@velesanka од бутик во Битола, Барби и Кен мислам се викаше. 1950 е цел комплет со ќебенце, боди на кимоно, боди на куси, комплет долни и горно со долги ракави, бенкица, чорапи, лигавка, капче и нараквици. Имаше и поевтини комплети по 1300-1500.
Некои се подароци некои јас му ги купив додека сме во МК. Бодињата од Синсеј ме разочараа големо бројче му земав кај вратот не се шири материјалот, не му влегува главата. Ранчињата ми се омилени, големото подарок од сестра ми, малото јас го земав за да му носам кашички додека сме излезени, ги чува ладни иако беше на сонце некое време. Многу се добри.
Буби од која возраст може да се корити баланс точаков? Незз дали да купувам.Мојот има точно година,прооден е пред два месеци,оди стабилно.Незз кога би било време да почнеме со баланс точак?
Мислам дека се уште мали. Тета од мерак го купи ама ќе си почекаме за него. Некаде прочитав од 18 месеци дека може а некаде од 2 или 2, 5 години. Ама сепак ќе кажам најверојатно индивидуално од дете, во однос на висина, развиена моторика... Така бар јас мислам, може грешам
Во ваикики едвај најдов кога ми требаа, и тоа од 6 до 12 земав, а едвај и беа точни на бебка кога имаше месец..
Многу интересно. Прв пат гледам. Девојки, има ли некоја проџектор со музика и ѕвездички што се вртат да препорача?
Имаме ние на Чико со неколку мелодии приспивни и се менуваат бои ама да ти кажам ич не е искористено. Не го интересира моево.