Со овој конкретно не ама од истиот бренд имам купено од Зегин уште кога се роди првиот син и сеуште е во функција и за бебе. Значи 10 години мука нема.
Облека сама, цуцли, козметика, постелнина, коритце... Креветчето го биравме со мм го платија моите, заедно со даска за пресоблекување. Количка исто биравме ние, ја платија неговите. Релаксатор, каков што сакавме купи золвата. И плус некои комплети и ситници најмногу мајка ми купуваше, но претежно ме прашуваа дали ми треба и какво.
Ништо земав друг. Добео што кажавте готова бев да тргнам да го зимам ми се виде интересен за бебенце.
Епа џабе што е интересен тогаш Јас мислев помалце борба ќе е така ама коа се размислив со ова дете борба ќе е со било каков.
Мене ми е проблем. Поготово како членката што кажала што сака а што не, и пак и носат од тоа што не сака. За љубов на баба нека носи сенешто,за љубов на дедо нека си апне ќебаче,за љубов на чичо нека пивне од пивцето... Јас директ им го враќам назад и им викам сменето го или ајде заедно да го смениме. И нема потреба да се трошат за нешто што ќе се облече еднаш за ќеф,тогаш подобро ниеднаш. Ќефови ни сакам да ми прават ни да правам.
Тоа де, компромис. Ама сеа да не претеруваме, ја однесе кај што нема врска едно со друго. Едно е да облечеш боди кое не ти се свиѓа, друго е да дадеш пиво и ќебапчиња. Малку граници.
Членката на која и викаш еде.... што ти е проблем да облекуваш работи за љубов на баба кажува дека најмалку 50пати кажала што сака а што не. Ако и викаш да оди против себе на 50пати повторено што не сака тогаш ова моево воопшто не е претерување.
Јас велам "На подарен коњ забите не му се гледаат". Тие баби купувале за мене и таткото кога сме биле бебиња, не гледам ништо лошо ако сами одберат што да купат за бебето. Никогаш не е на одмет едно ќебенце, Боди, цуцла плус. А тоа што велите дури во 36 недела ме праша, за некои повозрасни нормално е такви им се сфаќањата, чекаат прво да се роди бебето. Може ќе ми се смеете но и јас имав некој страв, до 22 недела (втор скрининг) не купив ништо. После 30 недела почнав да купувам. Се си мислев ќе се случи нешто лошо и после психа ќе ме мава полн стан со бебешки ствари а бебе нема. (Не дека во 40 недела не може да се случи нешто) Ги гледам сликиве за женски бебиња, ви завидувам. Се надевам второто ќе е женско, ќе ја пукнам од дотерување, за машки ми е многу монотоно некако. Еве што последно купивме:
@Noranora јас го имам и супер задоволна сум. Јесда повеќе јас и татко и го имаме користено за нас кога сме настинати него она ама нема врска. Супер е.
мојата во буквална смисла чекаше да се роди бебето, дента кога се породив она отишла да купи комплетче и кога се вратив од болница дојде и ме тераше да сум го испрала и да ја облечам баш во тоа што и купила иначе ја кога купував баш имав впечаток дека за машки има преубави работи
Проблемот е што друг кога ке ми купи ограничена сум до кој буџет би одбрала.Да сакаше свекрва ми(мајка немам) да купи креветче веројатно немаше да изберам од 33 000 ден пошо ке ми беше пре незгодно да им праам таков трошок.Затоа не дадов никој ништо да ми купува.Купив по мои стандарти тоа шо сакавме ние двајца.
Јас па друг проблем. Ми рекое моите ќе ми дадат пари да си куоам што сакам. Креветчето што го сакам во Икеа веќе го нема на продажба и го најдов за 50€ на старо без ниедна грбнатинка, си купив само нов душек. Кога се напнаа моите, како не ти е срам којзнае кој спиел. Викам аман луѓе бебе спиело, во градинка исто спиеле 50 деца на исто креветче. На крај краеви, даски се тие ќе ги избришеш. И нејќеа да дадат пари тие ќе купиле количка, да не сум купела јас на старо. На крај одбравме заедно од интернет. Еве слики од креветчето и количката купени пред месец дена.
Сериозно нови алишта не му ги облачате на бебе затоа што не биле по ваш мерак, на вас не ви се допаѓале? Не можам да ве разберам, шо има за недопаѓање кај бебешка облека? Син ми од раѓање е во облека од деца на роднини, кои женски (розеви), кои машки. И шо има врска? На ниедно парталче немам најдено маана, нит купено, нит веќе носено. Какво е такво е, ќе си го носи. Да не треба да му купат кошула со позлатени копчиња за на вас да ви е по ќеф да му ги облечете? Бог да чува
Јас пак купував мешано и машки и женски аллишта и какво и да биде нормално ќе му ги облечиме ахахах...најсериозно и јас не бирам ама воопшто. Само да е се во ред та како ке сме го облечеле ичч мака