@nevermet18 еве јас не би му облекла нешто што не ми се допаѓа. Не земам ни веќе носено. Зошто? Зошто така сакам јас. Носено немам потреба да земам кога има доволно негови работи, повеќе ќе му се најде на некој кој не може да дозволи ново. А нема да му облечам нешто што не е по мој мерак освен евентуално за по дома ако е ептен лесно. Розево т.е лилјаково, црвено, портокалово тие што ги сметаат за женски бои сум му облекувала и јас ама само она што јас сум го бирала. Нема тука што да се чудиш, наши деца, наши одлуки
Ок, сега кога поубаво размислив, јас не му облекувам кошули и елеци, а има еден куп кошули добиено на поклон. Така што ваљда зависи од контекст.
Јас бирав во буџет. Прашував колку и бирав од листа што ми треба. Количка сами си купивме, релаксатор избрав од моите, лулка од свекрва ми итн. Алишта што не ми се допаѓале давав по други повојници, а нешто му облакав за по дома. За слики си имав алишта бирани по мој вкус.
А зошто да се чудиш? Тоа не е ни од инат ни од ништо не ми се допаѓа со причина и одма кажувам зошто не ми се допаѓа,кратко,долго,тенко,дебело,ккопчиња,ластици,накинџурено... и најчесто велам заедно да го смениме сепак некој дал пари без разлика дали е 2000или200ден. Кога нешто пак ми се допаѓа исто кажувам дека е убаво. Исто секогаш кога сум добила пари за да и купам нешто откако ќе купам одма им покажувам што сум купила за нивните пари. За мене примање подарок што не им се допаѓа и тоа што го облекуваат еднаш детето за да им пратат слики 'еве го облеков многу е убаво' и после да се се фрли во некој подрум не ми е компромис туку лицемерно. Откај џабе ги потрошиле нивните пари па уште живеат со мислата како имаат ист вкус па дури и им допуштаат да бараат стари работи за нив бидејќи им веруваат дека се тоа ќе се носи. Зошто?! За да им направат ќеф? Поентата е да се износи тоа што ќе ни го донесат а не да стои во пакети.
Баба ми од преголем мерак дека ќе стане прабаба отишла во рандом продавнички и изнакупила облека (неколку комплетчиња) по нејзин вкус. Ај што не ми се допаѓаа туку и материјалите не им беа убави, некој нерастеглив памук, чуден плиш и слично. Не ѝ кажав дирекно дека не ми се допаѓаат зошто ми беше непријатно, ама кога виде што имав јас купено ми рече еве ти сине пари да купиш и од тие убавите алишта што ги купуваш А јас од Ваикики, Окаиди, H&M купено значи ништо посебно, ама виде дека и вкусот ми е поинаков од нејзиниот. Толку знаела жената, прошетала по маалските дуќанчиња и купила што ѝ се допаднало. Не сакав да ја навредам само ѝ реков дека е доста, да не купува веќе зошто имам. Од комплетчињата само едно искористив што не ми беше така лошо, другите ги чувам некаде ќе ги подарам. На други блиски им кажувам ако не ми се допаѓа, но најчесто и ме прашуваат пред да купат, или ми даваат фискална ако сакам да си заменам. И да, носиме и second hand од братучеди облека што е 2-3 пати облечена и сочувана исто како нова. Нормално, тоа што ми се допаѓа, ако не ми се допаѓа враќам. Не гледам ништо лошо, само заштеда на пари.
Јас па на пример имам многу специфичен некој вкус и поразличен и те како од мојве. Први што купија беа мојте. Од боденца до оградици до постелнини. Од све по нешто. Мерак прво внуче. Таа среќа у очите никад нема да им ја заборавам додека ми покажуваа. Ни на крај памет не ми беше да им ја кршам. Исто и со од на мм. И од блиски луѓе нешто ми се свиѓало поише нешто помалце. Не сум им кажала, роа што ми е по мерак сум го купила тоа што не го носела по дома, за спиење итн. Носено не сум и облакала ниту сум зимала од проста причина што има алишта за извоз па почнав јас да давам кое и е облечено еднаш кое ниеднаш. Овој период па заби,јадење,млеко,вода... Во денот по 5 бофиња ротирам за да го истераме денот или фустанчиња или што и да е. Уште да гледам ми се свиѓа не ми се свиѓа треба цел дуќан да и го купам за неделата да ја истераме Ништо не и е ако седи саат ипол два (пошто толку издржуваме во едно парче, еве ја стана пред 44 мин веќе се пресоблековме пошто утоп се напраи со млекото) во нешто што не ми е по мерак. И тоа што ми е по мерак е ишлакано со секакви јадења, млека и овошје и што уште не. Такада ...
Јас па сеуште немам сретнато бебешки алиштенца кои не ми се свиѓаат. Можда некои ми се помалку практични, евентуално од понеквалитетен памук се , па таквите поретко му ги облекувам. Што купив до сега купив. Од сега ќе си носи строго од братучетчето Цели вреќи алишта имам дома. Греота ми е да фрлам пари за нешто што ќе го облече еднаш два пати. Јас купувам многу за внуците , сега веќе водам сметка дека за брзо ќе го носи и синко па се опуштам и купувам појќе по мој вкус
Чисто информативно да споделам. Тие што користете Виолета пампрес и оваа лето го има лебедот. Прекрасен е ние лани од Еурофарм го зедовме.
Мамички лентички за коса за бебушка од која продавница да најдам? Да не биде онлајн само Али нарачав ама уште ги нема да стигнат…