MKD 53.72 20%OFF | New Baby Nail Care Trimmer Electric Kids Nail Pedicure Clippers Cutter Infant Polisher Scissors 3/6pcs Grinding Head For Newborn https://a.aliexpress.com/_mMVebuq Повели
Јас што ги гледав под 1000 нема достава и не знам скапо е вкупно околу 2000 за прибор од али или ќе најдам и тука за толку
Ај пробај дали ќе ти отвори линкот MKD 53.72 20%OFF | New Baby Nail Care Trimmer Electric Kids Nail Pedicure Clippers Cutter Infant Polisher Scissors 3/6pcs Grinding Head For Newborn не е скапо мислам 10 денари е достава.
На али експрес има, снаа ми порачуваше. Мене ми го отвори линкот, ама тоа е за ноктите, членките бараат прибор за јадење како што сватив.
@shz https://m.aliexpress.com/item/1005003278307230.html?spm=a2g0n.order_detail.0.0.7b2c6d76QWDkOJ За 17 дена ми стигна.
Кај нас што најдов поточно на kidsandco само тањирчето е 1000 ден .. btw од кога може да се користи хранилка?
Од прв оброк среќо, затоа се советува да почне да јаде откако ќе почне да седи зошто како иначе бебе кое не може да седи би јадело, нели, не е правилен падот на храната и може да се задави. И мој совет ти е од прв оброк со вас на маса во хранилка за може да го сфати концептот на јадење нормално, ве гледа вас јадете, јаде и тоа, нема да има посебни драми околу храната. Јас до 3г немав никаков проблем со јадењето со син ми, апсолутно, од полни 6м до 3г, на 3г фати варичела, имаше уште 3 други инфекции и компликации и оде воз у кукуруз, ама до 3г јадеше се и тоа со нас на маса, без цртани, телефон и играње циркуз околу него.
4 месеци имаме не седиме уште затоа иначе одма би ја ставила у хранилка сега за сега у релаксатор и давам он е доста подигнат.
Јас сметам дека 4м е прерано, како и педијатрите кои го гледаа моето дете, ама ако ти си добила амин од доктор онда ок. Пробај легни и јади ако ти иде тебе онда и на бебе му е ок ваљда.
И јас почнав со дохрана со полни 4 месеци. Прематурче беше, на ад, не креваше многу на килажа, и педијатарот ми даде зелено светло за дохрана. Со оглед дека не седат на 4 месеци сеуште, јас ја хранев потпрена на перниче, под агол. Ако ви одговара во релаксатор уште поубаво. Секако сеуште не јаде сигурно којзнае колку, пробувате вкусови. Од 5 месеци ја ставив во хранилка ,во полулежечка положба. Од 6 и пол-7 месеци ја седнував во седечка положба во хранилката.
јас почнав на 5 ипол со дохрана, ја ставав во транспортер и така и давав, после 6 ти негде купивме столче за хранење и почнав да ја седнувам под агол, она дури сега почна сама да седи под 90 степени во столчето, прво се фаќаше за послужавникот и стоеше така , а сега и без да се држи си седи и и го подесувам наслонот веќе и под 90, мојата е 7++, вие можеби сте многу мали сега за хранилка, рани ја како ти е згодно, ама муабетот ми беше ако чекаш скроз да седи може да биде и покасно, затоа според мене се купува хранилка на која се подесува наслонот
И јас ја хранев врзана во подигнат релаксатор. Почнавме со дохрана на 4++ заради тоа што не качуваше на килажа.
Поврзано со муабетот, ме интересира тоа некачување на килажа е под оние препорачани 20-30 грама на ден или? Се извинувам за оф топик ама додека најдам соодветна тема ќе заборавам кој пишал.