Ајде поискусни мами со тазе бебиња да ве замолам за совет. Читав дека авент филипс шишиња и цуцли биле најдобри за новороденчиња, па кое од овие шишиња и цуцли да ги земам за почеток
Искрено за претходното имав на томи типи, ама тоа беше пред 10 год и сега сум пак из почетка и поима немам до кај се стигнати работите. Дали томи типи, чико или авент незнам која е најдобра опција. Ги предложив овие бидејќи некако најфорсирани се. Ако има некој предлог за нешто друго слободно нека ми пише
Јас од цуцли ги имам и бибс, и авент soothie, и авент овие шарените и плус една друга на Филипс што ја даваа во Ремедика (ја земав од аптеката таму) многу слична на soothie, малку помала и полесна и таа ми ја прифати најмногу, од сите овие е најмала, можеби затоа. @tatjanasakalieva од сите продавници каде што барав, Ело имаат најголеми и најцврсти гнезда.
Лажливките ок, може и таа зелената Калатеа што вика, помала дека за на почеток е полесна. Шише ако се дои јас би медела калма. Ако е на ад, тогаш авентов 0+ е добар стварно многу го фалат или ако не се погоди др. браунс да пробаш.
Планот ми е да дојам, па ќе видиме како ќе испадне. Првото го доев и шишенцето ми користеше многу кратко само за чајче
Па што знам, може и такво. Стварно не сум паметна, па овие како најзборени ги предложов не дека мора некое од нив да биде
Ова е од Џамбо 499ден купено и е доста малецко, што би рекла јас легенче . Касно видов ама имаш за истите пари поголемо во Кам.
Цуцли најдобри bibs и frig ги имаш на kidsandco имаат и шишиња од bibs само што немам искуство со нив ама сигурно се добри, шише користам од Philips Avent и Tommee Tippee (стаклени)
ја го купув од локална цвеќара 300 ден беше, ама намерно го купив најмалото за на плажа иначе дома имаме поголемо @nevermet18 види на бит пазар братучетка ми и купи ептен голем базен за до 5 години за 500 ден
Имаме таков голем, ама ме убедуваат дека бил многу голем за него, да сум му купела ептен малечок. Ја божем до горе ќе го напунам да се удави детето.
хахахах мене тој што ми го донесе братучетка ми стварно голем ми се виде, ама мојата е помала и уште не седи сама, а и на одмор сме сега и имав замислено да го носам на плажа и затоа отидов помало да си купам, ама твојот е поголем не ти треба вакво мало, јес да овде кај шо купував имаше 4 димензии од истово базенче