Кај мене свекрва ми ме праша претходната недела што да купела а ја 36 недела веќе купено се, нормално нема да чекам на нејзе во 9месец да ме праша 80% од работите поголеми и облека ми се од другарките кои веќе имаат израснато деца. Искрено многу ми значи што сите се понудија и ми дадоа доста сочувани работи, а и секоја недела купуваат сите по нешто што им се свиѓа. Јас од 20 недела почнав купувам од мерак и само нарачував од нет Мислем дека бебето има повеќе извор на облека од мене
Ако веќе сакаат да купуваат ти им кажи што да купат што не. Нормално дека тоа што тебе ти е желба ќе си го купиш
Дел купивме ние, дел моите, дел свекрвата. Последниот пат кога купувавме демек само коритото свекрвата да го плати скоро се плати, желба имала таа да плати, се радува многу само јас си одбрав што ми требаше.
Ех,ова е тоа што ме плашеше. Таква си е жената и кај мене Нешто ако сакам јас да си го купам, и нешто ќе земе и таа на пример и на крај кавги на касата и ќе плати се! Тука не се снаоѓам најдобро да кажам тврдо НЕ, ова јас сакам да го купам. (се разбира, тоа е супер што ни купуваат но некогаш и ти сам да си го направиш меракот) Ништо, наредно само сама одење по продавнички и толку а што ќе купат- грабај и бегај
Многу ти благодарам за одговорот! Баш во едно сите мои мисли и прашања во главата што ми беа Ќе гледам да си го применам ова
Дааа, тоа е супер. И јас радо би прифатила така од другарки и братучетки секако зачувани работи секако. Да, кога им е мерак, нека купуваат. Тоа го заклучив додатно поглавните работи јасно и гласно ќе се заблагодарам за заинтересираноста,но ќе си гибо Да, тоа би било добро решение така да постапам
Мајка ми купуваше шо и е беше по мерак. Шо користам, користам. Шо не, си стои у кутија. Си купувам и јас шо ми е мерак и тоа си го користам
за мене ова нема смисла.Купување,давање пари а на крај прашина фаќа во кутија.Или нека купат тоа шо ви се допаѓа или нека не купуваат ич ако немате намера воопшто да го користите.
Да ама иди објасни се дека не ти се свиѓа.. и мене не ми е по ќејф да ми стоат така и сум кажала најмалце 50 пати у шо сакам да ја облекувам ќерка ми и ми се избацува со нешо сосема различно
Не знам как да пишам па ај овде. Го има ли некој овој инхалатор и како е задоволен? Или некој добар да ми препорачате
Немам искуство со овој инхалатор, но имам со друг од истиот бренд и не сум задоволна. Се расипа по 2 користења, го однесовме ни го заменија со нов и тој цркна по 3. Моментално имам од Omron, сега за сега е супер.
Моделите што ги имам и Emed и Omron, имаат маски за деца и за возрасни. Но не се вака џиџани како тој што ти го стави.
@kostovaivana го има овој. Јас имам друг на емед и океј е, задоволна сум, макар шо досега 2 пати ни е користен само. Ако си во можност, земи омрон (не знам која цена е, претпоставувам дека е малку поскап од овој) сигурна сум дека е подобар.
А што ви е толку проблем за љубов на баба да дотерате дете еднаш? Нормално ако е памук и ако е соодветно, не среде лето у волна или најлон некој, ама мерак ќе и напраите ептен а тие за внуци па живеат. Мене свекрва ми какви ми донесе од маж и золва, стари со години, па го облеков неколку пати колку да и направам мерак и ги кренав, големо чудо. Само да е памучно и соодветно на возраст и временска прогноза, нели.
Не ми е проблем воопшто, ги има облечено неколку пати за мерак и сега стојат у кутија и соодветните за возраст и временска прогноза. Има и поголеми бодиња шо ќе ги облечам кога ќе дојде време од мерак. Ама нема да и ги облекувам секој ден затоа шо мене не ми е мерак. Компромис