ги износи, и ние си купивме што ни требаше, сами си биравме. Мерак им е нека купуваат.. А цуцла мислам сепак треба вие да одберете, јас добив на подарок цуцли и шишиња, лично сметам дека тоа треба да е избор на родителите зошто не секое бебе ја прифаќа секоја цуцла.
Во право си. Мерак им е...затоа и несакам да им велам ништо. А што ни треба покрупно, како што кажа ќе гледаме сами да си одбереме и купиме
Измешани ми се чувствата. Некогаш си велам во себе си претеравте , покасно си велам ајде мерак им е. Само да успеам да воспоставам крајна граница
Мерак им е. Што ќе користиш, користи. Не гледам причина за лутење. Купувај си и ти што сакаш и кога сакаш, независно дали некој друг ќе подарува.
Комбинирано. Најчесто заедно биравме, тие инсистираа да платат. Преубаво си поминувавме на тие шопинзи, види ова види она, колку пари само потрошивме на синко. А носеше се по 3 недели. Сами избравме количка, баш сами, ги отеков со избор, па ме баталија, којзнае колку пати бев да гледам. Си купував и сама секако, купуваа и тие сами. Најбитно е да уживаш и да не се замараш, алишта да се памук, прекратко се носат. Количка креветче козметика памперси релаксатор бирај си по твое, ама штом сакаат да помогнат со плаќање, супер.